што ако не се запознаевме? што ако брат ми не ми е брат? што ако не искочев тогаш надвор? што ако не се родев? што ако не отидов да ја испратам другарката?
Што ако тогаш не паднев на тебе и не продолжев со тебе каде и со кого би била сега,би била ли воопшто среќна?
Што ако мајка ми отидеше на студии во Белград? Што ако се родев прва? (ова знам - Елена ќе се викав )
Што ако татко ми останеше да живее Белград? Што ако баба ми и дедо ми не одлучија да се вратат назад, ако останеа Германија, ќе се родев ли јас воопшто?
А што ако јас трчав? Немаше да јадам денеска толку многу и немаше да ме боли стомакот. Се чувствувам толку исполнета
Што ако не бев на распуст сега? односно Што ако имаше школо 12 месеци , без ич распуст? Како ќе издржевме?
sto ako na 18-19 godini mesto da se zapisam na faklutet kao so sakaa moite,da ja zaminev za anglija kao so sakav jas?kakva li licnost ke bev sega i kade ke bev?mislam deka cel zivot vo sebesi ke im go prefrlam toa,zasto mi bese mnogu golema zelba..
што ако останев заедно со мојот прв дечко, досега ќе бев најверојатно мажена. Хмм понекогаш се прашувам дали навистина сé се случува со одредена причина
што ако не ме посвоеле моите родители што ќе било со мене,што ако не сум имала можност да ги запознаам некои мои драги личности?
и што ако сега тато беше жив,што ако не ми се десеа некои работи дали ќе го имав истото размислување за некои работи