Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако блиските дознаат која сте на форумов?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од angel92, 4 декември 2011.

  1. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Веќе се имам изјаснато на темава дека повеќе луѓе знаат дека сум член на форумов, некои од нив ми го знаат корисничкото име, некои знаат само дека сум модератор, а некои не знаат ништо освен дека сум обичен член. Е сега, една дотична бивша другарка која е неактивен член на форумов, почна некои мои мислења да ги користи за некои (за мене) нејасни цели, и иако беа искористени против мене кај одредена личност, не планирам да се повлечам од форумот, но планирам да намалам со испраќање на одредени информации за мене и мојот живот.
     
  2. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    ке се изненадат шо дете сум хихи ии ке ме гледаат :^) :o
     
  3. letaa

    letaa Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    mojot de4ko znae deka sum člen na femina no ne znae kako sum zapišana ni kako sum. Stalno čita i se obiduva da me prepoznae. Ne bi sakala nekoj d ami ja otkrie privatnosta. Togaš bi se čustvuvala užasno.
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Мајка ми веќе знае дека сум член и корисничкото име го знае, само не чита, затоа што не ја интересира :)
    И пред неа слободно си седнам на форумов, чкртам по нешто.
     
  5. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Моите знаат дека сум член на фемина, ама никому ништо, не ги интересира да ме читаат и слично, нит ми го знаат акаунтот.
    Една другарка ми го знае само, али не ми смета тоа. :) Сепак, не би ми било сеедно да го знаат повеќе луѓе... :?:
     
  6. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Другарките знаат дека сум член на Фемина и ми го знаат корисничкото име :) Има и една другарка од мојот град и е член исто и таа и некогаш си зборуваме за темите на форумот. Си се однесувам како што си се однесувам и обично.Не ги менувам мислењата и си стојам позади тоа што го пишувам
     
  7. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Многу мислења имаш напишано, ВНИМАВАЈ!
    Шансите, дечко ти да те препознае се МНОГУ големи. :geek:

    И да не бидам офф топик..
    Дечко ми и сестра ми знаат дека сум член на форумов. Знаат и дека корисничкото име ми е Јагода123
    Сигурна сум дека не ми ги читаат мислењата, а и да ги читаат нема да откријат нешто што веќе не го знаат.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Поголем дел од луѓето што ми се најблиски знаат дека сум дел од форумот, ми го знаат дури и корисничкото име, затоа што токму нив најчесто ги замарам со: Ај сликај ме за на фемина :D. Па тука следи: Лелеееееееееееее, пак ли.
    Прекини ма! ( туп апаратчето во рака ) :^) :D

    Или мајка ми ми е најсмешна.
    Воопшто не е internet type of woman, и не знае баш на кој принцип фунционираат форумите, па мисли дека тука се наоѓаат потомци и наследници на Никола Тесла, Ајнштајн, Бенџамин Фреклин... :^) Пример прееска наеднаш се врти накај мене и ми вика: Ај прашај ги тие од форумот зошто климата не сака да ни дува? И упатив јас еден wtf поглед и сфати. Побогу жено од кај би знаеле они :D.


    Како и да е, мило ми е што никој од оние што знаат дека сум дел од фемина, буквално никој не е по форуми или слични ствари, па да седне и да се заинтересира да чита мои мислења, или општо мислења на форумов оставани. Секоја минута помината тука за нив е залудно потрошено време. Beeeeeeeeeeep (pressing the red button). You are wrong! Case closed!

    Тенк ју.
    :bow:
     
    На kravce, senza.parole, Jagoda123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сигурно имам пишано ама ај.
    Ма ме дознаа две од школо, и дури едната и никот ми го знае, па женската ми се праеше преку лп.Едната не пишува, го забораи пасвордот, сега пак ке правела, ох маки мои, треба да им одржам мини лекција, посебно на оваа со поракиве, пошто ова не е фб.Мораат да сфатат.И ке и кажам на едната да не и го кажува никот мој на другата, зашто ме нервира.Фемина ми беше место за релаксација, каде што се што сакам можам да пишам, а сега? Сега треба цело време под штрек да сум да не ми мрчат.И гајле ми е, ке си добијат лекциички, да си сфатат дека несмеат името да ми го кажуваат.Па ало бре, ако сакав некој да ми го дознае немаше ЛитлФејри да ми биде ник.А што е најтрагично , едната почна за цветчето да ми мрчи, луѓе, пазете пасвордот да сум и го кажела сакала зелено цветче :смајлиштосекрстисолеванога: и викам, абе тебе да не ти диши главата.Незнам до кај со паметов бе :|
     
    На LittlePinky и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    Се што знаат тие знаете и вие :geek:
     
  11. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Само дечкоми ми го знае корисницкото име на форумов и исто ми се фаќа нисто не кријам од него нема и што да открие нешто посебно.
     
