Никој бре не би ме дознал ако не се сликите во модни критики и линковите од музиката која ја слушам. Добро може еден, евентуално двајца или тројца. Надвор баш и не ја покажувам внатрешната моја, мила страна. И пошо се работи за поединци гајле ми е и така нив си ги сакам и обратно и нема потреба да се припазувам од нив. Него не би сакала некои други, споредни луѓе да знаат шо ми се врти во главата.
Дознале или не, ваму или во живо тоа јас што имам да го кажам ќе го кажам. Се едно ми е дали некој се замара да ме следи, да ми чита постови, да глуми детектив откривајќи која сум јас. Незнам само како не би ги мрзело да губат време на такви работи.
Јас од тоа не стравувам ни најмалце. Моето однесување не е ни недолично, ни вулгарно, ни навредувачко итн. и нема што да ме плаши. Во секој случај, тоа сум јас.
Не би сакала, најн, најн. Иам овде некои приватни ствари споделено, иако се пазам. Успат овде ја покажувам некогаш мојата нежна страна која лежи во срцевината на оревот кога ќе ме спопаднат некои кризи, многу фрустрации, нервози, љубови, желби, поплаки и ред други работи. А и да ме дознаат, па нема да е смак света.
Не кажувам и не би кажувала некои тајни на форумов, така да сеедно ми е иако сестра ми знае која сум. На 2 ги имам откриено на едната дури и порака и пишав , a и не се замарам толку со нивните мислења..што сакаат нека си пишуваат нивна слобода . Spoiler За едната го променив мислењето на подобро, не знаев дека е таква
немaм што дa кријaм...тоa што имaм дa го кaжaм ќе го кaжaм дaли нa форумов или нa друг нaчин...инaче имaм еднa личност откриено
не би сакала, незнам зошто, ама ете си читкам и пишувам само од дома, кога сум си сама и претежно навечер. другарките не ни претпоставуваат дека воопшто сум член на форум, а ако дознаат, тоа би биле личности што ми се блиски и што ги знаат моите размислувања и проблеми (претежно) а баш имам сликички спремено за темата модни критики и слики од идеи за нокти, ама сепак не ги објавувам. нека остане анонимно сега за сега.
Немам од што да се плашам. Сепак, се задржувам до анонимноста. Не за друго, имам многу мислења пишувано за менструација итн итн па ако ме дознае некој школски посебно, има да ме заебава дури не легнам под земја. Инаку шознам, баш ми е сеедно Сепак, не ми е толку толку сеедно бидејќи несакам сите да ги дознаат моите проблеми и нервиранции и се тоа... Затоа и сум зачленета на форумов да се олеснам и советувам со некои што не ме знаат, да сакав без никакви анонимности, слободно ќе залепев плакат во градов со реферат во кој ќе ги има сите моите проблеми и глупости
освен дечко ми друг никој не знае која сум, и дека воопшто сум член на форумот дечко ми дозна сосема случајно, дојде ненајавено а јас бев уклучена и пишував пост во некоја тема ( не можам баш да се сетам) и само ми рече ПЕПЕРУТЧЕ МОЕ УБАВО и се насмеа. Ме апсеше така да неам гајле, он нити го отвара форумов, нити па се замара, и онака се што пишувам тука си правм муабет на истата тема со него
Не ми е гајле воопшто.Поарно е да не знаат нормално али ипак и да дознаат па што не е крај на светот,па тоа сум си јас!
Брат ми ми го знае никот,го прочитал додека сум седела на Фемина.Ми пречи иако нема којзнае што да прочита.Не сакам никој а поготово домашните да ми ги читаат мислењата во Сдк.Ќе ми биде глупо да видат што чувствувам,за што размислувам.Многу сум стегната кога се работи за тоа,не сакам на никој ништо да кажувам.