Што би било да завршев политички науки и со врски да станев премиер на државата ? Ќе имаше ли ред како јас што сакам ? А уствари што би било да се запишам и на неполни 40 години да завршам политички студии ? @Biljarkata тебе те тагирам, ти знаеш да проценеш човек, па вака од твоја страна што мислиш ?
Ќе соберевме пари да те напраиме премиер, па ќе видевме. Јас верувам би направила ред, да беше само до тебе. Ама, има тука два фактори: - странски фактор- несреќен (без рачиња во медот) - домашен фактор-несреќен (без рачиња во медот) И трет фактор-тази дупка е гољама дупка... Да завршиш политички студии, само времето ќе си го губиш. Заврши нешто што има смисла, што ќе ти дава чувство дека правиш нешто со смисла.
На времето кога дадов се од себе да бидам полицаец, никој не беше тука да ми даде поддршка, сега ќе имав дефинирана работа, колку толку почитувана и стаж. Ама ајде животот ме носи на поинакви патишта (иако сум тип на човек што вика никогаш не остава на судбината да ме насочува, затоа што животот мој и одлуките ги имам во свои раце, ама некогаш среќата и некоја виша сила поддршка од фамилија и потесно семејство сум ја немал потребната..)
Што би било ако останев со него... Дали ќе имав сега семејство и деца? Што би било ако заминев во С........ а не овде, каде што сум сега? Дали ќе бев поуспешна и посреќна....
Го обожавам ова прашање и често размислувам на оваа тема колку само една постапка може да направи пресврт на настаните.