Ако дознаам,и ако биде тоа вистина најпрвин ќе расчистам со себе,а потоа ќе го избришам од мојот живот без никакви разговори,чекај да ти кажам .....вака беше...оправдувања... и сл. Делит и чао. Не бил вреден
Не би му простила тоа сигурно,но од една страна толку ќе ме повреди. Штом го направил тоа,а јас сум се однесувала најприкладно,значи не вреди и нема оправдување. Повеќето машки се каат за тоа што го направиле,но веќе е доцна и нема место за кааење. Премногу доцна ќе разбере дека вредите и дека навистина ве изгубил. Во мојов живот простив неверство на еден дечко,но погодете што?- Му вратив со иста мера. Го почустува и тој тоа на своја кожа и не му беше баш сеедно,но му раскинав веднаш откако го направив тоа.Сакав да му покажам како ме болеше мене кога го дознав тоа.
Доколку дознаам дека ме изневерил, веднаш му раскинувам. Не сум по простувањата, така да ниту најдоброто оправдување не би му поминало кај мене. Тоа е понижување. И знаете како велат ,,Волкот влакното не го менува''... така да ако го направил еднаш,ќе го направи и друг пат.
КЕ МУ ГО ОТСЕЧАМ крц, крц Шала на страна, недај боже такво нешто да ми направи, а ако се случи тоа колку и да е силна љубовта би му раскинала, зошто некој да ме прави будала? а ако веке еднаш те изневерил кој ти гарантира дека нема пак да го стори тоа. а кога би продолжиле со врската што треба да правам да му ставам ланец или со лепак па до мене, и секој пат да му префрлувам за тоа, бидејки ако опростиш на некого не значи и дека си заборавил!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
..пааа... би му завртела грб фор гуд. Без муабети, без простор за преговори... А да го фатам на лице место како ме вара... е за тогаш не можам да гарантирам кој филм ќе ме удри во моментот... може ќе летаат тапи или остри предмети Spoiler зависи шо би ми било на дофат на раце накај него... или само ќе заминам... ако ми се деси такво нешто.. ќе праиме тука муабет
че му клекнам на коленици за да му докажам колку го сакам ееееее кој глупости ма би го отерала у 3пм и очи да не му видам појче
Прво ќе седнам ќе размислам што понатака а кога ќе одлучам ќе закажам средба и ќе му кажам дека знам и дека чувствувам дека треба нешто да ми каже, барем толку заслужувам. Ако во случка тој не ми каже ќе му кажам јас и ќе ставам крај на смирен начин. Ако го видам со свои очи со друга,ќе направам се за да ме примети дека сум тука макар да им се доближам ќе го погледнам во очи и ќе си заминам. Порано ми беше интересно да им удирам шлаканици и да ги отерам во курац, но сега тоа ми е монотоно и просто,се може да заврши на мирен начин и секој по свој пат да продолжи. Ако нема хемија меѓу нас нема зошто да го држам повеќе до мене.
тотално се согласувам со тебе јас бев во таква ситуација и избувнав прво но потоа седнав и неколку дена размислував за се, се најдовме, зборевме, се што имаше ми кажа и јас на него на мирен начин и решив да се смириме бидејќи премногу се каеше што со 2 секунди лапање си го уништи најважното, и еве помина малце време од тогаш но постојано се труди да ја врати довербата, да ми покаже дека му значам, дека премногу ме сака и дека било само грешка. секој ден со нешто се труди да докаже и мислам дека не згрешив со мојата одлука.
Ќе глумам лудило дека незнам ништо додека самата не се уверам во тоа и кога најмалку ќе очекува ќе почнам од таму каде што најмогу ќе го боли да осети самиот и да го оставам кога најмалку ќе очекува
Јас морам да ја преиспитам работата најпрво, потоа превземам одредни мерки (ќе се покае знам ) btw му верувам и се надевам дека тоа нема да се случи Bo случај да го слушнам тоа нешто секако дека нема да го гледам повеќе, како до сега што било. Ќе ми остави после толку време негативно мислење за него и ќе ме натера да ги допрам неговите слабости. Spoiler Life goes on.
ако дознаам такво нешто првин индиректно го испршувам и коа мисли дека ме излажал, дека сум поверувала едноставно ме снемува тоа е најдобар начин според мене, пошо ако избувнеш ќе знае на што е ќе може да се брани Spoiler ова поише од искуство го кажувам пошо еднаш ми се деси вакво нешто...и првин ме лажеше дека јас сум единствена бла бла.. а мене уствари ми кажа самото девојче и не признаваше он, а му реков и да се случило ќе ти дадам шанса и он не и после коа му беше него мед и млеко му кажав дека знам се, и он почна да се правда дека не било намерно ама сепак се случило.. му се заблагодарив за лагите што ми ги изнакажал и си заминав
Никогаш нема да му простам, ќе ставам крај и секако ќе направам да се почувствува како најголем идиот на светот во најблиска иднина