еее да сме живи и здрави Зар сега да земам да му мислам што сиротиот не знае што се норми и како треба да се однесува во животот..мајка му ако не го научила, јас пак ич немам намера да се замарам со малограѓанштина Ќе си најдам друг
Прво би сакала да ја дознам причината поради која го направил тоа. Би сакала да ми објасни зошто една не му е доволна и слично. Потоа го оставам, мило ми беше чао!
Искрено би сакала да ми објасни зошто и под кои услови го направил тоа. Нормално дека ќе му раскинам ама сакам да го сослушам зошто го направил тоа.
Искрено не сум размислувала на темава.. доколку се случи такво нешто ќе бидам повредена и лута најмногу затоа што знам дека тој е личност што најмногу мрази неверство..а сепак го направил тоа...ќе барам да ми објасни зошто го наравил тоа.. подоцна со ладна глава ќе размислам дали ќе простам или не..
Одма му правам кастрација физичка. Се зезам, ништо. Чим направи нешто такво значи не е за мене, не е вредно да се расправам.
Епа вакаа ) Кога дознав дека ме изневери беше сабота и бевме во еден ноќен клуб, излеговме надвор почнавме да се караме ме стегна за рака знаејќи колку сум агресивна ИИИИИ ... Бидна го истепав, да добро прочита го истепав, всушност не го истепав него го СКРШИВ ОД чОТЕК ... ај што ме изневери уште и ме мава? Хееј мало морген, мене татко ми не ме мава а не некое магаре од улица. Го мавав едно време и со штиклата почнав да го мавам го направив партали така цела лом влегов во дискотеката (предходно сите приметија дека се каравме) кога ме прашуваа каде е **** одитов кај другар му на маса и му реков земи го ... лежи надвор а случајните минувачи пред тоа не делеа ... хах да циркузен хаос беше
Ке му се одмаздам така што бел ден нема да види,ке се кае цел живот и од дома нема да може да излезе.А таа госпоѓа има убаво да и покажам,онака за да си знае со кој си имала работа,па ке ме моли.
Тука можеме се да кажеме и да си правиме претпоставки што и како би направиле ако тоа некогаш ни се случи. Можеме да кажеме дека ке му раскинеме на дечкото, или дека ке ја убиеме таа со која не изневерил, или пак дека ке пратиме луѓе да ги истепаат и двајцата . Шала на страна, но мислам дека само кога ке се најдеме ние во таа ситуација ке знаеме како да постапиме и што би било најправилно. Сега на пример некоја ке каже дека ке му раскине на дечкото, а кога ке се најде во таа ситуација може да се случи и од љубов и да не му раскине, туку да му прости и да биде сеуште со него. Никогаш не се знае .
Колку детско ти е ова. И што ќе постигнеш, ќе се понижиш само. Не е таа крива ништо, туку тој е крив, она само потпаднала на истите финти со кои ја освојува секоја девојка. Ќе се тепате, а нему ќе му ги дигнете акциите и ќе си се смее цинично на страна. После ќе се фали наоколу. Јас не простувам изнерверување. Од каде да знам дека нема пак да ме изнервери. Таков дечко мене не ми е потребен. Ќе му раскинам секако, на најцивилизиран начин. И секој по свој пат, чао пријатно.
Паа.. ќе му го запалам станот, па ќе му набијам рогови (клин со клин се избива) за после тоа да го откачам наравно, и за крај ќе му купам едно лижавче за да си го шмука (пошто ќе ме нема мене) да си се занимава нешто човекот (имам разбирање ипак) !
Пред се да кажам дека ако ме изневери дечкото немам намера да се гонам, тепам и карам со девојката со која ме изневерил. Ни најмалку. Вината ќе ја гледам во него и единствено во него. Ако не си сигурен повеќе во чуствата па брате фино, лепо раскини и крши глава а не да изневеруваш и да с еправеш еве што сум. Инаку ништо нема да му направам, да смислувам одмазди и планови не ми паѓа на крај памет ќе му се изнасмеам во лице и ќе го оставам да сфати пто изгубил. Во секој случај ќе му бидам благодарна што ми покажал какво ѓубре е.!!
Што мудруваш одма, само да се цитирало бре. Девојката не кажа дека ќе ја тепа таа девојката, туку дека е шала. Мислењето и е сосем во ред. Он топик, кога би ме изневерил ќе ги вложам сите сили да го преболам и да не се претворам во искомплексирана и љубоморна личност, пак да научам да верувам и да сакам некому. Никогаш не би го погледнала повеќе. Не постои таа љубов што ќе му прости такво нешто.