Пф,па затоа бре проценуваш ситуација,ги согледуваш сите факти и причини,ќе се погледеш и себе и све со ред. Некогаш некоја врска,љубов,што знам,повеќе вредат,да се изразам ко од шпанска серија,ама па така му доаѓа,се посилни од ситуацијата која можеби била момент на слабост што ти знам таму.Ама стварно,жив човек,па се случува.Ама треба да си ја опипаш ситуацијата во целост,некогаш стварно нема простор за сомнеж.Не дека од старт ќе ти биде пуно у рамно,ама со тек на време ќе се надмине. Ма се си зависи од изневерувачот шо чоек и онака,од изневерениот што чоек е и воопшто врската на што ја изградиле.Ова ти е равенка у пм.Излишна е дискусија. А како се фативме на темава,па толку со самодоверба,ко да ќе не моли да му простиме.Можда тој ќе се израдува и тој ќе не шутне.Ле-леее...тогаш вие со сомнежите,не знам што ќе правите!
Aма зависи и од карактерот на изневерениот партнер. Конкретно за мене колку и да работи на довербата, колку и да се труди е џабе, отишло се во неповрат. Лилит, па тоа е сосема друга тема. Ако го направил тоа зашто не знаел како да не шутне што да се каже повеќе
Пред 10-на години дознав дека тогашниот дечко ме изневерил....уствари го фатив на лице место, сосема случајно налетав на него баш кога беше излезен со друга девојка....само си поминав покрај него и другарите негови, културно се поздравив со сите, дури и со девојката која ја имаше гушнато и си заминав. Сите имаа ваква реакција Може си мислеа ќе му мавнам бокс, ќе му истурам пијачка... дури и тој си зазема одбранбен став...се потргна наназад...сега кога ќе ми текне се газам од смеење, смешна ми е фацата негова. Ама тогаш не ми беше смешно, бев скршена, понижена, се чувствував ниско, глупаво, омаловажена бев ....ама битно се направив дека не ми е гајле, бев кул После следеа извинувања, објаснувања итн. итн. му простив....глупа бе, глупа е, сега да ми е овој памет не би му простила, ама него не би му простила , имаше во таа глупа врска и др. глупости и сра*а. Сепак простувањето зависи од многу фактори... дали вреди да се прости, каков е човекот, зошто дошло до изневерување, дали вреди да се бориш врската да опстане, дали има основ пак да се стекне доверба, дали вреди да се даде втора шанса. Но, од др. страна пак се согласувам и со Виножитка, сомнежот ќе ме убие, а познавајќи се себе си долго време и би ми се гадело од него, да ме допира, да ме бакнува, а знам дека бил со некоја си некаде.... Така што или ќе простиш и ќе заборавиш, ама вистински да се потрудиш да заборавиш или ќе си отидеш....трето нема.
