Баш уникатен Се вика Чет’рсе. Инаку прво се оди до црквичката, па се качува нагоре, на врвот од Исарот се собираат 40 каменчиња, 39 се фрлаат надолу кон реката, а 40иот се става под перница, и се верува дека тој/таа што ќе го сонуваш таа вечер, ќе се омажиш/ожениш со него/неа. Сакав да потенцирам, се поздравуваме со 39 луѓе, а 40тиот го бакнуваме. И чест е некому да му бидеш Четиријска. Преубав ден, првиот пролетен ден, Четириесет маченици, Младенци.... се јаде шеќерна волна и сладолед... Изволте! Карма кафе Инаку “Казабланка“ е преместена, на местото кај што беше “Штипска куќа“, и сега е кафана во старски стил направена и се вика “За Мерак“. Цигано ќе затвора, да му се продаде стоката останата и клуч на тој дуќан, ќе се враќал на тезгата, колку што разбрав... Мистик има пломба 15 дена, не работи. Ниту Мистик ниту Ајс не работат во недела, едино ако не има некоја забава или прослава.... Украсни кутии има секаде, Тинекс, Туш, Андреј компани, кинеските продавници, сите цвеќари.....
Дечки да ве прашам за Bershka,затворена е дефинитивно продавницата или е преместена на друга локација. Пред некој ден дека бев,и затворено беше..
Затворена е веќе подолго време , на нејзино место нешто за обувки ке отвараат ,ваљда пренди, бидејќи делот што беше во пенди за обувки веќе го нема.
За тој во Кубус. Бершка не е затворена, преместена е позади Намата, во редот на цвеќара Маргарита, мислам до сендвичара Попај дека е. Мало продавниче. На местото на Бершка нема да отварат Пренди, туку некја друга кинеска фирма за обувки. Пред некој ден поминав, има превише, надвор не се знае колку кутии имаше.
Кога почнува Пастрмајлијадата во Штип? Бев на претходната и заборавив дали беше пред или после летото...
намата ти е кај сквер кафе а кубус ти е спрема менуваќницата бобо, под нова кафе една зграда со има голема подолу е зегин аптеката
Пастрамалијадата е после лето. Убаво кажа Вито, од 10-13 октомври. Оваа година кога ќе биде сеуште не се знае. Датумот на Макфест оваа година е променет. Наместо во октомври, ќе се одржи во мај. Точните термини сеуште не се знаат. Намата е оној објект што се наоѓа во центарот на Штип. Скверот се наоѓа во Нама, Тв Стар исто, Мистик... Се наоѓа на почетокот на познатата едносмерна улица во градот. Кубус пак е малку погоре од Нама. Жолта зграда. Таму е агенцијата Медитеран, после Кубус почнуваат кафичите што се позади трговскиот центар, Нова кафе, Версај, Алиби, Карма...
Бараките се помеѓу новиот кружен тек и маркетот Туш. Мали дуќанчиња. (бараки ) Или позади Туш ако го гледаш од влезната врата... Ама не знам какви продавници има таму и што се продава. Инаку намаление на чизми има на едносмерната во таа прилично новата продавница, не ми текнува точно како се вика, одма до бутик “Мелоди“. Чизми по 800 денари, кратки чизми како затворена кондура 750 денари, кондури по 950 денари...
Може малку ќе бидам оф топик, ама ако си во можност тркни до Кочани, и таму има бааги попуст на чизми од 400 денари па нагоре.