Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако блиските дознаат која сте на форумов?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од angel92, 4 декември 2011.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.743
    Допаѓања:
    23.259
    Пол:
    Женски
    Мене ми го знаат другарките и брат ми, дечко ми не знае :lol: ама и да ме научат немам пишувано нешто којзнае што така да ич не ми е гајле, мој Живот моја работа :rofl:
     
  2. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Ако дознаат ич не ми е гајле, не се замарам со тоа...
     
  3. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Мене само најблиската другарка ме знае која сум .... јбг. кога и да има шанса ме зеза ..... :tmi:
     
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Па и ништо страшно... Мајка ми знае, ама сигурно нема да седне и да ми ги чита мислењата.. :?: Друг некој ако ме познае (незнам по што би ме познал, ама ете) Нека ми пише ЛП да се изнамуабетиме! :)
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Ништо не кријам, така што - voilà, кој сака нека чита, нека гледа, анализира, нека се удави во моите размислувања :lol: :lol:
     
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ако некој дознае дека сум член на форумов - ЌЕ МИ СЕ СМЕЕ (сериозно :!: ) :D :D
    Не за друго - ќе ми го плеснат фино лепо во фаца моето претходно мислење за форумите :tmi:
    Искрено за Фемина дознав случајно (пребарувајки нешто за пудри), и си гледам јас ко теле во шарена врата :D вртам по тоа страните и темите, абе научна фантастика... Ама кога разгледав подобро сфатив дека има мислења, теми и членови кои се достојни за читање.
    Тука е и уметноста на пишаниот збор, се наоѓа и по некој интелекталец за среќа, и секако темите со поопуштен карактер.
    Ама ТОЛКУ од мене - на друг не би се зачленила, а и не ја гледам поентата во тоа.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Блиските веќе знаат.
    Голема работа, мислењата ми се исти, и на форумот и во живо и на месечината да се качам, пак ќе бидам таа. Јас.
     
    На Cacy, Gordana10 и crazylady им се допаѓа ова.
  8. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Никој од моите најблиски не знае дека сум членка на форумов. Или па барем јас така си мислам.. :worried: Не пишувам пред други и секогаш се одјавувам кога ми седнува некој на компјутер.. :D
    А, што би се случило ако некој ме препознае? Хммм.. :^) Искрено, не знам...Не сум кажала некои којзнае какви тајни и страшни работи..па да се плашам дека ќе ме снајде нешто.. :lol: Ама, сепак не сум личност која се отвора пред секој, за некои работи не зборам ни со моите најблиски..па ако ме откријат ќе се чувствувам некако разголено.. :D :D
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Ако дознаат нема да ја имам оваа слобода да си пишувам се што сакам. Ќе мислам што и дали да кажам.
    Затоа вака ми е супер. :)
     
    На LittlePinky и Rubiii им се допаѓа ова.
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Веќе некои личности знаат дека седам овде и знаат и под кое име сум зачленета. Не сум пишувала нешто од што би се плашела да го откријат, а тоа што сум го пишала едноставно така е. Без разлика дали би го напишала или кажала. Се уклучувам и пред други (секако тие што ме знаат) само што не пишувам тогаш. Само читам.
    А други пак не ни читаат што пишувам, иако знаат.
    Битно не ми гајле. Тоа е што е.
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Па веројатно ќе рипам ласта у замрзнат базен :o
    Ма јок!

    Дознале, оние кои имале сила и интерес да го отворат форумот, се зачитале и ме воочиле веднаш. Се разбира зборувам за оние кои добро ме познаваат.
    И отворено ми рекле - еј ти си Пирамид на Фемина, нели? Знаев!

    И толку. Не се замарам, не ги потпрашувам ниту ме потпрашуваат. Немаат ни зошто. Форумот, не ни е тема на разговор речиси никогаш.

    Плус бев искочена со една феминка и другарка ми најбоља од детство ни се придружи и ме праша отпосле - добро од кај ти искрсна другаркава? :D

    И што да и кажам? Да ја лажам ли? И кажав од каде ја знам и никако посебно не изреагира. Се сретнавме ние трите ми се чини барем уште еднаш, или два пати...абе се шират познанства, Пирамид, connecting people :lol:

    Некогаш имам чуство ко да е Фемина секта некоја или фабрика за изработка на илегални и неубави работи. Толку сме фокусирани на чување на приватност што и пред најблиските сме збунети.
    Јас на почеток исто бев да признаам, ама потоа си реков, нема бре што да кријам. Тој кој ме знае под име и презиме долго време, нема проблем веднаш да ме идентификува и како Пирамид. И да се зачита што ќе дознае? Дека не сум се чуствувала убаво ли дента? Или дека напротив ми бил прекрасен денот? Дека омилена поза ми е таа и таа? Дека прдам после грав? Дека обожавам лапање?
    Не мора да го чита форумот ако ми е близок, за да дознае нешто повеќе. Тој/таа веќе и онака знае се пред да го пишам истото овде :)
     
    На mamita, Cacy, ines.h и 2 други им се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Па не дека којзнае што пишувам на форумот но понекогаш кога нема каде на друго место овде си изразувам некои чувства и би ми пречело некој да ми чита.Се трудам да останам анонимна но ако некој ме примети по мислењата или некои слики ставени во Модни критики тогаш здравје боже.
     
