Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би им кажале да беа покрај вас?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Quuen, 30 јануари 2017.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Само гледај ме во очи, слушај што ти велат.....слушај ги солзите кои капат која песна ти ја пејат..и на крај допри го срцето, почувствувај го ритамот на бескрајна љубов:l:
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.994
    Пол:
    Женски
    Ми недостигаш ти и твојата несебична грижа.Само ти несебично ми помагаше.Ги слушаше сите мои маки и наоѓаше решенија.Многу ти благодарам.
    Сега си далеку,меѓу ангелите.
    Слава ти! ;(
     
    На stetoskop и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    38
    Ne mi teknuva vo momentov sto bi i kazala,no znam sto se ne bi ja isprasala :(:^):!:;(
     
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Останувам на мислењето дека не постојат реченици со кои би опишал колку ми значиш. Не знам дали си свесна за тоа, но прочитај ги нашите разговори и размисли дали навистина веруваш во тоа дека сум личност која би ти наштетила. Знам дека моите зборовите не ти значат ништо.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  5. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Ми фалиш... Само ти знаеше како да ми предизвикаш насмевка од срце... Само ти знаеше како да ме натераш да си ја согледам убавината и вредноста... Се надевам ќе ми се вратиш...
     
    На stetoskop, Animali, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Screenshot_5.png
     
    На stetoskop, hermosa и violetblue им се допаѓа ова.
  7. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    И пак се потсетувам на нашите разговори. Веќе ги знам на памет. Ја знам секоја твоја реченица. Не знам дали и ти се сеќаваш? Претпоставувам дека не. Само не ми е јасно како станав толку лоша личност во твоите очи? Како да не се сомневав во твојата искреност кога многу причини го потврдуваа сомнежот. Во една прилика рече дека никогаш нема да го направиш тоа што ми го направи таа. Да ме наречеш исто како таа во една прилика. И ти го прекрши ветувањето, како и јас во безброј ситуации. Би сакал да можам да променам се, но твојата гордост не ми го дозволува тоа. Да можам да го вратам времето немаше да ги напишам тие тешки зборови. Од тој ден се смени се во мојот живот. Се тргна во надолна линија.
     
    На stetoskop и worrieddd им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Screenshot_20190117_174746.jpg
     
    На stetoskop, joy1 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Колку многу сакам, да можев да го вратам времето едно 5 години назад. И тогаш да го слушнам поинаквиот одговор што би ми го дал...
     
    На stetoskop и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Една година подоцна... Сѐуште те немам сретнато. Сѐ повеќе те нема, а сѐ повеќе те има
     
    На joy1 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Ikickabebusce

    Ikickabebusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    3.152
    Пол:
    Женски
    Сакам да бидеш овде со мене бидејќи ми фалиш многу (на сестра ми)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Само спомени остануваат...

    Сакам да ти кажам дека после се мене ми е најважно ти да си добро. Јас сум навикнат да живеам со болка и да страдам. Денот кога покажав грижа и сакав да сторам нешто за да ти покажам дека ми значиш, сфатив дека всушност воопшто не ми веруваш . Ми рече дека ти значи тоа што се грижам за тебе. Сакам само да знаеш дека навистина ќе го сторев тоа. Да ми дозволеше да го сторам тоа можеби се ќе беше поинаку. Јас ти ја отворив мојата душа и ти го ставив моето срце на твоите дланки , за ти подоцна безмилосно да го змечиш барем јас така го почувствував тоа во тој момент. Поради тоа што имав чувство дека ти пречам беа сите тие извинувања. На крајот очигледно навистина ти пречев и бев во право, само ти не сакаше да го признаеш тоа. И првиот ден кога го започна разговорот со мене , ти реков дека не сум сигурен дали е паметно да ти се доверам . Не им верував на луѓето во тој момент, како што и сега не им верувам. Ризикував и ти се доверив, поверував дека навистина ти е грижа за подоцна да ја почувствувам горчината на вистината. Вистина во која после се не сакам да верувам, можеби беа само слатки лаги или некаква игра. После се не можам да знам бидејќи не ја кажа никогаш вистинската причина. Ако се беше игра жал ми е бидејќи заборави дека и јас имам чувства. Се наближува и денот кога ја добив најубавата роденденска честитка од тебе. Сега после се го мразам и го преколнувам тој ден кога дојдов на овој свет. Не знам дали знаеш дека проклето сум тажен поради сето тоа што се случи? Уште ми е потешко, бидејќи не можам ништо да сторам за да ги променам работите. Ако некогаш некаде го слушнеш моето име, се надевам дека ќе се сетиш на мене. :hug:
    Можам да пишувам цела вечност. ама залудно е очигледно
     
