Уште 2 месеца и чао адиос,уште да ве известам само,вие мислевте цел живот ќе ме заебавате ама сте се зафркнале,којзнае што глупост ќе треснете кога ќе ви кажам,само фала му на бога за овој благослов,имало спас и начин да се оттарасам и несакам никогаш повеќе да ве видам,10 години од животов,најубавите години работев како коњ и не забушавав,не се бунев за ништо за на крај да не ме цените ни како човек ни како работник и да ја фалите алапачата еве изволте сега само она нека ви работи,доста беше.
Господине претпоставен! Знаете зошто никој не ви работи и сите дремат и забушаваат? Затоа што немаат стимул, мотив немаат за работа. Им трупаш по 4 различни работни задачи на работниците а ги штитиш неработниците, ко по секоја цена да сакаш на сите да им се допаднеш и упорно им удоволуваш на оние што не те фермаат за жив, а не па за претпоставен. И оние што ти работеа сега забушаваат зошто гледаат дека џабе се работи во твојата институција смрдена. И јас ќе си дремам и ќе избегавам работа од денес зошто стварно веќе ме пукна, нема смисла да работам туѓа работа додека колешкава си седи на пауза. И не не е изговор тоа остави го неработник е ништо нема да сработи и не не ме залажуваш со тоа ти си работник, интелигентна си и снаодлива и одма ќе го стуткаш тоа, знам дека правиш филмчиња и може па позади грб и ми се смеете на рогчињата, ама ај ќе ти спијам и јас од утре.
Ќе се цитирам сама себе..... Колку само сум грешела, прв пат во мојот живот да згрешам со проценка на колега/претпоставен! Тотално разочарување! Не заслужив толку низок удар! Јас ти простувам, се надевам дека и господ ќе ти прости, но од сега натаму ќе бидеме на строго службен однос, се до тој момент кога ќе најдам друга работа.
Јас шефе си идам, ти што сакаш прај. Само ако најдеш будала ко мене што ќе работи исто темпо, заврти го мојот број.
Кој те најде тебе шеф да бидеш? За толку прост и неодговорен човек да биде шеф, треба да има тешки привилегии.
Се надевам дека еден ден ќе слегнеш од ниво на шеф на ниво на работник, па некој друга иста будала или поголема од тебе ќе ти биде шеф, па да видиш какво е чувството да си одолу, а не нон стоп од врвот да се изживуваш врз луѓето без некоја посебна никаква причина за тоа.
Драга госпоџа тешко е да се работи за тебе. Најискрено од срце и најдобронамерно мислам дека треба да си бараш помош. За нечовечноста, недостатокот на емпатија и злобата нема лек, ама за паранојата од која боледуваш сигурно дека нешто има да ти помогне.
Ти си најдобриот газда на светот, даваш пауза по моја желба, одмор колку сакам, редовно ми плаќаш здравствено и пензиско, секој ден частиш кафе и доручек, сите клиенти со насмевка на лицето ги чекаш и иако не си ми дал уште плата до пензија би работел кај тебе. До Нова Година чекам к-15 кое нормално ќе ти го вратам и една убава прослава у кафана.. Поздрав Царе.... (трговец поединец )
Зашто тажно? Најбитно е да си среќен на патот кон работа, зашто таму поминуваме 8 часа (11) дневно секој ден најмалку 40години. Налет парите ако 3тина живот ти помине во стрес и нервози