Ништо. Нема да правам сцени и да му покажам колку многу ме повредил оти он веќе ме понижил со некоја, нема да му се понижам уште повеќе. Само би му рекла, честитки на новата врска, супер пар сте И би останала на тоа, т.е не би му простила бидејќи според мене ако некој еднаш ме изневери, ќе ме изневери пак.
KE SE NAPRAVAM NAUDRENA DEMEK NEZNAM I KE MU SE JAVAM DA SE VIDIME KE GO ZEMAM SO MENE UMOJATA KOLA I KEOTIDEME NANEKOE PODALECNO MESTO MISLAM NADVOR OD GRADOT KE SE SOBLECAM DO POLA I KE SE NADEVAM DEKA ON KE SE SOBLECE CEL I KE GO NACEKAM DA ISPADNE DA SE MOCA I KE MU JA DUFNAM SO KOLATA I SO ALISTATA POTOA ALISTATA KE MU GI FRLAM PRED NEGOVATA KUKA SO PORAKA NAPISANA NA EDNO LIVCE NESTO I SMISOL KAKO TI ME FRLI MENE EVE TI GI FRLAM JAS TVOUITE ALISTA I MAVNI MI SE D PRED OCI A ON UFFF BAS MI E MILO KAKO KE SI DOJDE DOMA EM PESKI EM PA I GOLOKREC
Едно време бев опседнава со темава... Ама ми помина Ако се случи тоа, ќе му го скршам тиииииит...се шалам. Не е крај на светот, ќе ги прекинам сите контакти со него, и life goes on Колку и да го сакам, колку и да ми е тешко, доколку тој го направи тоа, значи дека не ме почитува, а ако некој не ме почитува не го сакам ни за познаник.
Секогаш сум велела дека преку тоа не би преминала,но зависи од тоа колку време сум со него,зависи од причината заради која го направил тоа и зависи од тоа дали тој стварно ке се покае...можеби би простила
Пред 2-3 седмици дознав дека ме изневерил на нова година, ден кога се фативме.Вечерта. Решивме да продолжиме, си ветивме дека ново почнува...И сега ќе треба и да се гледаме в сабота ќе одам кај него, пошо за валентин неможевме, малце се потскаравме... Ме изневерил таа вечер со девојката со која шо имал нешо летото.Таа го залапала. Инаку цела вечер беше со мене.Практично ние не ни бевме во врска бидејќи вечерта кога ме изневери беше вечер кога се фативме..Правилно ли постапив што му простив, а?
Па бидејќи сте биле енос на почетокот на врската, односно не сте ни биле сеуште во врска, не гледам зошто не би му простила. Сега остави да покаже времето дали си постапила правилно или не.
Ќе го оставам, ма да признавам, тоа би бил преголем удар за мене и не знам стварно колку време би ми било потребно за да се средам и да се помирам со фактот дека мојот дечко се осмелил на таков чекор. Не сакам ни да размислувам за простување, макар тоа било и случај каде тој "не бил виновен" - ако не сакал да ме изневери, и мортус пијан да е, нема да го стори тоа. Неверството ми е на еден начин показател за тоа колку дечкото ме цени или не. Не знам, можеби грешам, а до душа не сум ни многу искусна да зборувам за тоа, ама засега моето мислење е тоа. И не ми е јасно, како може некому да му шета га*от по други, кога свесно се нафатил на врска со некоја девојка !? Таквите стварно не можам да ги сфатам.
Пред некоја година размислував поинаку и би реагирала побурно, тогаш ако ми се случеше такво нешто. Сега не би реагирала бурно, нервозно, повредено. НИКОГАШ не би се спуштила на негово ниво, па да го изневерам, тоа никако, од секогаш сум го презирала ова. Зошто ? Ако не сакам, сигурно нема да си го дадам телото на некој само за да му се одмаздам на друг. Тоа ми е многу ниско. Би останала достоинствена до крај, со крената глава, без никакви расправии, сечење органи и такви лоши филмови, само ладно ставам крај и готово. И знам дека би била среќна што се завршило тоа. Како што имам кажано и во друга тема...Неверството за мене е најголемо непочитување на личноста и на се што јас сум вложила во таа врска, тој одлучил да згази. Довербата се губи во истиот миг, почитувањето од негова страна веќе го нема, искреноста исто така, неколку причини кои мене ме асоцираат на љубов. Па, кога нив ги нема нема ни врска. Нема ни чувства. Познавајќи се самата, веднаш би ми оладил.
