Што ако мојата мајка не ми беше мајка? Што ако живеев во Ирак,Иран,Пакистан итн? Што ако не сум таа што сум сега? Што ако брат ми не ми беше брат? Што ако бев славна пејачка во Америка? Што ако.....што ако... итн
Што ако си преќутев тогаш, се ли ќе беше во ред сега? Што ако сватев порано дека тоа не сум јас, тој не е јас не е за мене и што ако ги избегнев сите нервози депресии и години поминати во самотија? Ќе бев ли посреќна сега, ќе имав ли некого ? Ќе ги научев ли сите тие работи што ги научив во последните месеци? Што ако јас не бев јас, кој би била? Што ако еден пат не ме беше страв од иднината? Поуспешна ли ќе бев ? Што ако....
Што ако се родев во друго семејство, држава, каков ќе беше сега мојот живот? Што ако не се родев болна?