не ми е галје воопшто , а и зошто би ми било? Инаку неколку ги познав ,али не ме занима да им кажам дека се знаеме , ниту пак ги следам нивните мислења, иако неколку ми рекоја дека ме знаат која сум а они не се кажаа кои се , али шта речи НЕ МЕ ЗАНИМА !
Пa немa врскa, веќе имaм некoи нa фб oд тукa штo ги пoзнaвaм. Тoa штo гo пишувaм е вистинa и немaм oд кoгo и штo дa скријaм. А aкo имaм немa дa гo пишувaм тукa.
Јас веќе имам напишано дека не сакам да ме дознаат која сум на форумот,кога пишувам се кријам како којзнае што да правам,интересно ми е вака да си пишувам по интернет,можеби некој од нив ми ги имаат прочитано мислењата а не знаат која сум и можеби нема ни да им текне.Форумџискиот живот не е интересен ако му кажеш на некој кој си. Ааа еден член од форумот има ист ник со еден член од друг форум,па си ги поврзувам работите и мислам дека е истиот.Веројатно истиот ник го употребува на повеќе страни. Мислам дека не би пишувала толку слободно се некој да ме дознае која сум.За секој пост треба да се кријам значи треба на фемина уклучување во 4,5 саат додека другите спијат И се сомневам во една друга членка на форумот,познат ми е,јас сфаќам дека има луѓе со исти мислења,ама зар до толку ли да се постовите скроз исти како што би ги кажала таа? Не знам дали е уште активна,не го помнам никот на членот.А и има и некои други работи што ме наведуваат да мислам така,сигурна сум дека барем се има зачленето на форумот и ако не е тоа сигурно чита.
Нека дознаат и онака се што кажав е чиста вистина и колку и да се прават на тошо со вистината ќе се соочат ништо не лажам се си пишувам искрено и вистинито
Знаат само сопругот и синот сениор. Уште на почеток им кажав, а и понекогаш го оставам отворено и сега веќе не им е интересно. Син ми со сигурност знам дека ме чита. Не се плашат од форумов воопшто.
Не би ми сметало и да дознае некој, башка ко што си се оставам логирана секаде, ништо чудно и некој од домашниве да ме провалил. Бивши ме знае, а и некоја негова другарка која му го дала профилот за да ме чита, зашто го мрзело човекот нов да направи, па поздрав бивши, такоџе и до пријателката
Не се кријам. Башка мислењата ми се тие. Тоа сум јас. Сестра ми ме провали за 3 минути пред мои очи, а маж ми знае дека пишувам. Не ми се верува дека ме чита, башка ме има секој ден, транспарентна како што сум , преискрена со него, па затоа мислам ќе му дојде премногу ако ме следи и тука... А кој се навреди или не, тоа е тоа. Јас сум таа, и перцепцијата за реалноста моја е таква.
Ne se krijam, se si pisuvam iskreno, koj me poznae ok, koj ne toa e. Maz mi znae deka pisuvam, ama ne me cita, md slusa non-stop po doma
Не се кријам. Уште кој не знае дека сум овде. Ама тажно ми е за оние кои мислат дека не ги знам дека се они, еве и сега ми е жал што го пишав ова, ќе ги замислам кутрите.
Е арно де не се потресувам, дознаат, дознаат, и онака не откривам некакви животни гооолеми тајни или го оговарам некој, што ќе видат освен фемина инстаграм, и онака не пишувам по теми како што е "Дали сум бремена!?"
Поинтересно ми е вака кога сум анонимна и додека никој не знае,ама и ако дознаат пак што,не е некоја којзнае каква тајна.
Несакам да знаат дека тука пишувам од причина што несакам да ми читаат не кријам нешто, ама ете така несакам да ме читаам. Ама сестра ми знае дека пишувам тука и знае која сум, па некогаш се зафркава со мене околу тоа.