Прво, како и низ форумов и во реалниот живот често ја среќавам изјавата дека неверството НИКОГАШ не би го простиле, дека НИКОГАШ не би изневериле, има и таква група која верува дека тоа ним како пар НИКОГАШ нема да им се случи (поради физичка и интелектуална и сексуална супериорност - умислена или реална не е толку круцијално, но упс, се случува и кај вакви парови). Ако тоа навистина е така, тогаш навистина е благослов и некоја виша сила ви е екстремно наклонета, ама најчесто не е така. Никогаш ми е многу тежок збор и крајно исклучува можности, значи облигаторен, но и екстремно ограничен. И ко за инает вакви смели зборови често ја предизвикуваат лошата карма, за да човек си се погази себеси и дојде до она дека никогаш и не треба да се рече никогаш. Затоа, најдобро и да не се рече воопшто. Сега веројатно голем дел мислат како ваква изјава е резултат на немање доволно принципи и сугестибилност и лабилност и потенцијална можност од правење на истото на оној кој ја дава. Мое искуство и лично и гледано од страна ми потврдило - полесно „гори„ оној со тврдокорниот никогаш став отколку оној кој ја зел како можна веројатноста од случување, а сепак не дозволил да се реализира бидејќи првиот е заслепен од заблуда додека другиот е буден и спремно ќе ја дочека опасноста. И друго, она што скоро никој не го зема во предвид е емотивното неверство. Бидејќи ако било кој си дозволи да поминува време во квалитетни разговори и го сака повеќе друштвото на онаа другата личност отколку сопствениот партнер и дури се види себеси во мислите заедно, почувствува пеперутки и др.ѕверки во стомак и посака физички контакт, АМА ништо од сето ова не се реализира телесно или физички - демиџ ис дан и ова е неверство. И секој кој мисли дека не е, нека го замисли сопствениот партнер во ваква ситуација и нека си признае дали не боли истата, бидејќи еј, тебе веќе те нема во кадар истиснат си на многу поподмолен и посуптилен начин отколку во просечна фаст-фудовска едновечерна чук-чук-чао сеанса. Само голем дел луѓе бараат оправдување за себе и не си го рачунаат за грев емоционалното неверство бидејќи телото им останало чисто пих, сеа за срце или ум поапстрактно е и не се важи, што секако е самоизмама. И сите, ама баш сите имаме очекувања од сопствените партнери. После месеци, години се‘ поголема е веројатноста да се јават отстапувања од тие очекувања и во име на љубов и почит и време и нерви вложени се подголтнува и подзамижува, а од друга страна секој има интеракција со други луѓе, кој е сигурен дека до крај на живот, нема да пројави чувства или нагони кон друга личност, тоа дали ќе се реализираат или не води уште кон поделикатна ситуација, мое мислење е дека рационален човек нема да даде категорично не, тоа мене нема никогаш да ми се случи одговор. Најдобро е секој да е приземјен и начисто со ставот дека нема вакцина против изневерување и начин никој да го одбегне, а има тука мене ми е малку комичен овој пристап повеќе е искрено женски начин на „размислување„ еј, па зарем да ми е гајле што бил со онаа, па грда е ко слон, па невидена глупача, ни до колена не ми е, па, да ама дури и да е така мис Прфект гес уат - може има подобра душа и тој покрај неа се чувствува едно 10 пати подобро бидејќи наоѓа искрена поддршка и таа е три пати најмалку подобра во секс. Можно сценарио? О, да! Сега, како ВСУШНОСТ се реагира на неверство- 1.Импулсивна група - прва категорија - тоа се луѓето кои навистина го отпишуваат партнерот од својот живот трајно и не ги интересира ни мотивација ни било какво детализирање на причинско-последичниот однос поради повредено его, изневерена доверба плус јавно понижување - елементот на јавниот одраз на изневерениот често е голем мотиватор за било каква реакција . Втора категорија - драматизација вербален атак некогаш во комбинација со физички напад, ама без дефинитивно напуштање и можност со оладен памет да се проанализира причинско-последичниот тек. 2.