може некој да ми наброи некои места како на пример : бабите,промајата,едносмерната и слично ... сакам да останампод стан но не сум баш упатена цигано (наспроти пренди итн.) каде се наоѓаат ноќните кубови? дневната шема - кафичите? кои се..?
Бабите е далеку од центарот, немој таму да бараш стан. Околу половина час пеш отприлика. Барај кај промајата или едносмерната, во тој круг, ако сакаш да си ептен блиску до центарот. Циганот е веднаш до златарата Саве, доколку знаеш каде е. Веднаш до Вип салонот има скали, од десна страна ти доаѓаат овие продавници. Кога ќе влезеш во тунелчето веднаш од лево ти е циганот. Кафичите позади трговскиот (Нова, Версај, Алиби и најновиот не ми текнува во моментот како беше) и покрај новиот кружен што го направија кај Стопанска банка, на почетокот на едносмерната (Сквер, Лого, Милд и Арт кафе е под едносмерната, до Балкан Лукс, поранешна ТТК банка). Пиано бар е веднаш до Тинекс. Хиљадников е веднаш до судот, спроти трговскиот од другата страна. Ноќните клубови - Мистик е веднаш спроти Лого, во Намата. Ајс е веднаш до хотел Оаза. Се надевам помогнав
^И Сајберо И ова спроти Стопанска од другата страна преку мостот. Ццц не ми текнува и на ова И во Казабланка се врти некоја кафе шема преку ден. И Кафе Туш па и Канал 77.
Убави украсни кутии имаше во таа продавницата на едносмерната што е,се за 99 денари.Исто така преубави имаше и во..дека не сум од Штип,ќе пробам некако да објаснам На крајот на едносмерната има продавница за играчки,веднаш во продавницата за обувки Ин.
Не сум била никогаш во Штип, али планирам таму да се запипшам на факултет. Има ли некој што издава соби/станови ? Или пак некоја што планира да студира во Штип ?
Се работи за уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник Св. 40 Маченици на 22 март, кога луѓе од сите генерации го искачуваат стрмниот Исар, попатно се поздравуваат со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето, ќе го сонат животниот сопатник. Извор http://www.stip.gov.mk/index.php/mk/profil/kultura/2579-obicajot-cetrse-na-listata-na-unesco
Ех сега и ти,ако така прават во секој град неби било интересно,Штип си е познат по тоа и така нека си остане.
На оваа група на фејсбук објавуваат за слободни станови. https://www.facebook.com/groups/450596468344095/