Да се запишев во основно музичко, но ајде одам на хор нема врска, но стварно и искрено ЖАЛ ми е што не појдов.
Значи што би било кога јас би била ученичка во Хогвортс,како овие тројца феноменални Грифиндорци?Абе имаше со тоа стапчето да направм и стадион во Битола и спортска сала и кој и да ме зезаше така понижувачки имаше во жаба да го претворам со коњско опавче....ете така (не,серозно...навистина што би било ако посетоеше Хогвортс и учев во него?Битолата ќе цутеше од мене....ама надвор од Хогвортс беше забрането )
Што би било кога би немале сопирачки со кои сами си ја кочиме среќата или другите ни ја кочат? Што би било кога би било нема пази само гази ? Што би било кога секој би си ја гледал сопствената мака и сопствениот пат ? е останува за жал само едно што би било ....
Се прашувам што би било ако не бев во врска со бившиот, од неа научив многу нешта, но пак тоа го сметам за грешка... Од таа врска имам и корист и штета...
Sto bi bilo koga bi bilo ... ne razmisluvam za toa, kje me ubie taa misla, demek se kje bese rozevo ... vaka sekoja sansa gledam da ja zgrabam, mozebi ne sekoja ama ogromen procent DA.
Бескорисно е да се поставува прашањето ,,Што би било кога би било? ,, Јас ова го сфаќам само како психолошки механизам за самоутеха на времето кое секако не може да се врати назад, дури ни во теорија.
Што би било кога би донела поинакви одлуки во некои животни ситуации кои ги имам? Можеби тогаш немаше да ми се остварат дел од соништата кои ги имав.
Што би било кога ке се потрудев малку повеќе кога ми се покажа прилика за во странство... Дали сега ке бев поуспешна..