Инаетчии и одмаздољупци - тие има да останат со партнерот и сега тука има исто 2 категории. Кај првите преовладува овој тип на инает ха, јас сум вложила толку години и емоции и борба за оваа врска, сега таа мочла да ме истисне, има да се зацементирам бе до него, па во принцип најпрво инаетот воден од гнев преоѓа во натамошен конструктивен инает за одржување и зацврстување на врската. Вторава група одат на варијанта - клин со клин, да возвратат во иста мера е сега дали после тоа ќе останат или не со партнерот и не е најважно. Ова е д врст сценарио евр најсамодеструктивно и донекаде ај разбирам во средношколски период ама кај луѓе над 25 год. е подобро да не коментирам. Во принцип оштетената страна дозволува да има секс со буквално првиот што ќе налета за да се почувствува демек подобро од загризот во ткивото на одмаздата, ама подоцна сфаќа дека тоа ткиво ти е контаминирано и полека си се самодоотепал. 3.Игноранти - ги има и вакви на кои и да му ги ставиш пред фаца и гаќите од оној/онаа со која е извршено неверството најдени во автомобилот или сопствената спална и да има уште милиони знаци - тајни телефонски разговори и сомнителни ноќни чести деловни состаноци тие пак ќе се самозалажуваат дека се‘ е ок. Првоизбраната опција на негирање трупа огромен задкулисен гнев и овие се понекогаш најморничави и често се комбинираат со групата бр.2 на инаетчии и одмаздољупци. Тоа беа во кратки, па може и баш не црти - варијации на тема шуд ај стеј ор шуд ај гоу после неверство. Заминувачот ќе треба да живее само со лошиот спомен и ќе е најмалку тројно попретпазлив во иднина кај идни партнери, кај некои преминува и во опсесија со следења и постојани проверки што е крипи и многу нефер бидејќи се проектира повреда нанесена од друг на некој тековен кој е обвинет без вина и право на судење неосновано. А што доколку се остане? Реално тешко се преминува преку неверство. И покрај цела разумност и не уфрлање на вината за доручек, ручек и вечера има периоди кога отворената рана пак ќе заболи како фрлена сол на свежа или краток и интензивен бол како од невидлив ласер. Сум рекла и другпат после неверството врската изгледа како античка скулптура колку и да е совршена однадвор, само од многу блиску и се познаваат пукнатините. После многу време и разбирање има шанси за регенерација понекогаш. Понекогаш пак се напушта борбата за опстанок на врската и се заминува после извесен период. За крај, иако е најфер да се напушти партнерот пред експерименталните зафатчиња со други, ретко кој игра фер, а богами и спортот изгледа до некаде е крив за потребата од играње на картата - резерва, иако пак од друга страна онаа лакома задница волна да седи на две столици и на земја завршува, секако гравитацијата е крива...
Што би направила??? Пааа со штиклата би го треснала дирекно во чело Ама нема што ја да му ја мислам нека му ја мисли он
Зависи од целиот сплет на околности и од многу фактори. Но, со оглед на тоа дека сум човек кој многу тешко стекнува доверба во луѓето, и да му простам - врската секако за кратко време ќе пропадне. Никогаш нема да си дозволам да паднам на тоа ниво да се бламирам пред него, а уште помалку во јавност истресувајќи го својот бес во состојба на афект. Тоа ќе го оставам за дома, откако ќе си се преиспитам што довело до таа ситуација. Никогаш не ми било проблем да си ги зачувам емоциите за себе.
vooposto ne se slagam.Nemora da znaci deka si mu dosadna ilii nesto slicno,tuku deka maskata psihologija nemoze da ja razbewre nikoj.Toj moze te saka i te ceni ama saka da proba i drugo.. a za posledniot del da.. nema nisto da pravis ke go ostavis da se svesti
Сум била изневерена...типот ме изневери со моја ,,другарка,, пред мои очи. Јас и он бевме као скарани но на неколку пати искачавме заедно и јас таа вечер ја земав другарка ми за да ни биде позабавно...и беше забавно. По неколку испиени чаши алкохол типов почна да и се пушта на ,,другаркава,, она отпрвин го одбиваше за на крај да му падне во раце.Јас сето тоа го видов пред мои очи,се правев како да не ми е гајле и цела вечер се смешкав,но само јас си знаев како ми беше. Следниот ден и двајцата ми се извинуваа ме молеа да им простам...демек не сакале да се деси тоа алкохолот си го направило своето. Едноставно им реков чао и пријатно такви луѓе како нив не ми се потребни во животов кои пред се не се почитуваат себеси а не пак мене да ме почитуваат.Во суштина сум многу избувлив човек и не ми е јасно како успеав да се исконтролирам таа вечер и да останам толку смирена и да се правам како да не ми е гајле. И очигледно е дека на нив и не им било толку криво што го направиле тоа зошто сега се во среќна врска.
