1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако блиските дознаат која сте на форумов?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од angel92, 4 декември 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    4.508
    Што би направиле ако вашиот идентитет на Фемина, ви е нарушен и ве дознаат кој/а сте? Како се поставувате на Фемина со луѓе од вашиот град? Дали ви е страв да се откривате кои сте? Што би има кажале на вашите другарки/ фамилија ако дознаат?
     
    На Meckicja и yeah им се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Што ако ве откријат блиски личности?

    Ништо страшно, ќе им стане јасно зошто толку време поминувам со лап-топот и толку.
    Мислењата не верувам дека би ми ги читале, а и да ги прочитаат, шта је ту је, додуша и немам некои многу интимни мислења пишувано така да за најблиските ми потполно сеедно дали ќе ме дознаат дека сум член или не.
    Не ми е страв да си го откријам идентитетот, не мислам дека ќе имам којзнае какви последици, но сепак до негде си ја ценам анонимноста, не сакам утре некој на улица да ме покаже со прст „Ејјјј ене ја Најубава2010, она гарант е Петко :talk: :talk: :talk: “.

    А како ќе се однесувам, па никако, исто како и претходно, тоа што сум член на Фемина не значи дека сум член на некоја секта па сум опасна по околина.
     
    На Meckicja, Amona и tessie им се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Што ако ве откријат блиски личности?

    Гоолемо чудо ,тоа што го изјавувам е веќе слушнато и видено ,така да немам никакви стресови околу Јас и Форумов.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Што ако ве откријат блиски личности?

    Јас сум го открила својот идентитет на 2 Феминки баш од нашите краишта, така да не рачунам дека препознавањето од страна на некој би било нешто којзнае колку опасно, иако сметам дека анонимноста колку и да е релативна, сепак додека трае дава поголема слобода во изразувањето, кога сите би биле со отворени профили со конкретните лични податоци т.е. вистинскиот идентитет име и презиме и локација како јузернејм, помалку би се споделувале поинтимни податоци.

    Лично јас свесно немам споделувано на форумов податоци поврзани со моето најблиско семејно-роднинско опкружување, баш од оваа причина, бидејќи полесно ми е да ги сносам последиците од евентуална злоупотреба кои се однесуваат само на мојата личност, отколку да има последици тоа и по моите најблиски, што тешко би си го простила себеси, бидејќи ни се потврди дека постојат секакви личности, имавме и тука злоупотреба на податоци на една Феминка очигледно од страна на друга. Кога сега би креирала акаунт би била уште попретпазлива, тоа сигурно, меѓутоа што е, тоа е, стојам зад изнесеното од моја страна и иако веројатно не би ми било најпријатно некој да ме озборува низ град за нешто изјавено во одредени категории, ќе најдам начин да се справам со истото.

    Иако Фемина и не е единствениот форум на кој членувам. Во однос на тоа како ќе се однесувам ако бидам разоткриена, па зависи и од тоа како разоткривачот ќе се однесува кон мене интеракција е нели, инаку во целина на форумов и натаму ќе се однесувам сосема исто, ќе споделувам онолку колку што сметам дека е доволно.
     
    На Espadrila и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Што ако ве откријат блиски личности?

    И јас го имам откриено идентитетот на 2 најблиски личности (т.е ми станаа блиски личности)
    А ако некој ме познае е тогаш не знам што ке направам ... ке биде интересно за сите :x
    не дека имам нешто страшно но којзнае како ке ги толкуваат луѓето мислењата, од се ке извадат нешто!!
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Што ако ве откријат блиски личности?

    Мене ако ме откријат , ќе биде интересно .. ќе ме части кафе , јас ќе частам дедо мраз чоколадо итн итн

    а ако јас некој сретнам

    ќе се издерам , да ја усрамам пред сите |-)


    "AHA !! IT IS YOU *IME* , HOW DARE YOU SHOW UP HERE LOOKING SO HOT WITH THAT RED SMILE AND DO YOU WANT TO GET SOME COCA-COLA OR WHAT?!??"
     
    На Amona, Twinkles, creshicka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Што ако ве откријат блиски личности?

