Зависи кој период, кои години, која ситуација... мене ме изневери дечкото кога идевме неполна година (тогаш бев 3-та средно) и едвај му простив. Потоа имавме прекрасни 7 години заедно за кои не се каам ниту момент Да ме изневереше мм додека ми беше дечко (пред да се земеме), на стабилна врска (што е многу важно дали исто гледате на врската), немаше да му простам бидејќи на овие години веќе нема време за грешки и за давање на втори шанси
Кога би ми се случило нешто вакво ќе разговарам со него ќе му кажам дека се знам ќе барам објеснување од него зошто има направено така и потоа ќе одлучам дали ќе му простам или не.
Зависи во какви околности. Да сум во брак и да има и деца, е тогаш би ставила прст на глава, би размислила дали треба да згазам гордост за дечињата да се спокојни. Но еве вака сега да ме изневери.. адиос!
нема да му се јавувам на повици и ако случајно го сретна ќе го застанам и ќе му речам да ја поздрави кучката и ќе си отидам културно
ја неверство не простувам НИКАКО а дознаам дека ме изневерил има господ да го види у пижами (извинете за изразов) ако го направил еднаш ќе го стори тоа и друг пат па така да адиос мучачо
Се` уште не сум размислила како вистински би постапила во тој момент. Но, што и да се случи, сигурно не би простила такво нешто... како и секоја нормална девојка.
Мислам дека нема потреба од размислување на ова прашање. Едноставно е ќе ставам крај на врската и тоа е тоа.
Не знам како би реагирала во моментот, дали би била запрепастена,тажна,гневна или лута. Ама сигурно знам дека би му раскинала и никогаш не би му дала шанса за ништо пак. Ниту за пријателство. Изневерувањето го сметам за газење на личноста на изневерениот.А,човек најмногу треба да си ја цени самодовербата. Ако простам сметам дека и јас ја газам мојата личност и покажувам непочит према сама себе. А,тоа значи зелено светло за уште еден куп такви случки поситни поголеми сеедно.
Дали ќе му речам нешто или ќе молчам незнам,но знам дека СЕКАКО ќе си заминам.. Што да направиш кога една постапка вреди повеќе од 1000 зборови ??Ако останам е исто ко да сум го потапкала по рамо(ако сонце,се случува),искуражила да ме "утепа" после од изневерување..Не секогаш испаѓа вака,но знаете како велат-се е тешко првиот пат,потоа... Јас никогаш до сега немам изневерено дечко-тоа ми е кукавичлук,непочитување и "плукање" на се, за мерак од инстинктивно базична природа.. Гледајќи по себе,треба ни ТРОШКА да не сакаш некој за да го изневериш, а оправдувањето од типот "слабост" те пере на чист памет,тоа е апсурд-тие што сакаат не се кукавици а кукавиците само имаат слабости.
His death will be slow and painful! Хахаха се шалам... ми се има случено порано, секако дека ќе ја завршам врската.
ех,признавам би простила,таква сум јас,наивна иако имам доверба и неверувам дека тоа ќе се случи... поздрави и бакнежи до вас
Најпрвин ќе се насмеам едно убаво, ќе му речам како можел толку ниско да падне, со курви да се замара...ќе го жалам човекот..и Ќе му раскинаммм!