темава е: Што ако блиските дознаат која сте на форумов? , а не: дали блиските веќе знаат! Инаку ајде кога веќе пишувам ќе се изјаснам и јас. Јас немам никаков проблем ако ме дознаат. Во тој случај ќе си ставам моја слика, нема да ја фурам Ариел цело време Меѓутоа го користам правото на анонимност зошто можеби ќе ми се најде во иднина кога ќе сакам да споделам нешто многу интимно, а исто така и за да не бидат испревртени и извадени од контекст некои напишани работи.
Незнаат само брат ми знае ама тој не се замара со вакви работи и школските знаат дека имам профил ама корисничкото име не ми го знаат. Инаку не се интересирам дали ќе дознаат или не. Фала богу не сум ве излажала ништо до сега на форумот па да се кријам од некој и да дознаат се што сум напишала овде повеќето блиски го знаат. Освен за мојата врска од 1 години и неколку месеци тоа ако го дознаат ќе биде занимљиво.
Само мојата најдобра другарка дозна дека имам на фемина профил. Ме читала долго време и кога дојде кај мене на гости, отвори фемина и профилот ми го отвори и ми рече -Ти си ова нели? И јас фала богу дека немаше да ја лажам.
Само сестра ми и мајка ми знаат,татко ми нема ни да знае што е тоа А на вујко ми само му викам на Фемина... ама не се распрашува подетално,а никот не ми го знаат,не дека не сакам да го кажам,не се нашло прилика . Епа нака дознаат што сеа
Не би сакала да се случи тоа. Не пред секој би ги кажала работите искрено, сочно и детално како овде. Имам цел куп постови кои се мисли преточени во зборови. Понекогаш тоа се злобни мисли, во даден момент. Сум се покајала подоцна секако, гнев го обзема човека на пати и нема попаметен начин да се избориш со него освен тоа да го напишеш, некогаш, некаде и да го заборавиш. После на ред идат моите мислења во категорија секс. Нема потреба понатаму да објаснувам зошто не би сакалa некој да ги прочита. Не мислам дека фразата "не ми е гајле ако дознаат, јас и онака сум искрена" е афирмација за веродостојноста на некои работи напишани овде. Еве јас не сакам да дознаат, секако ќе ми биде непријатно комшијата да се прочита во темата "Со кој сакате да имате секс денес" .
Ама не знаат ни ник ниту ќе дознаат,само една моја другарка знае ама имам доверба во неа. А може и заборавиле,ниту ќе чепкаат,нема зашто да ме проверуваат,а еднаш му спомнав фемина на вујко ми,не ни знае што е тоа. Така да за блиските anonymous сум
Досега никој не знае, се надевам дека така и ќе остане. Јас би се чуствувала разоткриена бидејќи тука ги искажувам моите чувства за кои ретко кој знае и тука го покажувам оној дел од мене којшто никој не го знае.
Мајка ми знае дека имам профил на фемина, ама не разбира како одат овде работите, а не се ни замара да дознае. Другарка ми знае која сум бидејќи и таа има профил на фемина. Не ми смета кога ми ги чита постовите, не кријам ништо од неа.
Го имам спомнато форумов али мајка ми не се интересира нешто.Брат ми па ич.Иначе не се гасам никогаш Дознаат,дознаат...This is me
Другарками знае и не ми смета моите не знаат ама не се ни замараат многу не би била могу задоволна ако ме откријат тоа што тука го пишувам ретко кој го знае ама бидејки офлајн сум никогаш ако ме донзаат ме донзаат тоа е тоа не се кријам
Само сестра ми знае, но не ми чита. На неколку другарки имам спомнато дека сум на форум, но ништо друго.
Ја сум си што на ум тоа на друм чоек,па и да дознаат многу ќе ми биде гајле и онака све у фаца сум им рекла шо сум пишала тука веројатно
Упoрнo ќе негирaм. Мнoгу рaбoти штo ги имaм пишaнo тукa не би ги кaжaлa нa некoј штo гo знaм тaкa дa ќе се прaвaм декa не ни знaм штo е тoa фoрум.
Моите другари знаат.. И ич не ми е гајле..Нека читаат све што пишувам..Ионака знам дека проверуваат се што пишувам...