Ако еден човек е искрен пред самиот себе- ке биде искрен и пред другите, реални или виртуелни....Проблемот настанува кога се лаги во прашање, повторно реални или виртуелни...
е големи јајца ако дознаат. нит сум абортирала, нит у затвор сум била, не бегам од дома, не крадам, нит се дрогирам. не ни пушам што може да откријат? не е нетипично за мене да кажувам тоа што мислам. многу луѓе на форумов, различни карактери, нормално е да има несогласувања кои остануваат тука. ако сретнам некој со кој не сме баш најдобри не верувам дека би се испотепале на улица.
Ништо. Здравје. Само нема да ми биде исто да пишувам под истиот ник, зашто ќе ме знаат, нема да можам слободно да се изразувам. Не дека кријам нешто, се знаат, скоро за се имам и со нив зборувано, но ете, пак, нема да е тоа тоа. Немам кажано на никој дека сум зачленета, не ни планирам, зашто сепак глупаво ќе ми е да ме читаат, срам ќе ми е . Е сега може некој познат што или е зачленет или чита на форумов ме има препознато, но сепак нема од што да се срамам.
Па што ако, нека. Мислам, не ми е сеедно, бидејќи анонимноста и те како дава поголема слобода, ама кога веќе би дошло до некоја таква ситуација, нема да паничам. Немам споделувано нешто непознато за оние кои ме познаваат, така да не би имала проблеми. Внимавам што и како пишувам на форумов, сепак сакам да си ја зачувам приватноста, иако копнеам да запознаам, да воспоставам контакт со одредени форумџики чии мислења се совпаѓаат со моите - отом потом!
Секако дека нема да се чувствувам најудобно но мислам дека не би ми пречело... Мислам дека од мојот град има мал број на зачленети на ФЕМИНА па не се замарам многу... Сепак, сакам да си ја зачувам приватноста и тоа го правам колку што можам добро.... Е сега, ако некој/а ме дознае би ми било мило да ме испоштуе и да не ми пребарува по мислења... Не дека кријам нешто, цврсто стојам зад се што имам пишано ама ете... Сакам да ме знаат како Мисс666...
Корисничкото име ми е .... ускратено со адреса на живеење Секој што имал контакт со мене преку ел.комуникација , а ја чита фемина ќе поврзе дека тоа сум јас. Секој што ме знае, според никот ќе знае дека тоа сум јас. Но, јас сум јас на форумов и не ми е грижа. Дури и тие што некогаш се посомневале (ако се посомневале) ќе сватат дека имам едно лице. п.с. кога запознав една форумџика бев и сеуште сум почестена што знам што “тајно“ носи во себе ... и ја гледав со почит зошто знам колку е умна, духовита, реална, досетлива, обзирна, колку ви се допаѓа на сите... хмм, сега ми паѓа на памет - кога Ева ме праша - мамо а од каде се знаете? направив една фаца-што па сега да кажам , небаре што знаеш ти мала за нашиот ТАЕН свет
Моите по дома го знаат и мојот јузернејм по жестока дебата зошто баш Лилит и ако ме читаат,не верувам дека ќе се изненадат,само мајка ми како што е брза кучка,слепи кучиња раѓа,да не се истресе некаде некој ден,па да се изненадат пријателките нејзини! Не ми е грижа. Повеќе ми е за наводните пријатели у животов,не дека сум различна,туку овде оставам парче душа под претпоставка на анонимност,па не би ми било драго да знаат како се чувствувам во целост. Ако дознаат...ох,не би сакала да си ги издавам атрибутите што ги имам во ракав.
Не ми пречи. Поради тоа што половина ме знаат, по корисничкото име. Можеби згрешив кога се зачленував ама ајде. И така да немам голема слобода да се искажам за некои работи.
Сигурно нема да биде крај на моето постоење Син ми знае, затоа што тој и една негова другарка направиј да ме има на истиов .Сопругот исто така ,а и сестра ми, заедно работиме и често знаев да и кажам ставај кафе јас да ги читнам девојкиве . Сопругот не е форумски лик но,знае да застане до мене и да ми каже до каде си Озбилна До почетокот и крајот Горане ... А и баш ме брига кој ќе дознае -знае , мој живот моја ствар .За се што сум кажала стојам јас
Momentalno decko mi samo znae a i nova sum tuka ali bas e top dodeka e on kaj nego na forum sega i jas imam bitno-interesna rabota
Јас порано и сега сум и на еден друг форум таму се направија неколку средби и повекето членови се запознаа помегу себе и некои од нив сеуште се добри пријатели но за жал имаше и многу навреди и ако не се познаваа тие навреди ке поминеа некако не приметно но бидејки се запознаа тоа ни малку не изгледаше забавно и интересно туку напротив беше непријатно. Јас никогаш не отидов на средба но на сите им кажував во Л.пораки тел.бр. и ако случајно доагаа во Охрид настојував да се видиме барем на кафе и да се запознаеме .Така се запознав со неколку и сеуште имам врски преку фејсбук со нив .Еве денеска успеав да донесам една форумџика од тој форум овде и кога ке почнете да ја читате посебно во поезија ке видите за каков член ви зборувам .Знаши јас мислам дека не е крај на светот ако се дознае кој е кој на форумот ама не одобрувам лични навреди !
