Што би било кога ти би ме побарал? Ќе ти падне гордоста или што? Ти си кретен.. Но еден од најубавите...
Да не имав толкава желба да се вратам во Македонија, сега би живеела во Америка. Да не те запознав, сега би била посреќна.
што би било кога би имала возачка-би трошела нонстоппари и нема да се завртам дома што би било кога би имало некој да ми ја исчисти кукава-би се наспала како мечка
Што би било ако мајка ми беше жива? Ќе бев јас посреќна, позаштитена, подобра личност ?? I'll never know
Што би било да не си го утнев факултетот,да си се запишев на тој што сакав,сега ќе си студирав во странство
Што би било да не се најдев на погрешно место во погрешно време ? ...а, ќе најдеше друг начин како да ми го загорчи животот
Што би било да го поминев денот со тебе на Матка - ќе бев пресреќна,исполнета. Што би било кога би се исклучила од фемина - ќе се досадував
Што би било ако не сум се родела? Што би било ако моите родители не биле заедно , дали повторно ќе сум се родела истата јас? - Понекогаш кој ќе се замислам во вакви прашања , едноставно немаат крај. Секогаш постои некое што, зошто.....
Што ако бев порешителна? Што ако се послушав себе си, а не родителите? Што би било ако се запишев тогаш средно музичко, а не економско? Што би било ако не ги прекинев со часовите по гитара? -Еее сега мојата гитара ќе беше жива и ќе СВИРЕШЕ...
Што би било кога не би била со него? Немаше да ми се случува сето ова, немаше да станам толку силна и ќе бев лигушка.