Ништо страшно, како се научиле па сигурно и тие се по цел ден на фемина... се шалам ништо страшно еве јас се имам запознаето со неколку девојки од форумот и баш ми имат помогнато и многу им сум благодарна. Така да, ништо страшно.
Не би сакала да дознаат. Но еве сестра ми ме откри по цел ден е на фемина и кога ми кажа нормално негирав будала ја направив и таа ми вика ќути ма те знам јас тебе ти си таа (се надевам дека не ми ги прегледува мислењата :geek: ) Мајка ми знае дека пишувам но не ми го знае никот и не се замара со тоа. А ништо чудно може и некој друг ме препознал, ама си ќути ..јбг Ама ете тоа е што можам да правам ништо страшно сепак, не ми е сеедно.
Аахахаха исто и јас мислам , ако сум сакала да видат другите се шо ме интересира немаше да пишувам анонимно
Готово одам се фрлам од 13 кат!!! Чекај... ако некој дознае... Па сите знаат, но само постовите ми ги знаат, тие поприватните работи не..
Да сум жива и здрава , нит кријам нешто , нит пишувам работи кои не им би ги кажала тет а тет ! Кој сака да разбере нешто бујрум нека праша нека прочита , не се кријам јас
Моите блиски не ни знаат дека сум член на форумов, а и случајно да дознаат дека сум член, искрено не би сакала да дознаат која сум, не дека кријам работи, се знаат за мене (поготово мајка ми), ама некои детали за сексуалниот живот што сум ги напишала овде ни другарките дури не ми ги знаат, а тек па моите дома да прочитаат каков сексуален живот имам јас. Е, најмногу поради таа причина, некако не оди навистина, затоа е анонимен форумов. Инаку, не знае ни дечко ми, иако не е љубопитен и знам дека нема да шпиунира што пишувам на форумов, сепак не би сакала да знае бидејќи нели има работи кои што е убаво да ги задржиш за себе, како на пример колку лудо заљубено дискутирам за него, не мора да знае, како што и него би му било незгодно. Исто така, дека тука пишувам за нашиот сексуален живот, или пак давам совети на други девојки од нашето искуство. Ова си е мое слободно катче и не сакам да го претворам во Фејсбук, да пазам што ќе напишам, за кој како ќе сфати.
Не се замарам од никого ништо не кријам, а и не патам за нечие внимание така да нема ништо да ми смени ако некој се "разочара" од мене...а и за никого ништо лошо не сум кажала. Моите и вака и така знаат што правам во животот така да и тоа не би ми сменило многу. Сега можеби не им кажувам детали, ама верувам дека и тие не сакаат толку многу да знаат
Моите знаат. И сестра ми, брат ми, мама, блиски девојчиња. Само тато НЕ знае. Среќа, тие не се ни трудат да ме бараат која сум, но тато ако дознае, одма ќе м најде.
Имам запознаено девојки од форумот, а и најблиските другарки ме знаат. А и да ми ги читаат мислењата немам ништо против, зашто тоа сум јас- истата, со мислења кои се својствени за мене,па немам потреба да се прикажувам како сосема нова личност.Кога сум го кажала никот,значи сум имала и се‘ уште имам доверба во тие личности, но не би ми било сеедно кога би ме дознал некој друг.