Дали добро и точно се изразив со насловов,па и незнам баш Да е сега покрај вас некоја личност која што се ја изгубиле,која ве повредила,која во моментов многу ви недостига,која премногу ја сакате(во случајов не мислам на дечко/девојка бидејки такава тема веќе има) што би и кажале? Се надевам дека темава дека нема да има клуч,бидејки колку што прелистав нема ваква,а мислам дека ни е потребно нешто вакво особено мене во моментов Да почнам прва Наменето за една стара пријателка: Со тоа што ме повреди и понижи мислиш дека стана успешна и постигна нешто? Не драга,напротив изгуби,изгуби засекогаш и отсега засегогаш ќе бидеш губитник во моите очи.
Зошто ме напушти?? Кога би продолжила во прашањето со - кога најмногу ми требаше, би излажала, зошто секогаш, секој ден ми требаш исто, еднакво, многу, премногу,најмногу!! Зошто?? Ах мамо!!! Ми фалиш, проклето ми фалиш Можеби гледаш од негде Колку пати се будев и во истата секунда се освестував дека те нема и ја проживував болката одново пак Ми фалиш!!! Ми фалиш мамичке!!!
Те сакам! И сакам да знаеш дека секој ден сум се по горда што наликувам на тебе. Ти благодарам што ме направи ваква личност
Пријателството одамна ни е завршено, но одвреме навреме ќе те видам и за момент спомените ќе се вратат. Бевме деца, бев наивна, им верував на сите, сакав само да се дружам. Како растевме ти почна да се однесуваш со презир кон мене, постојано бараше начин да ме понижиш. Бев доброто дете, бев мирна, тивка, учев, бев бубалица, не бев доволно 'кул' за тебе. Искрено, кога ќе те видам ми се гади. Но, тогаш и сфаќам колку сум горда на себе. Годра сум што и покрај сите подмолни работи кои ми ги направи, јас никогаш ништо лошо не ти направив. Горда сум што и денес сум бубалица која има свое јас. Горда сум што денес имам вистински пријатели кои не би ми забиле нож во грб додека ме гледаат во очи.
Сеа сум на работа 3км од дома ама да сум дома ќе им кажам на мајка ми и сестра ми дека сум ГОРДА на нив и дека најмногу ги сакам делот со сакање му го посветувам на моето милениче мачорот
Да не беше толку летната со паметот и да беше малце поразумна, и до ден денес ќе се здружевме. (за бивша другарка)
Не е вистина далеку од очи - далеку од срце, ама ете се заборава по малку. До уште добра другарка која едвај ја гледам два пати во годината, уште ми е мила безразлика на тоа шо тргнавме на сосема различни страни и останавме на „мора да излезиме на кафе“.
Ај да не јадите г**** дека навистина се ангажирате за мене (сосема ми е јасно какви манипулатори сте)-ова за блиски личности кои ме зафркнале во животот. По неколку дена ќе ми е најсреќниот ден-ќе те видам по толку месеци. Се надевам дека еден ден ќе сме постојано заедно и ќе бидеме среќни. Твојата убавина од ден на ден е се поголема.
Дојдете барем еднаш да ме видите, да ме осетите во вашите прегратки, да ме запознаете. Дојдете бар да чуете како ве викам бабо и дедо (за баба ми и дедо ми кои прерано си заминаа од овој свет, луѓе кои никогаш не ги запознав)
Јас сум инаку нели вака баш фина и културна женска, ама да ми се појави бившиот на очи (немаме никаков контакт година ипол) би му рекла да оди во три лепе... ...и да многу ми е драго што типката што те гњавеше се додека ние бевме заедно, а тебе тоа ти пријаше очигледно, ти опали здрава корпа по нашата разделба. Карма ис а бич! Енџој!
Mногу проклето секој ден ми недостигаш.ПРОСТИ МИ што не бев свесна дека еден ден можеби ќе те нема.Што за последно не те гушнав што незнаев дека оваа болка е засекогаш.Болка и празнина кооја секогаш ќе ја носам во себе дури и кога ќе умрам.Но едеен ден пак ќе бидиме заедно знам пак но на другиот свет пак заедно како некогаш татко и ќерка.............
Не знам дали си свесен дека со глупоста што ја направи ми остави грижа на совеста која и после скоро 5 години не поминува. Што да ти кажам, освен дека не вредеше со смрт да платиш.
Издржи, издржи, и ќе шетаме заедно за рака фатени, ќе се гушкаме, ќе спиеме заедно, ќе градиме иднина, Те сакам многу секогаш да ти биди то на памет прво и секогаш сум тука за тебе