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Барем 10-ина луѓе ме знаат дека сум на форумот и ми го знаат јузерот. Ова не ги бројам луѓето кои сигурен сум дека ме препознале но нормално не си кажуваат, а ме читаат дали како членови или гости.

    Сепак, како што сум кажал претходно во разговор со некои луѓе, еве и сега. Моите мисли ќе течат слободно на форум.
    Не ми е гајле кој што ќе си помисли, или дали ќе ме анализира од страна или дали со нешто би открил дел од мојот живот, интима.

    Што и да споделам, шансите се дека веќе е доживеано од илјадници или милиони други луѓе на овој свет.
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Неизбежно беше брат ми да дознае зошто секогаш пред да излезам поминуваме низ процес: Ајде бе сликај ме за на Фемина *треп* :angel:, па следи превртување со очи и на крај ќе се согласи да чкрапне со апаратот два-три пати. Користиме ист компјутер, а секогаш сум логирана на форумов и не мислам дека ќе се замара со тоа да седне и да ми ги прелистува мислењата, иако знае и како сум потпишана. Од блиските знае и мајка ми, онака "случајно" има обичај да седне до мене и да се загледа во екран дур пишувам мислење или само скролам низ темите.. оние побезболните нели :D па и дозволувам нешто да читне.
    Од друштво не знаат ништо повеќе од тоа дека сум активна на форумов, а и да ме дознаат дал по слики или мислења нема да се изненадат. Многу од темите во кои имам пишувано сум ги дискутирала од нив, а за другите веројатно им е познат мојот став.
     
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ме боли коленото,ако ме откриаат ;)
     
    На bluegirl7 и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Па што ако дознаат...Не е ништо страшно...Ова сум јас ;)
    Каква што сум во живо таква сум и на форумот. :D
     
  16. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Сега за сега, само една личност ми го знае никот и дека тоа сум јас, ха ха. Но и да ме укопча некој која сум ништо страшно, затоа што како живеам така и пишувам овде и истите мислења ми се и тука и во реалниот живот, и тоа е тоа, јас не се срамам од самата себе, нели. :lol:
     
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Па гледам , да не се дознае а ме бива да праам будала на здрав мозок ќе негирам бе не е мој ќе кажам :D

    Не сум кажала , нема ни да кажам не помислувам на тоа . Ова е само моја лична работа . Не дека сум кажала кој знае што но не сакам да се дознае.

    ^^

    Девојки , а да ве прашам нешто ? !

    Абе како кажувате на дечковците или на другарки ама посебно ми упадна во очи дечковци ви ги знаат никовите па чак и пасвордите ? :o :^)
    Што ќе им користи тоа на нив ? Вие не правите ништо лошо не ги варате па тие мора се да знаат ? :^) Мислам стварно се запрепастив , ок е отвореност и искренот во врска , ама зарем не помислувате дека утре може да раскинете , да го растурите пријателството . Дека некогаш некои може да го злоупотребат тоа ? Не помислувате дека можеби некои ваши другарки и тие имаат профили но никогаш нема да дознаете за тоа .
    Тука свесно или несвесно даваш дел од својата интима , искреност , си ги кажуваш и поразите и победите . Зарем би сакале бифшиот или не(пријателката ) да знае што ви се дешава во животот , да знае како размислувате , барате совет се жалите , кукате паѓате во депресии ... Да не напоменувам што мислењата може да ви ги пребаруваат од 1 до последно .

    Не се дели баш се , не мора да се каже баш се нели ? !
     
    На something, drugarka, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Па ако ме дознаат ништо страшно тоа сум јас :hai:
     
  19. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    ќе има смеи :rofl: :rofl:
     
  20. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Маж ми знае, а и онака не планирам да кријам ништо од него. Баш пред некое време бев болна, имав температура и од ништо не ми поминуваше. И седам јас на лаптоп и барам совети од вас. И маж ми ме прашува после неколку минути: ’’И што ти викаат од Фемина, што треба да правиш?’’. Абе сед згазивме од смеење. :rofl: :rofl: :rofl: А исто така ме знаат и кумашинката и мојата најдобра другарка од средно. ;)