Доколку мојот дечко недај божее ме изневери знам дека најмногу ке го боли доколку дознае дека јас сум му направила нешто лошо пред он да го направи тоа,така да ке измислам дека сум била со друг,дека додека сум била со него друг ми се вртел во главата,дека кога мислел дека зборам со другарка ми јас уствари со друг сум зборела.....има да му го скрсам срцето и никогас повисе нема да се осмели да се заљуби затоа што ке се плаши да не го повредат повторно
хмммм, јас сум променлива личност, ни сама неможам да предвидам како ке изреагирам во даден момент. еднаш се случи тоа, во моментот неможев да си верувам на очите што читам, се збунив, пребледев како дух да сум видела, имав чуство на омраза, болка, лутина, тага се во едно цел свет ми се измеша, не знаев кој е тој со мене, зошто така прави, каде сум згрешила милион прашања во главата.. од мојата соба можеше да се слушне само пригушено цимолење, и шмркање на носот оти неможев да престанам да плачам. всушност не го фатив жив, но без да знае тој видов дека се договори со друга да се види наредната ден.. исто е со неверство нели и му се јавив, сакав да глумам силна да не му кажам дека знам и да го фатам утрето но не издржав почнав по телефон како хистерична будала да вриштам и да плачам и се му кажав во 2 секунди мислам. така било тогаш, а сега да се деси тоа, мислам дека би била по ладнокрвна, сепак зависи и од тоа што ке видам, или што слушнам, или пак со која, и до кој степен заминала работата. неверставата од секогаш постоеле, и ке постојат, знак на прашање е кој кога ке дознае... што велеа на прељубници никој не е сигурен
uuu..se naeziv nejkam ni da pomislam mnogu si go sakam no ako doznam nesto vakvo odma mu stavam kraj na vrskata.Ako ednas doznavas deka te izneveruval znaj deka ke doznaes i po vtor pat,tret pat, i taka natamu.
Дознав... по некое време, и што ќе правам, ќе го отерам упм без ниеден збор... Си одбра тој, сега нека си тера...
Како бе читам коментари од типот ке се убијам, Зарем немате памет вие? Заради кој? заради некој кој не знаел да цени што има? Пфффф, нема шанси. Секако дека ке биде тешко на почетокот ама ке надвладее омразата и ке биде лесно да се заборави дотичниот. Ако тоа не дај боже се случи, би му рекла чао пријатно, нема да барам ни објаснување ниту ништо, нема да му го пружам задоволството да ме види да плачам пред него, и секогаш ке се водам по тоа дека има илјадници кои се би дале да имат таква како мене, ке си билдам его бе.
Ми се случило и мене тоа.. Ме изневери додека јас бев на прослава.. Не знаев ни самата што да правам и решив да простам.. Од надвор изгледаше се добро, ама во себе умирав, и знаев дека не требаше да простам, но сепак, бидна што бидна.. После 8 месеци од кога простив, раскинавме.. Му реков само и се заврши. Кога ќе си размислам подобро, среќна сум и вака, и не ми требал таков што си бара друга.
значи вака . со дечко ми одиме една година и летото кога бевме во 7ми месец јас отидов во др држава на гости и бев таму 2 месеци и се скаравме за некои глупости, раскинавме демек јас крива и тој за тоа време излезе со 2 за кои самиот ми кажа ко0га се вратив..јас му простив но сега се каам бидејќи кога зазборуваме за тоа ми вели дека и повторно да ме изневери ќе му простам бидејќи еднаш сум простила..а јас мислам дека ме има изневерено пред некое време пак. што да правам ? како да дознаам ?
Првото го простив, второто не би... Spoiler Откако дознав дека ме изневерил, веднаш и јас му вратив, па 1:1 сме Ама не советувам на неверство да враќате со неверство, признавам дека можда погрешив но...