    На stetoskop, cresa-jagoda и LiliBoz им се допаѓа ова.
  13. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Само еднаш, само еднаш да видиш како им е на другите. Сега се ќе беше поразлично, но и на моето трпение му дојде крајот.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    На овој ден пред една година од тебе ја добив најубавата порака полна со искрени желби и убави зборови.

    Таа порака ми ја разнежни и стопли душата. Разбуди некое жарче од кое пламна искра и понатаму не можев да го спречам тоа. Единствено жал ми е што порано, не ти признав некои работи. Да бев барем малку храбар немаше да ги кријам моите чувства толку долго. После се таа искра која пламна од мало жарче ми ја изгоре душата. Жал ми е доколку те повредив. Никогаш не ми беше тоа целта, ама барем малку ако ми веруваше можеби немаше ниту јас да се сомневам во тебе. Ти благодарам многу бидејќи си единствена која ме направи среќен барем еднаш во мојот живот на тој ден, а претходно го мразев како што го мразам и сега. Можеби на чуден начин покажував дека ми значиш и дека се приврзав за тебе. Ама таков сум што да правам. И јас се мразам бидејќи сум емотивен и би сакал да го променам тоа. Се надевам дека еден ден ќе ме разбереш. :hug:
     
    На stetoskop, cresa-jagoda и LiliBoz им се допаѓа ова.
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Да си олеснам на душата барем...

    Помина долг период и сфатив нешто многу важно. Никогаш не ти било грижа за мене, ниту за моите чувства. Колку сурово да звучи , ама тоа е реалноста и треба да се помирам со неа. Бев наивна будала што верував на твоите зборови. Зборови кои уште ѕвонат во мојата глава. На крајот јас испаднав лош човек во целата оваа фарса, ама искрено не ми е грижа после се низ што поминав. Никој нема право да ме осудува бидејќи не знае воопшто што чувствував кон тебе и како се чувствувам после се. И ти немаш право да ме осудуваш после се. Очигледно никогаш не виде колку ми значеше и се грижев за тебе. Баш ми е жал поради тоа што не беше способна да го согледаш тоа или намерно го негираше тоа. Во една прилика рече дека не си безмилосна и безчувствителна личност, се прашувам дали уште веруваш во тоа што го кажа? Што и да се случува понатака мојата болка нема да помине никогаш.
     
    На stetoskop, cresa-jagoda и Brinetka им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    Сакам да ти го дадам моето искуство да го помешаш со твојот памет. Ама..
     
    На RAF Camora и Brinetka им се допаѓа ова.
  17. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    758
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека сега си на подобро место каде што ништо не те боли и каде што нема тага... Прости ми што не бев подобра сестра! Се надевам дека не гледаш и чуваш од негде и дека еден ден ќе се сретнеме пак!
    Ми недостигаш премногу! :'( <3
     
    На Mese4ka92, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    :?:

    Не знам зошто кога ќе падне ноќта се потсетувам на тебе. Можеби поради таа ноќ кога останав буден до утринските часови и размислував дали е паметно што искрено ти кажав што чувствував. А знаев дека погрешно постапив. Ме облеа ладна пот тогаш. Се преколнував самиот себе, ама предоцна беше и знаев дека погрешив. Сеедно ми е веќе дали е ден или ноќ, кога мене веќе долго време ми е паднат мракот пред очите и талкам сам во темнината.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. your-girl.-.friend

    your-girl.-.friend Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.496
    Пол:
    Женски
    Засекогаш ќе ми биде криво што не те запознав. Прерано си заминал од овој свет. Бар да почекаше да се запознаеш со мене. Животов е многу не фер игра. Ги зема најдобрите личности.:|
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    173.604
    Убави работи се случуваат во семејствово...од убаво поубаво....ко вечерва .... и замисли без димитрин сум ... ама боли у пм,проклето многу боли ,јер недостигаш
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.