Конкретно ништо иако имам некои две случки (пред х години) што ме погодиле малку повеќе само зашто биле неочекувани (во одреден момент). Вежбам отпорност во слободно време.
Секогаш кога ќе требаше да испаднам на кафе дедо ми ми велеше: А зошто да испаѓаш јас ќе ти сварам кафе. Да е тука ништо не би му кажала но силно би го прегрнала и би сварила по едно кафе. Колку кафиња не испиени колку зборови недокажани...Недостигаш деде.
Фала ти за тоа што во текот на целиот живот ме подучуваше за се и сешто, лимитран со образование, ама како карактер голем. Да беше жив сега знам дека секој ден ќе сакаше да те повозам со колата и ќе ти беше многу мерак. Исто така знам дека јас ќе те возев а ти на секое ќе ми наоѓаше грешки и ќе ја перевме и чистевме секој трет ден колата да биди чиста. Ах дедо дедо.
Многу нешта останаа не кажани од како тивко и наеднаш не напушти .Сеуште не сакам да се помирам со тоа дека нема веќе да те видиме .Замина и не остави така како што и сакаше наеднаш и без болка.ЗОШТО?Зошто замина кога сеуште ми требаш да се радуваше со нас ,со внуците ,со мама .Чувај не и радувај се со нас од небото со ангелите.Премногу ми фалиш татооо .