Кај сте штипјанки? Денес ви почнува пастармалијада, па упатете не што ќе се дешава, може ќе се предомислам да останам Инку јас студирам тука неколку години, но секогаш игра на судбина, никогаш да останам, исто ко и годинава, па 3 дена споен викенд, си сакам дома да сум со либето. Слушнав нешто кој, како ќе пее, но еве штипјани нека не упатат за повеќе.
Вечер Синтезис, утре Кад би био бјело дугме, во сабота Харис Џиновиќ. Ова се главните успат ќе има и други настани, како трка на келнери, најголема пастрмајлија, ќе има и други групи и изведувачи и така...
ајде феминки повелете на пастрамалијадата а и на мак фестот,како што кажа феминката пред мене вечерва се Синтезис ,утревечер бјело дугме,и сабота вечер Харис Џинович, па повелете дружете не позз до сите што ке дојдат и убаво да си поминат
На пастрмајлијадата супер беше. Убава пастрмајлија имаше, а и многу народ. Сега оваа зима актуелно ќе биде во Мистик и Ајс. Често одам за Штип. Некако ми се засвиѓа градот.
Чудно но и мене ми се допаѓа Штип,дали Штипјаните се некако фини како народ,едноставно тој град има некој посебен шмек,сум слушнал дека го викаат малиот Париз
Да и тоа заборавив да го кажам, како народ се многу фини. Имаат убави штипјанки и добар ноќен живот. Јас еднаш-два пати во месецот одам во Штип на шетање и искачање преку викендите.
За Штипјанките друже немам збор убави,дотерани,шарматни и мене ме плениа со нивната едноставност и гостопримливост.
Вечер е Сораја во Мистик. Само ме интересира што ќе прави таа таму. Знам дека не знае да пее, па што би правела. Може би седела само на ВИП сепаре.
Леле Боже... Видов вчера на плакати дека ќе доаѓа Сораја... Нема да пее, ќе се клати и ќе зборува глупости... Ја донеле за да собере повеќе народ..... Само еднаш бев во Мистик од коа го отворија пак, и никад више...
Кој ќе иде па на вреќа силикон. А зошто не идеш во Мистик? Јас имам идено во Ајс и Енџелс, но во Мистик не сум бил.
на таква незнам кој ке оде едноставно можат да донесат бенд шо ке отсвират и мн поубаво ке си поминеме него на оваа сораја и картата 200 денари за вештачка стралета
Не одам во Мистик, зашто последен пат кога бев, за малку фалеше оро да заиграат внатре присутните..... Музика од типот “За сина да наџем мајку, не могу никада...“ и луѓе шо се палат на таква музика... Ту мач е тоа за мене Сега откако го отворија Мистик, Ајс се растерети и многу поубаво е, а за Енџлс нема збор, доброто е што сега се мешаат луѓето, има секакви генерации, порано беа многу мали..... Ауу ракче не викај така, поминав со кола покрај Мистик, вриеше од коли и народ... Имаше многу попалени по старлетата Спојлер денешен модерен збор за орос*ија ...
Во Енџелс последен пат кога бев (септември негде) многу малечки дечиња видов таму. Све малишана. А во Ајс убаво е, пуштаат музика каквва што сакам. А во Мистик ако пуштаат српско и македонско и јас нема да идам.
Зашто сега вакви муабети правите за ноќниот живот во Штип,знаете дека многу сакам да отидам да го осетам градот како пулсира навечер.
^^ Сораја пеела во Мистик.Сега видов слики Инаку во градот има само 3 дискотеки,другото све е кафулиња.Кафичи се отвараат секој ден и сите се полни.Мене лично во Logo ми е најдобра атмосферата
Сега е мешан народ, има и постари. Вито не ми се секирај, јас не те водам у Мистик, ќе одиме кај што е убаво. :geek: Штип има две дискотеки, не се три. А Сораја пеела? Зар она и пее? Wow мулти-талент...
Пола Скопје во Штип на забава, што е тоа што се разликува Штип од Скопје по ноќниот живот. Ко божем Скопје нема дискотеки.