Никој не знае, а и не планирам да им кажувам ... Барем ова да биде место каде можам да се искажам слободно, без да се доведам во таква ситуација Spoiler да кажам на некои другарки,бидејќи порано или подоцна се дознаваат кои ти се вистински, па потоа да ми биде непријатно кога ќе се скарам со нив и да почнаат меѓусебно да озборуваат, па да дознае цел град Незгодно ќе ми биде ,постојано ќе мислам што,како да напишам,едноставно сакам да имам барем маалку приватност ,тоа е се' ... Па и не барам многу
Не е страшно и да дознаат и онака се што пишувам и моите најблиски го знаат тоа за мене, но сепак не би сакала, сакам и јас да имам малце приватност
Ништо страшно, на мојата најдобра другарка и имам кажано која сум, а и како што забележав кај темета „Од каде сте?“ само јас сум на форумов од градот кај што живеам.
Не би сакала никој да дознае. Не дека имам нешто да кријам, туку едноставно сакам да прашувам и да пишувам за моите чувства без никој да го знае моето име и презиме
Ништо посебно ,немам што да сокријам или да ми биде ова начин за искажување на моите емоции скриени некаде во мене ...Секаде сум ист,и тоа го искажувам и покажувам ,така да и тука немам од што да се кријам и бегам од реалноста полнејќи го егото .....
Знам дека две колешки ме читаат Ама се сложувам со мислењето погоре, јас стојам зад се што сум пишала тука и немам што да кријам или од што да се срамам. Искрено, не сакам никој да го открие мојот идентитет затоа што тука споделувам интимни чувства, има работи кои ме болат и не сакам со никој да ги споделувам. Ги пишувам тука полесно ми е и не сум многу среќна што некој го чита тоа, ама не се ни потресувам многу многу
Не би сакала да дознаат, но и да дознаат ништо страшно. Блиските секако добро ме познаваат, така да тоа што ќе го прочитат воопшто нема да ги изненади. И приватно и тука сум иста... А им имам кажувано дека постојано си читам на фемина, па можеби и претпоставуваат дека пишувам и јас
Мислам дека еднаш сум пишала во темава, ама ај... Мајка ми и некои другарки знаат дека сум членка на форумов но не знаат под кој ник. На едната братучедка и кажав под кое име сум на овој форум, а и на другите два на кои сум зачленета. Знае, можеби ме чита. Воопшто не ми пречи тоа што она ќе ги чита моите најголеми тајни размислувања кои понекогаш ми е тешко и пред себе да ги искажам. Јас и кажав токму неа затоа што не сметам дека ќе бидам загрозена. На некој друг на пример не би кажала која сум тука!
Не би сакала да дознаат,јас ако сакам и кому сакам ќе откријам,во поглед на искреноста не се плашам ама пак ова си го сметам за многу лично.
Другарка ми знае дека имам профил на фемина, но не знае како сум потпишана. Искрено не би сакала блиските да дознаат дека сум на форумот. Чисто поради приватност. Сепак секој има право на приватност нели? Не дека пишувам кој знае што овде, но сепак не би сакала да дознаат.
Јас им го открив идентитетот на две феминки тука (не сакајќи) од Прилеп ЕБАГО се инаку девојките. Ај нема смисла да им ги откривам никчињата.
Ништо битно нити пак страшно. Spoiler Ако некогаш дознае тој му ја замислувам фацата додека ќе ми ги чита постовите посветени на него во "Што би му кажале..."