Кој сака нека дознае јас не се кријам од никој и што ако види што имам напишано, па ја си кажувам вистината и си пишам за мене не за други и убо и најубо ми е. Ае
Прво нема зошто да ми е страв бидејки не е ова терористичка организација туку форум, и не е ништо страшно ако дознаат која сум бидејки јас не се кријам. 2. Да малку ќе биде зезнато т.е непријатно ако најтесното семејсво дознае бидејќи овде има а и ќе има работи кои ќе ѓи пишам, а се од шкаклива природа и едноставно нема да ми биде пријатно да ги читаат моите особено оние теми од сексуална природа. Но што е тука е ризик постои и да поминеш улица па секој ден го правиме тоа. Не ми паѓа на памет да глумам лудило и да се претставувам во светло како би сакала друѓите а ме видат, туку она што сум јас вистински. Кога се зачленував влегов, со искрена желба и мисла да се претставам и да го кажам мојот став онаков каков што е бидејќи доколку лажам нема да ве лажам вас туку пред се ќе се лажам себеси. Никој не успеал да создаде толку идеална слика за себе која ќе трае вечно, кога, тогаш човек ќе си го покаже своето право лице, а јас имам само едно лице друго и не ми треба.
Повеќето од другарките и дечкото знаат дека чат-пат читкам по нешто на форумов, но никој не знае дека сум зачленета. И да, морам да ја цитирам vendiii бидејќи потполно се согласувам со ова:
. ..децата знаат ме подржуваат,знаат дека имам потреба од размена на мислења и сакам совети .. .ама никој друг ....искрено сметам дека ништо лошо не правам,баш ми е коол,ама сепак тука сум вистинската јас,децата ме знаат од една страна/како мајка,ама пред се јас сум жена,а тука си кажувам се за мене,тука сум онаа втората , јас....
Во зависност кој ќе ме дознае, според мене не е ништо страшно баш желбата да го/ја ругам на форумов ќе ми се зголеми
и дечкоми сестрами и другаркими знаат дека чепкам по форумов ама незнаат дека сум зачленета немаат ни потреба да дознаат секој си има своја приватност и право да си искажи што му лежи на душата...
Најнапред да се извинам за тоа што е ова мој 2 пост на оваа тема, но сакам да дадам една забелешка за оние кои викаат па што ако дознаат или дека веќе знаат нивни другарки, дечко..... Да, но во ситуација кога сте го откриле идентитетот на одредени особи сте ја изгубиле слободата да пишувате искрено и отворено за одредени шкакливи теми. Со тоа сте си ја нарушиле слободата и сте принудени и овде да глумите како и во приватниот живот. Неможе некј да ми каже деа ако пола друштво и го знае никот а тие натаму ќе го рапространат на нини другарки особено ако напишете нешто ќкакливи итн дека таа особа може искрено да коментира во темата секс и в под темите мастурбација, нверство, прв секс..... Мислам не џабе некој смислил дека форумот треба да биде анонимен за да можат луѓето да се отворат и да бидат искреи инаку зошто би пишувале во форумов, за глума доволни ни се ФБ или Твитер.
Не сфаќам зашто би имало проблем ако тоа се случи Да, точно е дека од најблиските мои никој не знае дека сум на форумов. Од друга страна ниту лажам ниту пишувам тука некои превртливи работи.
Е океј де, ако дознаат нека дознаат. Само 2 другарки знаат за мојов профил и никој друг, и да дознае некој друг тоа е.
Кој сака нека дознае, јас си стојам зад мојте мислења што ги имам напишано на форумот и никој нема право да ми суди поради тоа... Spoiler Затоа и потписот ми е таков каков што ми е
јас нејчам да го откријам мојот идентитет т.е несакам најблиските или некои што ме знаат да знаат дека сум јас член на форумов подобро би се открила вас на 1045075876 луѓе ( знам ја погодив бројкава ) него на најблиските незнам зоштоо така мислам немам кизнај какви мислења ама нејчам да ми ги читаат и да ми се исмеваат ..хх
Знаат сите дека многу одамна сум опседната со Femina. И едно време ме замараа демек регистрирана си и ти ама тогаш стварно не бев и им кажав дека не сум, така што престанаа. Е сега баш кога стварно се регистрирав само дечко ми ме примети, затоа што многу почнав да седам. Spoiler И така пред некое време читам едно мое мислење (да видам да не сум направила некоја грешка) и дечко ми седнува до мене и ми вика- "Ова овде (за мојот аватар) или ова погоре (мислам дека за Tumblr покажа) си ти 100%. Ти ваква или ваква слика можеш да ставиш" И јас ... Викам не, не, јас не сум ни регистрирана. Како и да е немам што да кријам од никого и не би било крај на свет ако дознаат. Меѓутоа не би ми било баш најпријатно, затоа што јас сум личност што баш и не покажува чувства пред луѓе кои мислам дека не го заслужуваат тоа. Со оглед на тоа што знам дека вистински другарки немам, не би ми било сеедно да ми ги читаат мислењата. Јас форумов го доживувам како целосно отварање на душата, го доживувам како дневник. Единствено нема да ми биде проблем дечко ми да го дознае затоа што истото што го пишувам тука истото го знае и он ама баш истото и во врска со него и во врска со размислувања и чувства се, се се. Ама не му кажувам нека се помачи малце да ме бара.
Не дека сакам нешто да сокријам или пишувам којзнае што, но несакам блиските да дознаат и да ги читаат моите мислења.
Една моја добра другарка има исто така профил на фемина,но сега моментално не го користи профилот и јас не го знам нејзиното корисничко име,исто ина една друга добра другарка,знаат дека јас имам профил на фемина,знаат и за дел од моите мислења бидејќи јас сум им кажала за нив и нив исто сум ги прашувала за мислење,но едни на други не сме се мешале во мислењата,т.е.сакам да кажам дека не сме изигрувале хакери и шпиони кога е профилот на фемина во прашање! Јас не би го открила мојот идентитет на никого од фемина на моите блиски бидејќи сметам дека моите мислења се мое право и не се срамам дури ни од најинтимните прашања што сум ги поставила на фемина,јас сум искрена и отворена личност,нема што да кријам,каква сум таква сум,само Господ може да ми суди,друг никој нема право на тоа! Па,никој не е светец цело време,јеби го! Јас мислам дека барем моментално нема никаква опасност да дознае било кој која сум на форумот,а ако сепак некој дознае се разбира дека ќе си преземам мерки,или ќе му објаснам дека нема право да ме шпиунира бидејќи не сум криминалец,или пак ќе се расправам со тој што ме открил ако е некој некултурен затоа што секој си има право на свое мислење и на своја интимност,никој на никого нема право да му се меша и во крајна линија нема повеќе да контактирам со таа личност што ме открила за навек додека постои времето! Кога сум добра и толерантна,добра сум,но кога сул лоша,е тогаш,друже,јас сум уште подобра!
кога ќе ставам слики во модни критики сигурно сите што ме имаат на фб ќе дознаат која сум ама тоа е..
Па нека дознаат. Не би ми биле блиски да не знаат се за мене. Мојата другарка знае. Ок за некои други да дознаат можеби би ми било малку непријатно тоа што сум пишувала некои работи несакам некој друг да ги знае тој што треба да ги знае го знае и мојот профил на фемина мојата другарка.