Знаат понекогаш им се интересни мојте постови некогаш се лутат,а впрочем мене ми е убаво чуството и супер се забавувам на фемина[imghttps://encrypted-tbn1.google.com/images?q=tbn:ANd9GcRwPceSJ4QUYRn8MYQrNdhzb6M60kM1beGF3fnFcQOdkFxLFeKeHA][/img]
Малце офтопик, ама некогаш полошо е кога некој од форумот ќе дознае која сте, па да почне да шири наоколу што сум напишала, и за кого што сум рекла, како јас да нема да кажам тоа што мислам на оној на кого треба. Извинете за офтопик.
ееее бре големо чудо не фрлам јас магии тука бог да чува си пишувам си тепам време нема ништо лошо тука и моја роднина е тука регистрирана (ама она не ме знае ) има жолто цветче па си ја читам и ништо не викам
Дечко ми ме провалил, па добро јас и не се криев нешто многу многу Не сум напишала ништо што не мислам, а обично она што го мислам го знае и тој. Си знае тој се што треба и што не треба, па што има сеа да се кријам
Може ке добијам мало ќотече од мајка ми заради тоа што кажав за сликите на мајка ми дека сум се смеела Не, шала на страна, ја тука не се тепам не колам, што може да се деси ? Ништо ако ме откријат ме откријат а некои веќе и знаат
Веќе многумина знаат која сум... сестра ми, дечко ми (ми го знае никот, но не чита), ланската цимерка која исто е член и една колешка која нема акаунт туку само онака воајерски го посетува форумот ме препознала. Светот секако не се сруши, но јас не сум опуштена онака како што би сакала да бидам. Во живо не искажувам емоции, затоа и сега многу работи кои сум сакала да ги споделам останале ненапишани, токму поради тоа што ме читаат луѓе кои ме знаат. Да би се вратила на почеток, максимално би се трудела да ја сочувам приватноста. Сега е веќе доцна, кој и да ме открие сеедно ми е, нема многу нешта да дознае.... а откако ставив и слики во модни критики верувам дека доста луѓе ме препознале.
Па сепак форумов би требало да е анонимен.Не дека ми смета толку ако некои блиски од фамилијата или другарки дознаат која сум на форумов.Но,ете некои работи може погрешно да се сфатат или пак да се извадат некои лоши муабети.Доволно ми е на фејсбук што треба да внимавам што пишувамда не се сфати погрешно.Тука(додека сум анонимна,ако сум сеуште ) можам слободно да пишувам без да мислам кој како ке го сфати.
Воопшто не ме интересира дали некој ме препознал или не. Никој не ми спомнал до сега дека ме препознал. Сеедно ми е. Но немам кажано дека сум активен член на никој, па ни на дечко ми. Активна сум и на друг форум, па и за тој незнае никој. Не дека ми е страв да ми ги читаат мислењата. Сепак ја сакам таа доза на приватност. Ми се допаѓа тоа што имам нешто што е само мое, нешто кој што никој не насетува дека го правам. Ми дава некаква чудна доза на задоволство, и ми го прави престојот на форумите поинтересен.
И да ме препознаат сеедно,Ниту кажувам државни тајни ,ниту ништо сериозно па и да знаат...Досега никој не ми има спомнато дека ме препознал која сум а ни немам на никого кажано
Во друга тема имам спомнато дека некои другарки знаат дека сум на форумов. Знае и мајка ми. Во последно време и други луѓе дознаа дека сум член тука, некои знаат дури и дека сум модератор. Но повеќето не ми го знаат корисничкото име, иако ако земат да прочитаат по неколку постови од секој модератор одма ќе знаат која сум. Ама не се замарам искрено. И да дознаат големо чудо. Една поблиска другарка само ми го знае корисничкото име. Или две.
Ова ми е единствено место каде можам да бидам буквално без влакна на јазикот и да си ги искажам чувствата без да мислам дали некој ќе ме исмева на слабоста или ќе ми се воодушевува на храброста која ја имам или немам. И немојте со приказните дека „нема да ви биде гајле“ и дека „ќе ви биде сеедно“, ако некој од блиските дознае за вашите постови тука на форумов. Можеби на некој навистина ќе му биде сеедно, ама се сомневам дека би било така и со оние кои овде кажале многу нешта кои им се важни, а сепак не сакале да ги споделат со друг и се одлучиле да ги пишат тука. Кај мене единствено мајка ми знае дека го посетувам форумот, сигурно претпоставува дека сум зачленета, ама знам дека нема поим под кое име пишувам. Можеби и братучетка ми знае, зашто се сомневам дека и таа е зачленета тука, ама можеби и не е активна. Имам и другарки/познанички кои се изјаснале дека пишуваат или го следат форумот, па затоа и почнав да внимавам како и што пишувам, па ете и престанав да ставам слики во модни критики. Кој дознал - дознал и нека молчи засекогаш. А јас ќе си останам верна на тоа дека би сакала и понатаму да си останам анонимна.
Maјка ми знае дека сум тука зачленета на форумов,ама искрено нејзи и не е интересира толку многу. Другарките незнаат дека сум зачленета,освен една која е запознав тука. А искрено ако би дознала некоја ете поблиска другарка нема да ми биде сеедно.Не дека имам пишувано нешто многу интимно за мене,ете најмногу имав пишувано во темата што би му кажале .А за него другарките знаат.Но нема да ми биде лесно. Некои мои сограѓанки ме открија која сум.Но за понатака ќе знаам да не пишувам толку многу лични информации за мене тука. Сепак не ми е сеедно,го сметам тоа за нарушување на приватноста. А и самата не би сакала секој да е знае мојата приватност.Бидејќи сум личност што несака многу да му се доверува на некого.Така и со форумов.
Засега ништо бидеќи немам многу работи кажувано за мене, но сепак ни сега, ни никогаш несакам да ме дознаат.
Една другарка веќе ме знае на форумов, но тоа не ми пречи, се и сешто му имам кажувано на форумов, и кога "се дознавме", малце ми стана непријатно, но што, се знаеме цел живот, ме знае што сум и каква сум како и ја неа, така да не ми смета а за други дали ме имаат дознаено незнам