На оваа тема мн често сме разговарале со другарките и сите опинаат на почетокот као крај ќе биди, ќе се одмаздам, ќе се скарам итн ....ии таа што беше изневерена и што најмногу што ги кажуваше овие работи ниту едно не го направи. некогаш не е така како што планираш и сакаш. Искрено јас не знам што би направила (ако се работи за подолга врска)
Ме изневери, простив. Кога се случи тоа само некои 3-4 месеци бевме заедно и се случи со моја другарка... не би да проширувам сега, ама двајцата си го добија дента кога дознав. Долго време се трудеше да ја врати довербата, и долг период се бореше со мојата недоверба, многу претрпе, ама ете му се исплатеше се, простено е и скоро заборавено. Само мал немил спомен. И не е толку лесно како што викате, клоцата во газ. Ахам да, вака на слепо лесно е да се каже. Кога нешто ќе доживееш работата се менува. А кога би ме изварал сега ... искрено не знам што би направила, не ни сакам да размислувам, ама да простам пак би ми било ужасно тешко. Секој заслужува втора шанса ... ама трета е знак прашалник. Сепак се надевам нема пак да доживеам нешто такво.
неверство никогаш не би простила. ако ме изневери едноставно ќе ставам крај на врската, но нема да паѓам толку ниско да му се одмаздувам(исто да му вратам).
Преку се можам да поминам, ама неверство никогаш не би простила. Според мене, за таа работа не заслужува втора шанса и одма би раскинала. Не дозволувам да ме прегази негој на кој што сум му верувала, сум била со него кога му било најтешко, секогаш можел за се да смета на мене и како добар слушател и како советник, сме поминале толку време заедно и на крај да ми го направи тоа...нема шанси да му опростам. Каде е самопочитта тука? Не ги разбирам тие што викаат е добро де може онака сакал да се издува едноставно, или монотоно му било Тоа може да го направи само незрел човек.
Девојки никогаш не велети НИКОГАШ бидејќи баШ тоа се случува... за жал Го велам тоа од икуство бидејќи велев да ми изневери дечко ми па да му простам?? -нема шанси, но простив. Како дознав? -тој самиот ми кажа збеснав ми идеше да го убијам, да го удрам, да го клоцам, да раскинам......... но не сторив ништо само добив ШОК а + и тоа со која ме изневерил и + тоа дека и јас сум била на ,,местото на злосторството" Ме изневерил на нова година а бевме заедно и со една од моите ,,другарки" катастрофа ..... ми кажа за сето тоа псоле 5 месеци.........5 месеци правел будала од мене .... ми идеше јас да се убијам и откако му простив идевме уште 5 месеци ....и раскинавме пред нова година ЗОШТО? - овој пат типот па не сакаше да славиме заедно , полудев и ај УПМ...... и сега сум сама но среќна
му прости?? wow па и беше со него уште 5 месеци потоа? never say never >> да, дека се може да се случи па и да ме изневери, ама никогаш нема да му простам
и јас велев така но ете се случи очигледно дека мн сум го сакала .....но сега знам дека не ме заслужувал ни малце КРЕТЕН Која будала сум била ....
Ништо. Ништо нема да направам и ништо понатаму нема да биде исто. Нема да сакам да бидам повеќе со него, ќе ми стане одвратен и ќе почнам да го мразам и обвинувам за се. Цела слика што сум ја имала за него ќе се скрши, нема зошто да се составува потоа. Нема поента понатака да се продолжи. Нема таков изговор или причина за изневерување кој би ме натерал да простам. Крај.
Не дај Боже да се случи тоа, но доколку би се случило би му раскинала. Ако ме изневерил значи јас не му сум била доволна, не ме сакал доволно за да може да одолее на искушението или не ме сакал воопшто, не мислел само на мене, не ме гледал само мене, не му била важна врската, а ниту јас, не ме почитувал. Сигурно би било тешко да се оди понатаму, се би се рушило, довербата би ја снемало, се би било мачење, затоа би раскинала. Би ми било тешко некое време додека да помине и да преболам, но подобро да се мачам некое време отколку да продолжам со него и да се измачувам цело време.
Уфф не знам најлесно е да кажеш ЧАО , и најверојатно тоа и би го сторила ... Ми се случи тоа ( иако никогаш сега веќе бифш не призна) , и искрено не ме болеше фактот што бил со друга , љубомора итн .... Туку ПРЕДАВСТВОТО тоа што играл игра , тоа што ме правел будала преку тоа не ќе можам да поминам . Тоа што јас сум била фер и сум била верна за да некој така ми направи ... Вo мојов случај не го сакав не го љубев , тоа го сфатив со тек на време ... Но во поинакви околности решив НИКОГАШ да не велам НИКОГАШ !!! Би го изварала и јас и би му кажала на крај на врска , или кога најмалку ќе очекува ... Ова сигурно би било ... Дел од моја одмазда . Секој друг чин ми е некако типично женски , очаен , изсфрстриран потег кој укажува на скршено срце и повредена гордост . Што и да правите правете со стил ! И ако смислите нешто нека биде и сочно и моќно За да му остане за спомен и дуго сечање .
Зависи на кој начин ке дознаам,ако ми казе друг ке се правам неудрена и ке го ставам под лупа ке го тестирам да видам колку далеку ке оди со лагите,ако пак тој ми признае ке го пустам да верува дека сум простила ама секој ден ке му го загорчувам зивотот сее додека не се почувствувам одмаздена но нема да го изневерам јас и третиот најлос случај да го фатам на дело нема да го убијам сам ке посака да си го одземе зивотот Во сите три ситуации исходот е повеке од јасен.благодарам на вниманието
не знам не сум била досега изневерена барем се сум разбрала ама најверојатно би се скарала па ако треба и да умирам по него
Јас не оправдувам и не би простила неверство. Во никој случај. Мислам дека после тоа веќе ништо во врската не е исто. Што би направила? Би му кажала се во лице и би му раскинала. Нема потреба од глумење и преправање.
Ќе го тепам додека не се покае, и не ми признае се! После ќе го пуштам, ќе го бакнам во чело и ќе му мавнам едно две-три-четири клоци за што подалеку од мене да одлета . Проверена метода, еднаш вака напрај му и после нема веќе да му текне да те изневери
Ќе му ја пресечам машкоста со тУп жилет ,да се мачи ,и после ќе му ја начукам в уста ,да џвакне малку И секако дека ќе му се скарам ,за к**ов ми е дечко кој не ме почитува и патем е без ОрГаН I mean it
истото и јас се согласувам потполно значи и во тој момент не се сомневам во себе дека би била вистинска дама и смирено иронично ќе му плеснам све во лице а раскинвањето е неизбежно и да сакам не би можела да бидам со таков човек до мене што ќе ми е кога ме изневерил и не ме почитува подобро во лице да ми каже дека повеќе не чуствува ништо за мене отколку да се чуствувам изневерена и предадена нема никаков изговор за изневерување или оправдување во истиот момент ќе биди крај колку и да ме боли...
Не сакам да знам што би направила ако дечкото ме изневери. Претпоставувам, он уште помалку би сакал да знае што би му направила. Во секој случај многу лошо би реагирала, само тоа знам . Не ми се верува дека би можела да останам со него после таков настан. Едноставно, довербата се губи во истиот момент, и ништо не е исто.
Ќе следи долго испрашување, разгледување на околностите под кои се случило, зошто го направил тоа, ќе пробам да се ставам на негово место, да видам како би било... ќе го ставам на дистанца подолго време, ако сеуште го осеќам истото што и претходно сум го осеќала, ќе поминам преку тоа.