Би се чуделе. Бидејки работам, студирам плус уште 2 работи хонорарно имам...и баш би сумњале зашто не им е јасно ни вака како постигнувам а не па и на форум да ме има
уште кога го правев профилов знаев дека ако некој од блиските сака веднаш ќе може да ме пронајде, никнејмов м ие многу предвидлив. А и ме знаат, и знам дека секое мислење ми го имаат прочитано, ете некој дел од мојата потсвест така ми вели. Шта је ту је, не сум криела многу од нив намерно како и да е, така да што и да прочитаат ќе им е веќе познато, така велам затоа што после се што сум споделила ми е невозможно да помислам дека не ме знаат која сум, и слично.. освен ако сум во толкава грешка и сум наседнала на лажна блискост. Се е можно.
Со тоа што воопшто не ми е криен личниот идентите и не ми е важно јас не гледам на тоа како страшна работа. А за оние девојки кои коментираат на теми поинтимни и не би сакале да се дознаат ки се тогаш би требало да бидат повнимателни
Па и нема кој да ме открие,мајка ми и татко ми незнаат да користат интернет,едвај пазар3 и реклам5 Сестра ми знае дека седам на форумов ама не верувам дека ми читнала нешто,ама и да прочитала не е нешто што не го знае..А брат ми, и тој приметува дека дремам на фемина ама дека уклучил и ме барал меѓу илјадници тука за да ми ги прочита мислењата,не верувам.
нема да ми е приатно да пишувам како понапред но би продолжила да се изјасунувам тука каде што конечно имам приватност но мислам дека тетками ме знае хммм ах многу гаиле можеби ке се смее на струмичкиот акцент на тоа колку ми е чудно да пишам литературно хах
Значи,свесна сум дека после ставени слики во модни критики можеби некој ме познал,иако јас се надевам да останам колку што можам повеќе анонимна,затоа што сепак пишувам овде и некои лични работи (не којзнае колку озбилни) ама сепак би сакала да имам некоја доза на приватност.Да не сум сакала,ќе сум се потпишала со име и презиме. Не би ми толку пречело ако сепак некој познае која сум,затоа што како што кажав ставив свои слики во темата за модни комбинации.Но работата е што откако некој на одреден начин ќе ми даде до знаење дека знае која сум,очекувам да ми каже барем од каде ме знае.Некако ми е глупо да си мозгам во глава кој тоа би можело да биде.
Нека дознаат, нема ништо ново да излезе, ниту да се изненадат од тоа што го прочитале. Но можеби јас помалку ќе пишувам, знаејќи дека имам познати сталкери.
Ништо лошо ако дознаат....И така мајка ми,сестра ми,братучетка ми знаат се и се прочитале,а и не пишувам ништо лошо за да се срамам. А и да дознаат другарки(кои што ми се многу блиски) или некој друг од фамилија ништо лошо нема да биде Ке се трудам да останам анонимна за тие што не ме знаат и за некои што ме знаат ама не ни зборам со нив А и сакам да останам анонимна за другарки/другари со кои што помалку се дружам
Ништо страшно не гледам во тоа.. сепак секој си има право на свое мислење..но јас сум тоа што сум, без разлика на сето останато
Мајка ми знае за форумот и нема ништо против, татко ми еднаш ме виде како пишувам и ми рече пази со кој се допишуваш и сеа секогаш кога ќе осетам дека доага го гасам, а и од сестра ми се пазам да не ме види зш имам видено нека и таа го посетува форумот али акоунт мислам дека нема.
Брат ми знае мислам и гајле ми е. И ми се чини дека знае и под кој ник сум. Ама не му се сеќирам толку. Нема време тој да ми прегледува мислења