Е што може ... ке раскинеш и многу полесно ке надминеш отколку да ти раскине без причина или едноставно да го снема ... ако си поголем егоист ке ти биде мака дека си испадналa мајмун ако не ке си дигнеш глава и ке си продолжиш напред со некој без фелер
Ми се нема случено до сега , а ако не дај боже се случи шамар нема да биде доволен .. никогаш не би опростила неверство ... НИКОГАШ .. а ако видам со свои очи се прашувам што тогаш можам да направам во моментот
Незнам, да е многу пијан и сл. можеби би му простила за една вечер, а ако оди трезен за една вечер или пак има врска со друга недај боже, ниикогаш не би му простила и ке му раскинам, но нема да му се одмаздувам и да правам глупости, нема да е вреден за тоа...
Ќе проложам со крената глава, без солзи и секирање, и ќе го избришам од мојот живот.. Оној кој еднаш изневерил ќе изневери и вторпат БЕЗ РАЗЛИКА КОЈА Е ПРИЧИНАТА.. Може дури да почнам да флертувам со други машки во негова близина или пак и јас да отидам со некој друг (моментално знам со кого би отишла а исто и тоа, ама зависи од тоа колку ќе ме повреди )
А, ако се опијани пак друга вечер? И пак и пак???? Лично јас, не знам што би направила. Можам овде до утре да претпоставувам, но ако би дошол тој момент, навистина не знам како ќе изреагирам. Повеќето ние кажуваме што би направиле `ако би било`, но во тој момент делуваме многу спротивно од тоа што сме го кажале.
што би направила? иако сум во брак ми направила исто што и он па ако му се свига друг к*р да видам нека продолжи пак
Си знае тој веќе каква сум, се лутам за секакви ситници. А, ако ми направи такво нешто за мене повеќе нема да постои, едноставно gone!, а ние сме во таква околина што ќе го среќавам секој ден. Ќе поминувам со високо крената глава покрај него и ќе се правам дека не постои, а тој ќе ползи! Си го знае ова. Edit: Ако на еден човек не му е доволна една личност, значи него нешто му фали! За мене тоа не е нормално! Најверојатно таквите имаат ужасна потреба да си го нахранат егото, па затоа изневеруват, бидејќи немаат со што друго да се издигнат (пример: успех на професионално поле, успех на факултет, убави односи со домашните, не се задоволни од надворешен изглед и сл.).
Би му раскинала по итна постапка. Не би дозволила да ме прави на будала. Ако јас сум верна и доволен ми е само тој тогаш и тој има да се задоволи само со мене. Не би му простила. Никако ни би можела да го погледнам на истиот начин како претходно. Секогаш би се јавувал сомнеж.
Прво би се изнаплачила јако... и после ЧАО ПРИЈАТНО уште еднаш во очи гледање НЕ ! алп ме озневерил еднаш ке има и втор пат
Ма не правам да зажали, тој и без тоа ќе зажали што ме изгубил. Само онака ладно ’’чао„ , менувам број и не сакам никогаш повеќе да го слушнам или да го познавам воопшто. Зар да се карам да се спуштам на негово ниво?? Не бе брате, поштено дојдов, поштено ќе си заминам како дама со главата горе..
Ќе му набутам лута пиперка во гз ! Дефинитвно ќе раскинеме и ќе направам да зажали за она што го направил и фино и лепо ќе си отидам од неговиот живот и нека си биде среќен со други и нека си сфати самиот дали вредело тоа што го направил и што прокоцкал се што имаше
Прво би му изнакажала се што мислам,дека не сум му била доволна јас,па и мојата љубов,дека не сум направила доволно чим ме изневерил,а потоа би му раскинала.Ни под разно не би му опростила,од проста причина и да му простам тоа секогаш ќе е меѓу нас бидејќи не се заборава изневерувањето,болката од него и секогаш ќе биди таа слика пред мене.