Сестра ми знае,дознала незнам ни јас како.Ми вика знам дека на фемина си лорита,видов и те познав. Јас инаку не сакам никој од блиските да ме чита.Тука пишувам работи кои не се за кажување.Така да ..
Подолго време ми беше многу страв од ова, ама кога подразмислив сфатив дека баш и нема зошто толку да паничам. Не сум пишувала ништо лошо ни срамно, тука сум иста како што сум надвор. Сепак гледам да не откривам премногу лични и специфични информации по кои некој би можел да ме препознае. Не би ми било сеедно и не би била толку слободна во пишувањето кога би знаела дека некој познат ме чита и има можност тоа да го сподели со останатите што ги знам
Моите си немаат работа со компјутери т.е не ги занима компјутери. Освен брат ми, ни на крај памет не би отварал по форумот. И не се сеќирам ич. Иначе,само една девојка ме знае од форумов.
Сестра ми знае,и одвреме-навреме ме следи што пишувам.Ама не ми е гајле,таа е поголема од мене,нормално е.
Секако не би ми било сеедно, но повеќе сум самотник, сам волк кој завива на месечината. Не откривам ништо специфично за мене освен мислењето и размислувањата, а и што друго треба да се открие?
Ништо посебно немам напишано на форумов, општи муабети, општи коментари, така и ќе остане, затоа воопшто не е страшно било кој и да дознае
Маж ми знае дека сум на форумов ама незнае под кој ник. Мислам дека и една од моите другарки знае ама никогаш ми нема кажано директно па и јас си молчам. Не би сакала многу луге да знаат што пишувам овде. Незнам не дека имам пишувано кој знае што ама си го чувствувам форумов ко мое катче за бегство каде можам да си кажам се што ми тежи на душава без да мислам дали некој ќе се најде повреден, навреден или сл.
сите мои блиски знаат како се потпишувам на форумов и во секое време можат да прочитаат се што сум напишала кај нас дома нема забранета тема за разговор
Не се припотресувам околу тоа многу.. Блиски луѓе ако ме дознаат, сеедно ми е - јас сум таа што сум. Не глумам овде, нити лажам. Ако луѓе кои не ги сакам- ме дознаат, не би ми било толку сеедно... Сепак имам напишано мал дел од моето секојдневие, емоции... а тоа би сакала да си остане анонимно- поготово поради фактот дека луѓето денес се... неверојатни.
Па што и да ме дознаат. Немам што да се плашам и да се кријам...Никогаш не сум имала проблем да го искажувам своето мислење и се што ми лежи на срце и душа така што воопшто не му ја мислам ако некој ме дознае која сум. Го поздравувам ваквиот начин на комуникација и негледам ништо лошо ако некој дознае која сум овде на форумот,сепак и ова е некој начин на дружење и тука сите сме искрени (се надевам).
Станувам од компјутер, ставам глава во перница и плачам, сместа. Мислам нормално, нема да ми биде сеедно. Ене ја сестра ми, на 2 метри од мене. Ако ја интересира, може слободно да прочепка низ хистори на кромов, и да ме дознае која сум. Или па спред мислењата и глупостите да ме познае. Ама нејзе не ја интересираат тие работи. Знае дека сум тука, ама незнае која сум. Еднаш дури се уклучив пред една нејзина другарка, и она знае дека сум тука. Ама можно е и да заборавила. На почетокот, бев повеќе стегната. Ама веќе има повеќе личности, од, и надвор од форумот, кои ме знаат која сум, така да.. А, да сум кажала многу информации што не треба, ама што е, тука е. Јас не откривам тајни дека сум некој си тихи убица.