1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако вашето бебе има некој недостаток?

Дискусија во 'Бебе' започната од Nezna28, 11 ноември 2013.

  1. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Болна тема за секоја млада деојка која сака да стане мајка, тема на која никој и несака да помисли.
    Но секако такви работи се случуваат и затоа треба да се размислува уште пред да се дојде во таква ситуација. Што би направиле доколку докторите ви кажат дека вашето дете ќе биде со некаков недостаток(инвалидите) но кој не е опасен по живот. Дали би се одлучиле на Абортус, или би го родиле и со тоа би презеле обврска да се грижите за него, без оглед на се, иако свесни дека треба да направите многу одрекувања и жртвувања, речиси цел живот.
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Колку што знам, недостатоците се откриваат начесто 16-20 г.н, кога за абортус веќе е предоцна. Во тој случај докторите треба да дадат препорака за абортус, ако има потреба. Не е прашање на лична одлука, туку треба да има потврда од комисија.

    Многу зависи од тоа за каков недостаток се работи. Ако се работи за нешто посериозно, и ако има можност за абортирање, јас би абортирала. Не поради тоа што тоа ќе бара од мене откажувања и жртви туку затоа што нашето општество е немилосрдно кон лицата со посебни потреби.

    Многу пати се случува некои недостатоци да се откријат откако бебето ќе се роди. Се навикнува и на тоа.

    Луѓето се прилагодливи суштества, на се' се навикнуваат.
     
    На elimkd и sanjaeva им се допаѓа ова.
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Јас 8 месеци одев на контроли и на матичен и на приватен гинеколог и за тие 8 месеци се беше ок со бебето се е ок се е ок ам ана крајот се породив на 8 и ништо не е ок бебето со аномалија на рбетот и мозокот
    И сега што ????? Касно е за било што да се предземе освен да се молиш на господ да ти се управи бебето
    Татко ми сакал еден од гинекологот да го задави му влегол и за врат го фатил ама не е ни тоа решение ,па така си се помирив со судбинатана свои 19 години со прво бебе дека ете така било пишано така требало да биде Имаше и нервози и проблеми и плачки и социјални работници да не го даваем во дом на што јас никогаш не помислив а не пак да го дадам и од некои си прогнози најцрни што даваа за него сега после10 години сме си нај нај ок
    Имаше кризи операци и ред други неубави работи ама сепак сум благодарн ана господ што го остави живо да се радуваме на него
     
    На elimkd, sanjaeva, majdaa и 11 други им се допаѓа ова.
  4. B.I.M.C

    B.I.M.C Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Браво мајка, да се сите жени како тебе нема да има толку тажни дечиња по светов, за жал постојат и мајки кои си ги фрлаат и своите задрави прави деца, со пресечени јазици и по контењери ЖАЛНО. Сепак БРАВО за тебе уште еднаш.
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Личен избор е секако, зошто ако бебето има потврдена аномалија (пример преку амниоцинтеза), Комисијата не одлучува дали смее да се направи абортус или не, туку мајката. И` ги предочуваат сите проблеми и компликации што би можело да ги има во текот на животот, и оставаат на родителите да одлучат.

    Јас искрено, ако е ПРЕТХОДНО утврдена аномалијата, мислам дека би абортирала....ма не сакам ни да размислувам, скраја да е :(
     
  6. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Не знам, зависи каков недостаток ќе има. Ако е нешто големо, можеби би го абортирала, не дека јас нема да го сакам ако има недостатоци, туку бидејки тој ќе страда. Секако дека јас ќе му ја пружам целата моја љубов, и ќе бидам со него што и да се случи, но на светот има секакви луѓе кои ќе го исмеваат поради тоа. Не сакам моето дете да страда. Но секако дека ако е предоцна за абортус нема да го фрлам детето на улуца, како некои... :)
     
  7. edajagmur

    edajagmur Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Мене ме интетесира што знаете во врска со споени прстиња на нозете второто и третото..односно расцепот не е доволен како кај другите прсти...дали има некоја интервенција ова да се среди..?...

    Побарав на интернет не можам да најдам нешто што ќе помогне...јас се породив и се соочив со овој проблем...ве молам за мислење
     
    Последна измена од модератор: 29 март 2017
  8. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Mislam deka se resava so operacija, ne e strasno.
     
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Татко ми до ден денес е баш на тие прсти така... инаку може да се среди, но мислам до две годинки нема да ти дозволат бидејки не е убаво толку мало да прима анестезија (ептен ако мора), но ако е нешто што може да почека, поубаво подоцна. Баш имам и другарка само на едната нога така, па си има тетоважа како испрекинати линиички со ножички :)
     
    На mal.ecka и sanjaeva им се допаѓа ова.
  10. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    @edajagmur и моите на десната нога се споени,не се целосно но пола и повеке се..И никогаш не сум размислила за операција..И кај мене се вториот и третиот прст.
     
  11. majdaa

    majdaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2016
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Во врска со прстите имам читано дека тие луѓе што се така родени имале моќ во себе..... Исто била и Баба Ванѓа може ке ми се изнасмеете но ова го имам прочитано....
    Може хируршки тоа да се среди но зошто ако не пречи.
    И на моето бебе на двете нозе прстињата на нозете до малото прсте му се малце подоле од другите и се надевам нема да и пречи и со тек на време ке се среди тоа.
     
  12. edajagmur

    edajagmur Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    И јас се надевам да не и смета тоа...сега ќе пратам..да потпорасни малку..во случај ако е премногу видливо и смета ќњ прашаме за некоја интервенција...ако не фала на бога што со толку сме поминале..има се и сешто...
     
    На majdaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека за ова постои хируршки зафат со кој ќе ги раздвојат, имам слушнато за вакви случаи. Но сепак мало детенце е и јас не би го подложила на такво нешто, тоа и не е некој проблем. Дури според мене е најдобро кога ќе си порасне самото да си реши. Сепак не станува збор за некој голем и очигледен деформитет.
     
    На edajagmur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. edajagmur

    edajagmur Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Мене тоа ми е страв да не е многу очигледно па да се чувствува поинаку од другите...итн....само споредувам на секое до каде би биле слепени кога ќе порасне....се надевам се да биде во ред...
     
  15. majdaa

    majdaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2016
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Јас сум со малце криви палци одкога знам за себе, а не сум родена така туку постепено сами што се сомневаат дека е од кондури. И чуството е бедно се што носам е да е напред затворено да не ми се гледаат и скоро половина од летото сум во чорапи.
     
  16. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Женски
    Odamna ne e aktivna temava no nekija mamicka ako ima iskustvo da preporaca dobar plasticen hirurg koj raboti so decinja?. Na prijatelka detenceto ima nekoj problem so raceto pa ako mozeme da pomognime barem so preporaka na dobar doktor.