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сопругот знае дека пишувам на форумот, ми го знае и форумското име бидејки компјутерот е поставен така да се гледа екранот во дневната. Немам проблем со тоа бидејки си ја респектираме приватноста. А и немам што да кријам....
     
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    uuuuuh-oh... :tmi:
    Другарките знаат дека сум зачленета, ама не рекле ништо. И моите дома знаат, знаат дека си имам многу другарки од форумов, не им смета. :wasntme:
    А и бивш ми го знае корисничкото име, среќа што не чепкал по мислењата, ќе имал што да прочита. :lol:
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не верувам дека на оној кој што навистина дава дел од себе овде и има малку осет и свест би му било сеедно.
    Но се зависи од тоа како се доживува форумот- ако за вас е место каде што на некој начин се “промовирате“ (било со пишување убави работи, било со ставање слики) се со цел да стекнете некаква популарност, восхит и повеќе луѓе во вашето опкружување кое претходно било скромно, тогаш би ви одговарало да знаат кој/која сте на форумот.
    Ама прашањето е дали кога ќе го дознаат вашето вистинско име и ја видат вашата слика навистина дознаваат кои сте, или ја гледаат онаа слика која вие сакате да им ја покажете- личност која се радува на малите нешта, која е толку билска пред вас и пред форумот па не и е проблем да сподели како кака :^) , која е кралица на подиумот, спонтана и дружељубива и не ти знам што, а всушност е една осамена јадна личност која што е премногу горда и самозаљубена за да си признае колку е всушност бедна и осамена па мора да се докажува дека сеуште е атрактивна на пазарот со повремено мување со личности со кои нема НЗС (или евентуално НЗС е минимален)
    Но тоа никој не го знае, бидејќи после плачењето сама дома и гледањето на другите животи, таа ги брише солзите, става лажна насмевка, го вежба погледот кој што треба да ве освои (било пријателски, било љубовно) и тргнува.
    Тргнува во поход на заведување на искрените луѓе кои веруваат во сликата која што таа личност ја создала на форумот и демек не и е проблем што ја напуштила нејзината анонимна зона, туку демек, нема потреба да се грижи, бидејќи тоа што го гледаш/читаш, тоа го добиваш.
    Дали? :^)

    Како што на ваквите им е демек чудно зошто некои се трудат да си ја задржат анонимноста, оние кои ги поддржуваат треба да се запрашаат од каде сега некои кои прво биле најголеми поборници за истата и запознавањето со нив било равно на ексклузивно право, одеднаш се дружат со пола (да не речам цел) форум и демек имаат заеднички интереси и морало да се запознаат.
    Морало, или другите ги провалиле, па имаат потреба да си го обноват кругот на познаници, бидејќи ќе нема со кого да излегуваат повеќе, ќе нема со кој да го вдишуваат воздухот на градот |( , бидејќи нивните стари познаници одамна суптилно ги откачуваат со разни изговори од куртоазија.

    Е таквите немаат проблем да ги дознаат кои се на форумот- и јас не би имала, зошто би имала кога тоа всушност не сум јас, туку некој лик кој што секогаш сум сакала да бидам, ама јеби га, едно е да сакаш а друго е да можеш, а интересно кај лагата е што толку се внесуваш, влегуваш во филм додека лажеш, ама после кога се одмотува клопчето забораваш на кого што си кажал, а потоа кога логички се поврзува јасно е дека работите не се баш така, всушност не се воопшто така.

    Оној кој што форумот го доживува како свој виртуелен дневник, како место каде што може да се искаже слободно, без да мора да трпи погледи сожалување, лажна емпатија или осуда, туку само сака да го “пушти“ проблемот, да го извади од себе, оние кои искрено советуваат споделувајќи свои лични искуства сепак не сакаат да бидат дознаени бидејќи токму тие страдања ги направиле посилни, и таа сила што ја граделе толку време пред општеството водејќи се по девизата дека не треба да се споделуваат најголемите проблеми пред луѓето бидејќи на еден дел не им е воопшто гајле, а на друг дел им е мило што ги имате, таа сила би се срушила, би биле exposed на некој начин а тоа не е убаво, нели?
    Посебно ако се реализирани во вистинскиот живот, имаат почит, не им треба потврда од модни критики да знаат дека имаат стил, се однесуваат или барем се трудат да се однесуват како дама/џентлмен и одлучуваат да се “дадат“ само на форумџии кои мислеле дека навистина вредат и дека заслужуваат дел од нивноте време, внимание и љубов.

