Нема да се врати времето,ќе не можеш да ги исправиш грешките кои свесно ги правиш одново и одново...Не си изморен?Не си осамен?Не ти е доста? Не ли гледаш дека ме кршиш?
Da veruva vo mene i deka eden den ke gi ispolnam nejzinite zelbi.....Kade i da si denes sum uspesna.......Mamo
ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ МАЈКО ШТО НАПРАВИ ЗА НАС ВО ЖИВОТОТ. Што направи за себе,а? Требаше повеќе да се гледаш себеси а потоа другите...
Веста што денес ја донесе синко , ќе те израдуваше мнооооогу .... Признавам да скоро и да кренавме раце од идејата, јер претешко беше ....ама денес, еве... се ќе биде како што ти имаше у план ...
Да не слушаше повеќе сега ќе беше покрај нас... Немаше да има солзи, болка и празнини во нашите души... Да беше покрај нас ќе се радуваше и славеше за сите убави новости што ги имаме откако си замина... Се надевам дека од таму далеку не чуваш и се радуваш за нас
Ана мојот живот без тебе нема смисла. Не ти кажав дека те сакам само поради стравот дека не би се помирил никако доколку би ми рекла не и не би имал смисла животов понатаму. Не ми требаат ни милиони ни трилиони ни слава ни скапи коли мојата животна цел живее само на километар од мене и некогаш ми беше другарка. Имав неколку подолговрмени врски и подлабоки интими али никоја никогаш не засакав. Ти си све што ми треба немам потреба ни од пријатели ни од ништо. Не постои нешто што не би го направил за тебе освен да се соочам со стравот дека покрај да ипак можеби постојат мали шанси да биде не. Те сакам веќе 7 година завршив средно а ние кога идевме на курс и кога те засакав бевме 8 можеби нештата можеа да бидат многу поинакви да знаев да се однесам тогаш али јбг бев малишан и глуп и блокиран кога стануваше за тебе збор. Поминуваат деновите сфаќам колку ми е животот безвреден и никаков како стареам и колку моменти заеднички ќе имавме до сега ..... Кога слушнав за првата твоја врска у средно бев од една страна среќен што тебе ти се случуваат убави нешта у животот а од друга страна ми се распара срцето што знам дека те заслужувам повеќе од било кој после сите болки од детството и лошиот живот претрпени и сите болки што ми ги зададе љубовта кон тебе. Заслужувам само еднаш барем да бидам среќен а за мене среќа си само ти. Те сакам. Се надевам дека до крајот на животот ќе успее да стигне тоа некако до тебе и дека ќе дојде време кога ќе бидам спремен и нема толку да боли.
Пичимо 300/ч... тамо куде ти застана,ја продужи...и добро иде...некад сам изненадена сама од себе , просто се чуду дали сам тој ја ...која лигла сам била до пред 5год.човечееее ...с'г нема сила што ќе ме заустави у тој што ќе га намислу ... Ај, одмарај ... ....
Дај бе дојди да се видиме. Ми фали твоето присуство, твоите шеги, твоите филозофирања и подучувања кои никогаш не ми здосадило да ги слушам туку се радувам што учам од тебе. Ќе излажам ако кажам дека сеедно ми е дали си тука или не или дека ич не ми фалиш. Незгодно ми е повторно да те барам, бидејќи да сакаше верувам досега ти ќе ме побараше. Се воздржувам оти страв ми е и да ти досадувам. Нема нешто што во овој момент посреќна би ме направило. Се надевам ќе дојдиш за брзо. Се надевам...
И 1000 грешки да исправат,пак нема да имаат душевна чистота како твојата. Сакав ти повеќе да останеше на овој свет.Ти ми беше потпора и ради тебе немав страв од нив. Вака сама не знам како ќе терам во животов,ама не се откажувам.Не се откажувам затоа што тоа би те скршило.
Фалиш многу... Не остави сите скршени од болка... Посакувам да си тука, да се смееме. Како порано. Се плашам да ја отворам галеријата и да ја видам сликата од тебе, зошто знам дека после тоа нема да можам да се смирам. Ни остави животна тага во нашите срца. Се надевам дека ќе не гледаш од таму горе. Физички не си присутен, но психички да. Секогаш ќе живееш во нас. Почивај во мир и спокојство.
Нема да бидам таму тој ден кога сите ќе бидат. Не сакам да бидам меѓу луѓето кои те отераа во гроб. Ќе дојдам некој друг ден да го посетам твоето вечно живеалиште. Го помнам последниот разговор, последните зборови кои ти ги кажав беа да си жив и здрав. Посакувам да не беше тоа последниот наш разговор.