авантура не знам како ти го разбра ова јас што го кажав, под авантура мислев со неа немав никаков контакт освен на фб и кога се гледавме на работа кај што работев значи нити сум ја смувал нити нешто сме имале првин мислев дека таа има пријателски намери, но потоа ми каажа какви и се намерите лошо си ме разбрала
Ti sam pisa (prvo se pustiv vo avantura) za tebe sto e avantura namignuvajne i ckrapajne na face..? I dobro aj batali me mrzi da pisuvam
Досега не сум се нашла во таква ситуација, а фала богу не ни сакам. Колку многу и да го сакам нема да можам да продолжам понатаму со него. Која и да е причината нема да ме интересира, грешката е веќе направена, нема назад. Ако тој веќе посакал да проба со друга, да ме земени па макар и на 2 секунди толку е нека продолжи со неа, а на мене може да заборави за секогаш.
Ебеш му матер... тоа би му го кажала. И би му простила ако е искрен со мене и се покае, ако е само еднаш и само физички. Е сега ако ми каже дека ме варал зашто е заљубен во неа... Ебеш му матер, крај ќе ставиме.
Се спушташ на негово ниво.А и нема да му е гајле за твоето неверство.Да му било до тебе воопшто не би те изневерил
Секогаш сме јаки на зборови а слаби на срце. Осветата не е начин да му вратиш на истиот начин, тогаш и ти ќе бидеш иста како него.Тоа е мое мислење ти како сакаш така прави.
а што фајда од ронење дробни солзи ? ако си ти слаба на срце јас не сум..тој се поставил идиотски...врати му играјќи ја неговата игра...секој си се знае каков е,една освета со причина не би можела да те промени како личност
Ама на овој начин не му враќаш затоа што, како што пишаа погоре, нему нема да му биде гајле. И не значи дека ако сме способни да се одмаздиме некому, дека сме многу силни и дека ништо не не‘ допира. Обично оние кои не сакаат да се соочат со сопствените слабости истите ги одбегнуваат служејќи се со вакви постапки.
немора да значи ако те изневерил дека не му зачиш ништо...има 1001 пример како некој што изневерил се покајал за тоа...и тоа што ќе се препуштиш на кармата за да му се врати подобро стори нешто предвреме за да го заболи и да свати дека не си на пат најдена да те изневерува..тука не се во прашање слабости туку итрина
Прво смири се, нека ти се олади главата. Бидејќи бесна можеш да донесеш некои одлуки за кои ќе се каеш. Јас би го оставила. И би си продолжила напред, само битно е да не се обидуваш веднаш да му најдеш замена за да пати тој. Остави нека помине време, се само од себе ќе се среди.
Смирената, разумна, онаа јас што е за пример, би кажала дека не би ја барала вината во девојката туку во партнерот, и едноставно без многу дискусија би го оставила без коментари и простор за објаснување. Ама ако бидам искрена, јас мислам дека во тој момент (поготово ако го фатам) прво кокошката со која ќе го начекам ќе ја шетам низ маало гола со каифче за куче со електричен напон, а фраерот ќе јаде таква клоца меѓу ноѕе што мајка му дома ќе почне да се преиспитува дали сепак родила девојче.
Аууу тешко... Сепак би го оставила. Кукавичко и бедно ми е ова изневерувањево. Ако мене не ми одговара врската со некој, фино ќе му признаам и секој по својот пат. Тешко е да се признае особено ако станува збор за долга врска, ама сметам дека последиците од изневерувањето се потешки. Според мене, не се ,,јаки '' тие што изневеруваат, туку оние што разговараат за своите чувства и проблеми пред да срушат се`! за таквите
Би го оставила дефинитивно се би простила но неверство не , но нема ни да му се одмаздувам ни да му покажам дека ми е тешко.Ќе си заминам достоинствено од него како една вистинска силна девојка , ќе го стигне кармата еден ден.
Реално сите зборуваме дека никогаш не би му простиле за неверство, но во пракса друго се случува кога ќе се помеша умот со емоции, не е така лесно како кога размислуваш со ладна глава. Ако го сакам премногу мислам дека би му простила, но незнам колку би останале истите после тоа. Ќе треба време, трпение и труд за да се надмине таа криза. Не би го препуштила јас одма на тацна кај таа другата, никако! Никогаш не би се спуштила на ниво да му вратам, покуса би останала и би си го задржала достоинството свое.
Би му раскинала. Јас сум директен искрен тип на човек и не можам да се преправам или да глумам. Не би ни глумела ни пред него. Мислам дека со солзи во очите би му раскинала. Не сметам дека солзите се знак на слабост или „понижување“ како што многу од вас мислат. Тој е свесен колку ми значи и што би ми направило неговото изневерување. Сепак мислам дека нема никаква поента да си во врска со човек на кој што не му веруваш. А како би можела да му верувам на некој што ме изневерил?