Не грешка или казниво со закон да си член на форум, затоа нема потреба од страв, на форумов сум таа што сум и во реалниот живот и да видат и да прочитаат се исто ми е, секако дека претпочитам да останам анонимна бидејќи јас така поудобно се чувствувам, по слободно.
Јас се извинувам што ќе бидам груба- ама ќе ми го поткршат ако ме кажат на кој и да е.. Свесно сум се зачленила, доволно возрасна да се сносам со последици, онаа сум што сум во реалност, моите доволно ме познаваат, блиските доволно знаат која сум.. така да нешто не сум загрижена..
Ич не се замарам. Еве дечко ми пред некој ден ме научи, пошто се логирав од неговиот компјутер и заборавив да се одлогирам па сакаше да знае што сум напишала за него. И прочита како имам напишано дека ме нервирал. Па ме нервираше тогаш стварно и што дека прочитал, тој убаво си го знае тоа-дека на моменти ме нервира и сама си му кажувам. Не ме замара, сигурно има некој тука што знае која сум ама па таа сум јас, таква сум јас и ќе напишам што сакам и каде сакам. Не е тоа против законски!
Е ако де. Оној што треба да знае, знае. Домашниве многу чуле за фемина. Знаат дека сум член по форуми, ама ноубади гивз а фак да седне и да ме бара. Уште па што ке се снајдат по интернетов...а и нема шанси да ме најдат пошто не сум личност што секој момент од денот трча да го споделува на интернет. Поблискиве другарки...не се нешто форумски ликови, дури и глупо им било што сум се „замарала“ со тоа, кога можело интернетот да се користи за интересни работи, како симнување на концертот на Лепа Брена на пример! И да дознаат, нема што да прочитаат, ако е нешто за нив - ке им кажам нив, не на анонимен форум да плукам ко п**ка под кошула, што би рекла баба ми. На крај пак, самата сум свесна дека со членството мора да откриеме колку-толку од себе (освен за екстремни Ел-Џи, Наташа, Инсенити и Смајли случаи), па ако не сум спремна на тоа, чао-пријатно, тогаш форум не е за мене.
Брат ми знае дека пишувам тука и ми го знае јузерот. Не ретко се случуваше да ме начека дур читам или пишуавм нешто на форумов, ама бреј, ко за беља тоа неговото влегување и излегување од соба беше баш у момент кога кликав на Љубов и Секс категоријата горе Абе, таа иконка ко магнет ми ја привлекува раката и тоа не за друго, а да видам која тема е актуелна на форумот. Маката беше што мислеше ова е еден од тие сајтови да си ја најдеш „половинката“ па мрчеше, откако престана... претпоставувам сфатил дека не е тоа и претпоставувам дека си читкало батенце мое по нештичко пошто се дешаваше насмеан да дрдорка одоколу за некои ствари. За домашниве љубимци, не верувам дека нешто посебно ќе се замараат. Не тие ме сеќираат. Мене лично, маката со анонимноста и пишувањето ми беше кога се зачленив. Ова е прв и единствен форум каде пишувам. Кога се зачленив се осеќав ко да газам на јајца кога пишував и се трудев тоа како ќе напишам нешто да не личи на нешто напишано од мене. Но, доволно траги оставив низ темите, кога намерно, кога ненамерно... па сега ми е сеедно. Инаку да кажам, таа сум! Каква надвор - таква и тука не можам. Секој знае за мене колку што јас сакам да знае. Емоциите се само мои и не се нешто што сакам да го знаат некои конкретни луѓе околу мене.
Знаат моите најблиски дека сум член на овој форум, но не се интересираат многу, не кријам ни кој ми јузернејмот. И дечко ми знае дека пишувам тука и дека сум доста активна, но сеуште не сум спремна да му кажам која сум и го замолив да не се обидува да дознае, со тек на време ќе му кажам.. Инаку, генерално, не се кријам, имам толку многу кажано за мојот живот што кој и да е може лесно да ме познае.