епа прво треба да провериш дали тој навистина те има изневерено и откако ќе се увериш ќе знаеш што да правиш ако те изневерил КОРПА се знае, ако не ќе ги игнорираш муабетите...но и треба да се внимава со кого сме во врска, доколку е некој женкар не треба да воопшто да започнуваме цо него.
Сепак, не би се служела со маневри со штикла или други остри предмети... Би преминала преку тоа доколку чувствувам дека неверството било само онака безвезе, пијана состојба или сл.глупава причина. Се додека со неверството сепак се докаже дека јас сум на прво место во неговиот живот би преминала преку тоа. А доколку осетам дека има чувства кон другата особа или дека таа премногу му се допаѓа е тогаш сама ќе се тргнам, сепак за чувства не коментирам. Или ги има или ги нема! И не се сложувам со тоа дека "ако те сака нема да те изневери". Неверството е резултат на многу причини, а не само на тоа дали те сака или не! Ама сума сумарум според приложеното на претходните страници од почитуваната порота, изгледа најлесно е тоа да се каже.
Ќе се потрудам да разговарам со него зошто го направил тоа, да видам кое објаснување го има , а потоа ќе му раскинам, многу едноставно, кога веќе еднаш го направил тоа со сигурност ќе направи и друг пат. И ќе му кажам ајде адиоооо
Сигурно нема да плачам и да го прашувам цело време зошто го направил тоа, затоа што ништо нема да може да го промени тоа што се случило, меѓу нас ќе биде завршено. А оној што изневерил еднаш ќе го направи тоа повторно.
Ќе го однесам на клиника да му направат обрежување и вазектомија, без анестезија, и без пост-оперативна терапија. И тогаш двајцата ќе патиме во наредните месец дена, само незнам кого ќе го боли повеќе. Плус што во наредните неколку месеци ќе му биде страв да му се дигне, а и ќе биде неплоден, и обележан за цел живот. Петко душо, во случај да читаш добро размисли пред било што да направиш .
Порано, на ова прашање сигурно би одговорила со: Нема шанси да му простам, во моментот кога ќе дознаам ќе му ги спакувам куферите и ќе го исфрлам од мојот живот. Ама, како што поодминуваат годините, а јас стареам нели , се' повеќе сфаќам дека луѓето изневеруваат од различни причини. Еден тежок период во животот, чуда прави! Посебно ако другата половина во тие моменти не ти е до тебе да те утеши.. Па, ајде си бараш рамо за плачење да ти олесни на душичката, а уствари не си свесен во тој момент во кои гомненици пропаѓаш. Ова беше само пример, постојат xxx поводи и причини за неверство. Простувањето зависи од кој вид е, со какви чувства и доживувања било пропратено и секако дали искрено се покајала личноста и дали таа друга личност има или нема значење за него.. Мислам дека, колку и да викаме дека никогаш не би го направиле тоа..никогаш не се знае. На секој може да му се случи.. Само недај Боже! Шо викаат тие од Прељубници: Никој не е сигурен!
Му раскинувам без размислување. Можеби некој ќе каже дека е непромислена и помалку детска постапка ама таква сум си јас. Не варам ама и не простувам неверство. Фала богу до сеа не ми се десило такво нешто ама и дечко ми си знае што го чека, сме збореле на таа тема
Јас би разговарала со него во живо не по телефон би го прашала дали има нешто да ми каже,ќе побарам објаснување па незнам колку и да е логично не би му простила па макар и да ми каже пијан бев (пијаните луѓе кажуваат и прават трезвени желби) би му кажала дека досега ми било убаво со него (ако навистина ми било) ама дека ова неможам да му го простам и дека ставам крај.Ако тој сеуште ме сака и смета дека згрешил па се покајал или слично тогаш тој ќе знае кога и како да ме убеди повторно да бидеме заедно,дали ќе му простам зависи од тежината на неверството и неговите обиди повторно да бидеме заедно.Сепак се придржувам до она “ако еднаш така направил ќе направи и втор и трет пат“. Горе-доле ова би го кажала.