Ке му наместам групњак со Азис,Кончита и Кириленко,па ќе го заклучам во собата и клучот ќе го фрлам во Вардар И ќе му го украдам фрижидерот.
Ништо. Ќе ја свртам главата и веќе нема да му прозборам. Пред скоро една година ми се случи ова. Јас бев спремна да продолжам со него, но цела ноќ размислував и прекинавме, деца. Тој со новата девојка прекина по 1 месец, и сега повторно трча по мене :geek:
Едноставно би си заминала од него...без збор,без кавги,без солзи... Нека го болит мојата рамнодушност!
Никој не може да каже со сигурност како би постапил или како би изреагирал, се’ додека тоа не го почувствува на своја кожа и се’ додека не се најде во таква ситуација. Spoiler Не дај Боже никому Постојат само претпоставки за тоа кој што би направил или како би постапил.
Јас ништо нема да направам, он нека си ја треска главата што и како направил,и дали заслужувам такво нешто.
хммм никогаш не сум била во таква ситуација и не дај Боже да бидам, но познавајќи се каков инат сум веднаш би го променила телефонскиот број, ниту глас ќе ми чуе ниту сенка ќе ми види, освен да ме сонува.
Ke mu go plesnam toa vo lice koga najmalku ocekuva dobro da go zdoboli..a I mnogu sum losa na jazik koga nekoj ke me povredi taka da mislm posle toa, toj ke bide so traumi
Колку сте самоуверени во своите ставови. Недај боже да ви се случи потоа ќе размислувате што и како. Лесно е да се каже дека за се се има цврст став, ама примената не е така едноставна постапка.
Штознам.. не сум рамислувала многу на оваа тема. Дали затоа што имам голема доверба во партнерот, никогаш ова не ми паднало на ум. Но еве да претпоставиме дека ќе се случи тоа, едноставно не сакам повеќе да го гледам. Ќе му кажам на смирен начин, не сакам кавги и такви глупости. За џабе не рекле, кој што си прави, за себе си прави. Така да нека си ги сноси последиците самиот тој. Нема потреба друг да пати за неговите машки хормони.
Ќе му залепам ленти за депилирање на сите делови од телото и без веѓи ќе го оставам. Сето тоа додека спие, ем да го боли, ем сите да го прашуваат кој го унакажал и по кој повод.
Еее..тогаш фацата од кај гзотЌе го избришам од листата на живите..едноставно ќе го избришам од мојот живот како никогаш да не постоел
Не знам дали ќе имам храброст да му се скарам, ама знам дека никогаш нема да се чувствувам исто со него, без разлика што ќе правиме. Самото тоа ќе доведе до распад... уствари, тоа е повеќе и од доволно за такво нешто. Среќа, знам дека се сакаме премногу и дека нема место за такви муабети Плус, толку сум љубоморна што сигурно му е страв и од самата помисла на мојата реакција
не е можно некој да спие толку длабоко - да сменам - до сеа искуството покажало дека кога ке ме вара некоја женска, едноставно ме снемува ја банирам на мобилен,ја банирам од фб,ја банирам од животот едноставно толку е
Гарант пред него ќе глумите цврсти, ладни, издржливи, а позади ќе се гушите во солзи. И јас така мислев, нема да го погледнам, ќе му раскинам одма, очи нема да ми види, не знам што, не знам како... Еее ама не било така. Кога ќе ви дојде редот (а не дај боже да ви дојде, на никоја не посакувам), ќе сфатите дека не било така како што сте замислувале. Никој не може да биде ладнокрвен при неверство од партнерот, ако е ладнокрвен тогаш не сакал и не се посветил доволно, и можеби и е причината за неверството. Ама оној кој изневерил по автоматизам ќе биде „кривиот“.
Прво ке се однесувам како ништо да не знам во врска со изневерувањето...значи без хистерии,паника или нервоза..Потоа и јас би го изневерила без грижа на совеста...и на крај би му раскинала кажувајќи дека сум го изневерила правејќи се дека незнам ништо во врска со неговата афера...ете тоа би сторила
Ми се случи ова. И не е воопшто лесно. Мислев дека ќе експлодирам одвнатре, едно грдо, неубаво чувство ме мачеше. Се осеќав некако понижено, незнам. А уште пред мене типот се занашаше како неможел да живее без мене, што ќе правел ако сум го оставела, тој несакал никогаш да го оставам. Неверство не простувам. Пред него бев ладнокрвна, како да ми е сеедно и да е и да не е тука до мене. Го оставив и никогаш повеќе нема да се вратам назад.