    Кога почнав да пишувам овде, реков, не кажувам на никој и ќе си ќутам и која сум и што сум. Планирав да си пишувам само во Кафе муабети, во Игрите, оноа, чисто за забава. Арно ама, кога почнав да пишувам, вака или така, почнав и да комуницирам со феминките. На почеток, се држев многу на дистанца, не сакав да се експонирам многу многу....

    Аааарно ама, не можеш да се правиш на Тошо кога со некој ти тргнал муабетот, па ајде, :D Само со тие кои повеќе си живеам им дозволив да си размениме фејсбук, па со некого дури и кафе да испиеме. Не можам и не сакам сосила да се оттуѓувам од луѓето, и баш супер луѓенца запознав од овде. :hai:

    Знаат дека пишувам цимерките, ми знаат и ник, зашто ми е глупаво да се пикам во некој ќош и да се кријам. :D Не се такви да го злоупотребат тоа, дури еве и другата цимерка почна да пишува.

    Една школска ме откри кога читала во темата за Матура, еве ја поздравувам ако го види и ова! Ќе пиеме кафе деновиве, да да. :D

    Не сакам да се кажувам што и како, не сакам да ставам мои слики било каде, зашто прво, се движам во многу голем круг на луѓе, од мојот град, од Скопје, од факултет и сигурна сум дека барем една ќе ме препознае. Друга работа заради која си ја чувам приватноста е што овде сум си ги открила и моите најголеми слабости, некои работи кои ме прават тажна и не сакам секој да се замара со мене. А свесни сме дека многу ќе се замараат, со што и како за мене, па која сум, зошто сум...

    Знам за случај кога мојот фејсбук профил шетал низ форумов, па од тогаш, си ќутам и си ја гледам приватноста. :D
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.739
    Допаѓања:
    24.718
    Пол:
    Женски
    Што ако ве откријат блиски личности?

    Имам пишано и во другите слични теми на оваа за тоа кој знае дека сум на фемина..
    Е сега, на повеќе од тоа не сакам да се откривам сама, ама ако се случи случајно да дознае некоја пријателка, ако ми е така поблиска нема да ми смета. Ама има некои личности што мислам дека би го злоупотребиле ова, па се што пишувам тука би пренесувале, би ми го следеле секој пост и нема да ја имам слободата што ја имам сега. Ма да, многу е лесно да се дојде до мојот идентитет, имам доста информации напишано, ама за тоа некој треба да седне и да истражува, така да тешко.
    А моиве дома, мајка ми и татко ми, искрено не ни знаат што е форум и како функционира истиот, така да за да дознаат дека сум член треба да ги седнат прво на лекција, па после ќе дојдеме до тоа..
    Од сестра ми се кријам, не дека ќе ми смета да знае, ама замислувам дека ако дознае, од досада само ќе ме прати, па ќе каже на дечко и нема да биде само она.. затоа пред неа се кријам и некогаш едвај можам мислење да напишам додека е дома..
    На кратко, ако дознаат навистина блиски луѓе нема да ми е толкав проблем, но за други нема да ми биде баш сеедно,од аспект на слободата за пишување која ја имам сега во критикување на некои од нив,ма да не дека директно посочувам на кого ми се однесуваат работите кои ги пишувам...
     
    На minion333 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Што ако ве откријат блиски личности?

    Мене многу ми е гајле ако некој ме открие. Ха!

    Си го имам и идентитетот откриено. Па што. Чао!
     
    На Meckicja, Amona и glosipgirl им се допаѓа ова.
  10. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Што ако ве откријат блиски личности?

    немам кажано на никого,нема ни да кажам,во случај да ме откријат... незнам што ќе направам :D зависи кој ќе ме открие :?: :lol: само ќе го/ја поздравувам :* :*
     
  11. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Што ако ве откријат блиски личности?

    недај боже
     
    На Lana del Rey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Што ако ве откријат блиски личности?

    Еее аман што се потресувате толку... и да ме открие некој не ми е проблем :) :)
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сестра ми ми го знае корисничкото име, ама не е многу по форуми, па не верувам дека ќе седне да се зачлени и да ми ги чита мислењата. Исто и дечко ми знае под кое име сум потпишана, ама од него ништо не кријам, така што и да ми ги чита - нема ништо ново да дознае. Не знам како би ми го откриле идентитетот, ама ете ако се случи - веројатно би престанала да го користам тоа корисничко име, затоа што не сакам сите да ме читаат и да знаат како во моментов се чувствувам, што проблеми ме мачат и слично.
    Гледам дека некои феминки не го кријат својот идентитет, ама јас не би се осмелила ниту во Модни критики да постирам слика од мене со пресечена глава :wasntme: Си реков дека ќе бидам анонимна, и така нека остане. Дури ни на фејсбук немам ниту една феминка, ама ете ако се зближам со некоја - не би ми било проблем да и го откријам мојот идентитет.
    Единствено Љубам знае како изгледам :wasntme:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Брат ми знае, 2те најдобри другарки знаат. Нема врска тоа. Неколку феминки од Кичево знаат која сум. Некои ме имаат на фб. Па што? :) Мене ми е важно дечко ми да не ме дознае, ќе пукне голем срам! Се кријам како знам и умеам :)
     
    На Lana del Rey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Ме знаат повеќе особи. Па, није смак света. Божее.
    Се навлеков на фемина, а сега да го оставам форумов зашто некој ме читал? Пф. Не дека ми е сеедно, на моменти се потресувам ( :D ) , ама после заборавам.
    И без да ме знаат дека сум јас можда ме читаат и многу повеќе, сепак, форумов е јавен, а наше е да одлучиме колку ќе сме анонимни.

    А тоа што јас си се искажувам малце повеќе одошто треба, тоа е друга работа. А баш преку таа работа ме имаат препознаено. И, поради мојата непретпазливост - зашто бев најавена на роденденот, а не знам кој од другарките и братучетка ми оклучија некој линк на фемина (се сеќавам, баш тогаш негде излезе „Who run the world girls“ , тука ја пуштија.
    Ама, тоа е.
    Се тешам со тоа дека така ми било пишано т.е. и на анонимен форум да сум неанонимна заради непретпазливост.
    Ама ајде, демек некој го интересира што пишувам јас за мојов живот...

    п.с. и моите дома знаат оти сум си на фемина. Брат ми беше до мене кога се зачленив, т.е. он ме зачлени, јас само никот си го кажав. Јбг, бев припроста...се чудев дали да се зачленам на форумов, па брат ми одобри, сосе согласност од моите, па ајде... :D
    Абе, па, ни тинејџер не бев тогаш, а и морав да прашам пред да се регистрирам на форумов. И така или онака после кога ќе пишувам ќе видат дека ова не е фејсбук. :D Ама, никогаш не се ме читале. И пасвордот на фејсбук ми го знаат, па што? Една другарка вика „Моите имаат доверба во мене, па не ми го бараат пасвордот од фб“ , ама јас мислам дека стварно мора да имаат голема доверба во тебе, ако иако ти го знаат пасвордот не ти се логират на фејсбукот и не ти ги читаат пораките. :P

    Забегав јас малце, ама ајде.
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Нема да е трагедија, ама сепак не би сакала зашто после нема да се осеќам слободно тука.
     
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ништо!
    Што би можела да направам?
    Да негирам, не бе не сум јас? Да лажам, ама таму така реков не дека така мислам?
    Не бе, зад се што сум рекла овде стојам!
    И иако никот не ми го содржи името, ако некој малку обрне внимание на моите постови, а истовремено ме познава, може да сфати која сум.
    Кога ќе размислам кои се податоци сум ги оставила овде, одма би ме познале сите.
    Посебно по сликите од лепотанот. :D
    Ама тоа е што е. И да ме откријат ќе пишувам се до моментот до кој сакам да пишувам!
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Јас искрено незнам што би направила, затоа што во некои моменти се губам и заборавам што и како сум напишала на форумов.
    А, ако ме има некој препознаено досега, љубезно го замолувам да ми пише ЛП. (не мора да каже кој е, само сакам да знам дали сум откриена) :D
     
  20. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Не ми пречи :) Сега за сега воопшто никој не знае.