Дозна, брат ми. Прво бев , и сега што? Во втор момент, баш ми беше гајле. Бато, ако читаш, знам кој си на Кајгана. Revenge is sweet!
Немам проблем и да знат и да незнаат исто ми е.Знам дека една девојка што е тука на форумот знае која сум и ме чита,штета што не и го знам никот па ќе си ја поздравувам редовно
Мојот идентитент го знаат мои 2 најблиски личности, но ако некој друг дознае незнам како ќе реагирам, зависи кој е тоа...
Ме знаат поише другарки, а не би ми било проблем и сите шо ме познаваат да ме дознаат. Нема да дозволам да речам никогаш, ама засега не сум осетила потреба да се кријам зад одреден псевдоним.
Misllam deka e zabavno,vaka pod sifra da pisuvas za sebe.bas mi e gajle ako nekoj me otkrie,.Nikoj nema da znae kakva vojna vodis,se dodeka ne mu gi otkries mislite.
Ако има некој од економски , ќе знае на што мислам, така настанал Студентов Т распоред.. типот објавил во весник математички ствари и само се потпишал студент.. хаха.. може и нешо од тука ќе стане нешо некогаш, нешо паметно кажано.. Ако сакав сите да знаат која сум, ќе си пишев лично име и презиме и сетоа тоа да биде видливо, ама мислам дека поопуштено е да пишуваш за себе, за доживувањата, проблемите, некои интимни моменти коа си под шифра.. а што ако некој дознае?! Уфф незнам.. хахаха ќе биде трагикомично Дури ни најблиските не знаат.. всушност, нема кои најблиски ( мислам на другарки ), пошо сватив дека нема другарка во денешно време.. така да , сега за сега сме само јас и лап топов , а тој нема да ме издаде ! хуху
Блиските не се страшни. Оние другите се пострашни Штознам... Ако дознаат - дознаат. Немам убиено човек и притоа се немам исповедано за тоа на форумов, па мислам дека сите гревови ќе ми бидат простени Прилично несериозно ја сфаќам темава на разговор, има посериозни работи во животот
Некои од блиските знаат, некои и од надвор ме читаат, а не признаваат Како и да е. Се’ што овде пишувам, го мислам, ако не гласно, барем во голем процент. Ако веќе сум решила да не се кријам со лице/идентитет, што има да се секирам.
Никој незнае. MacaLove членката на форумов беше близу, ама не погоди. Така да безбедна сум си. Инаку јас случајно пронајдов неколку мои пријателки на форумов. Како детектив сум, знам. Па, само чекам да ми згрешат нешто за сите нивни длабоки и интимни тајни да ѓи прераскажам во јавноста. Муахахахаха Шала, секако.
Сестра ми ми го знае никот и знае оти скапувам овде ама не ме чита. Има акаунт, ама не е активна. Откај мене проверува се што и треба. Има една личност што не треба да го знае, а ми го знае никот. Сега е можно да ме чита ама баш гајле ми е. Нема којзнае што да види. Но, мислам дека наскоро ќе си направам нов акаунт бидејќи е поубаво чувството на приватност, ми дава една сатисфакција тоа што можам да зборувам без цензура, да си ги кажам маките и радостите без некој да ме изгледа цинично и по потреба - да пиздам све живо.
па и да ме дознаат не ми е нешто лелеее ме дознаа зошто немам што да кријам си пишувам на одредени теми коса ,тело ... тука нема што да се крие
Па во секојдневен живот најблиските ме викаат Спајди, само еден поглед на форумов и одма ќе знаат дека сум јас (до сега 2 пати ми се случило да ме препознаат другарки, дури и на фб ме најдоа од фемина) како и да е, ќе преживеам ако блиските ми ги прочитаат мислењата, доста сум отворена и искрена со нив, повеќе би се засекирала за подалечните, може сум ги зборела на форумот
Ако дознаат нека дознааат не кријам ништо,дури немам ни измислен идентитет се пишав како што ме викаат нагалено,највеке од се сакам да се најде тука тој што го сакам и нека прочита се така ја ке не морам ништо да му кажам е тогаш ке ми каже тој мене.
ме знаат само неколку другарки и толку.. и да ме дознаат немам некои такви мислења, обично Кафе Муабети,Спорт,Мода... нема што да се кријам и да ме дознаат