    Размислете во која категорија спаѓате, и дали навистина ви е сеедно доколку би биле откриени, дали навистина би можеле да застанете цврсто пред другите дека тоа навистина се ваши ставови, дали би можеле да продолжите да лажете дури и кога би биле откриени (имајте во предвид дека се се дознава на крај, џабе се филмовите, ама некои и тоа упорно го игнорираат, мислат дека се семоќни :) ), па ако навистина не би е проблем, тогаш секоја чест.
    А ако потајно во вас некое гласче ве плаши, ви вели дека потоа нема се да биде исто, не ви е сеедно некој да ги знае вашите вистински проблеми (не измислени како плод на бујната, да не речам крипи фантазија) значи навистина сте биле искрени повеќе од другите, или барем ако ништо друго, се уште има во вас совест, некаквов вид на срам и човечност- кои се природни карактеристики и реакции на човек кога ќе биде фатен во некоја скришна акција :) .

    *секоја сличност на ликовите со реалноста е случајна, освен во ситуациите кога не е ;)
    (копирајт Еднооки)

    :hai:
     
    На BoaVista, Bright, glow и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Блиските знаат, но не се замарам.Бидејќи истете мислења во мојот живот,се и овдека.
    Ја сум таа што сум со исто мислење и овде и во приватниот живот, не сум дојдена овде да правам филмчиња,лице и нешто special.
    На кому му се свиѓаат моите мислења ок, на кого не пак ок. и тоа е тоа 8)
     
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Ќе морам да се откажам од форумов, не сакам никој да ми се меша во приватноста. ;)
     
  18. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Другарка ми знае, моите дома знаат дека сум зачленета и искрено: ништо нема да биде ако дознаат која сум.
    Се што го пишувам тука, тие веќе го знаат. Освен тоа, што мислите на кого сум се паднала толкава мрза? :^) Нормално, на мамичка. Таа има толкава неволност да се замара со што јас чувствувам во моментот затоа што знае како функционирам, знае точно што мислам со секоја фацијална експресија. Taто знае дека дремам на фемина, али што му е нему гајле дали ќерка му се пали на Џастин Бибер или повеќе и се свиѓа Рајан Фелипе. Дали се има бакнато некогаш, дали се има опијането или дали во моментот и се јаде пица или пак гравче. Ало бре, дневникот ми е оствен среде биро, на мегдан, со огромни букви пишува: Дневникот на ________. И никој ми го нема чепнато. Значи, никој од блиските нема да се замара, исто и ја.

    Ако "неблиските дознаат", пред да се налутам и да прашам зошто ми се мешаат во животот и ме замараат на секое можно поле, ќе се прашам себеси: why do I even care? :^) :)
     
  19. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    За сега никој не знае, ама не е затоа што кријам, туку онака, не паднало во муабет. :)
    Не е ништо страшно/трагично ако дознаат иако има личности кои не би сакала да ме препознаат.

    А многу многу би сакала да се зближам така повеќе со Феминкиве, затоа и си пишувам отворено и искрено на многу теми и многу убаво се чувствувам! :)
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Да дознаат мислам дека не би се замарале околу тоа што и како јас пишувам овде, чисто се сомневам и дека воопшто би ме читале ако дознаат.
    Навистина ми е сеедно доколку би ме дознале и би ме читале, ќе знаат дека сум јас, вистинската јас, затоа што од моите најблиски не кријам ништо, сум побарала и совет за проблем кој некогаш сум го напишала и тука. Немам проблеми со тоа ако некој ми го открие идентитетот, само сакам да се каже кој е, ако е и тој/таа член на овој форум.
    Сеедно ми е затоа што јас сум јас, и тука и пред моите најблиски. Цврсто стојам зад се што имам напишано тука, сметам и дека немам напишано сериозни и толку страшни работи од кои би ми било страв да не се откријат, фала богу од ништо што сум пишала тука не ми зависи животот.
    Сестра ми знае која сум, затоа што постојано сум логирана, ама не се замара мене да ме чита, си чита други работи :)
    Сесилија многу убаво напиша, и потполно се согласувам со тоа што го напиша, така да кога ќе се запрашам себе си за тоа каква се претставувам тука, и каква сум во вистинскиот живот нема никаква разлика, е сеа што да правам што сум биполарна, па некогаш може да ви се чини дека некои псотови друга личност ги пишувала :lol: