Мене ми се нема случено(не дај Боже ),ама и се случи на моја братучедка, после 4-5 години врска.Откако дозна (на многу непријатен начин),мислеше што и како ќе му каже,и...ништо од тоа што таа цело време изигруваше лошата и љубоморната во врската.Таа му прости затоа што се плашеше како да ги фрли во вода сите тие години, дека нема да си најде друг итн... А,тој ,кукавица,секако дека не призна.Кратко после тоа,се зедоа и сега си глумат заљубени Искрено,да бев на нејзино место,немаше шанси да му простам
Бидејќи јас сум премногу,ама баш премногу емотивна личност,не би сакала да ми се случи такво нешто.Но,никогаш не се знае.Би била многу повредена и скршена.
Неможиш да речиш СИТЕ зборуваме исто дека нема да простиме а во пракса правиме друго,тоа не е точно... Јас не простив неверство по 4 и пол годишна врска,мислиш дека лесно беше?НЕ не беше,но кога ќе го погледнев во лице почнуваше да ми се гади од него и за мене таја врска на некој начин веќе беше завршена, си заминав на донстоинствен начин и издржав све,а да сакав уште ќе бев во врска со тој човек,ама на здрав памет мене будала некој да ме прај? НЕ БЛАГОДАРАм,јас никогаш повеќе нема да можам да го сакам на ист начин и нема да заборавам на тоа така да која е поентата глумење лудило?па нека повелат тие што можат јас неможам...Друг пример моја познаничка одеше со дечкото 10-11 години,мн.пати ја имаше излажано а ја имаше и изневерено последните 2 -3 години му беа хаос простуваше таја простуваше простуваше,ама сето тоа беше игра без граница,никогаш не се смени и само ја повредваше,е пак на све има крај така и на тоа го остај и никогаш повеќе не му се врати,преродено е чупето разубаено блеска... Мојата најдобра другарка исто така ја заврши 5 годишната врска поради неверство,и да иамам уште мн.примери да ви кажвам за храбри и одлучни жени кои размислија со ГЛАВАТА и денес се среќни и успешни,никој покрај себе не сака очајна изневерена жена,па и тој што ја изневерил,најмалку што можам после тоа е да си го спасам достоинството и да заминам... И тврдам дека нема поголема одмазда од тоа да бидиш повторно среќна далеку од него и поголема болка од игнорирањето,друго не треба ништо...
Зошто би размислувала за одмазда кога веќе сум заминала, во основа не сум одмаздољубива. Ако заминувам понатамошните чувства се само мои. И нели некогаш е најлесно да се замине од колку да се остане. Некогаш имам впечаток дека варањето сигурно има основа и причина, а повредената страна можеби и очекувала нешто такво. Најдобро алиби е за да се отараси посилната страна и натовари со милион обвинувања.
Лесно е да се најде причина за да се изневери нели?Во долгите врски све и сешто се случува и убаво и неубаво,и во името на сите тие години кои ги поминуваш заедно со некој,треба да се има лице и вистината да се кажи во очи без разлика за што се работи, според тебе уште малку фали да му честитам на тој што ме изневерил и да речам ДУШИЧКА МОЖИ СИ ИМАЛ ПРИЧИНА,кој апсурд...Море нека изгние таму кај што се наоѓа ниту сум сакала да слушнам нешто во врска со него ниту ќе сакам некогаш...И јас сум имала шанси да изневерам и никогаш да не бидам откриена,и милион причини да си најдам да си се оправдам,но има нешто што кај мене работеше во главата свест и совет,и имаше една реченица која ми зуеше во главата,ТИ НЕМОЖИШ ОВА НЕШТО ДА МУ НАПРАВИШ НЕГО,да се спречив со оваја реченица самата себе,иако како што реков сум имала шанса и останав во врска каде што последната година и повеќе бев несреќна. ДА несреќна покрај некој што немав никаква доверба со причина,на достоинствен начин си заминав и во лице кажав све,а не дволично бедно и подмолно,но има некој таму горе што гледа све и во животот све се враќа све се плаќа без исклучок...
Мене ми изневери последниот дечко и тоа со некоја што не ми ее ни до колена .Кога дознав отидов да се видеме и само го прашав зошто го направи тоа со што го заслужив јас тоа?! и ќуте и викам крај е на се ама значеш ми ама грешка беше ама другар ово оно .Викам не лажи. И си отидов еден месец дека ме сретнеше главата ја веднеше..после пиша порака отидов и се исповеда се .. и само што му кажав со тава ме изгуби засекогаш потечеа му солзи викам ја те тебе и курвите твои биди на дното со нив ..сега е во странство 3 месеца пише не ме забравај пред да си оде таа вечер пишав му порака испратииме се и се ок ..имам дечко ама џабе не го сакам уште сум по кретенов и го изневерив со него неколку пати ..тава што мене ме болеше најмногу јас го правам на друг сега
Ние раскинавме и пред да дознаам дека ме изневерил, всушност не сум ни сигурна дали ме изневерил. Раскинавме заради тоа што не можевме често да се гледаме, и така почна поладно да се однесува на фб. На тел не се ни слушавме. Мене ми здосади секогаш јас да сум таа што бара внимание, и ставив крај. Тој не проба да ме разубеди. И после два дена школска ми кажа дека го видела со една како се договараат нешто, ваљда да се сретнат. Знаев дека порано си имаат пишано, ама не ми беше чудно тоа што го слушнав, бидејќи пола месец пред да раскинаме тој ја беше додал на фб повторно и и лајкнал една песна. Првата реакција ми беше, ја викнав најблиската другарка надвор у школото, и кажав дека е идиот, глупак, дека ми се гади, и се оклучив од нејзиниот тел на фб бидејќи мојот тел беше расипан, и го блокирав. Ми беше прв дечко, ама многу лесно го преболев. Сите ми се чудат како успеав.
одма би му раскинала и не би го погледнала во очи, колку и да сум го сакала ќе ставам крај без разлика колку време била таа љубов. ни една личност не е заслужна да биде изневерена од својот партнер, тоа укажува дека таа личност не и е доволна на совојот партнер, затоа тој и оде со други.
Да, и тоа ми се случи, да ме изневерат. Кога најмалку очекував и ми кажа личност што најмалку очекував. Дури без срам после тоа ме мотал уште 3 месеци срам да му е. Море женски кажете некоја одмазда неможе ова туку така да помине. Си потрошив 2 години од мојот живот. Тој секако нема да признае дека ме изневерил но зошто би ме лажело детето? Биле заедно на екскурзија.Сите дознале само јас најглупавата. Кога се врати сакаше без причина да ми раскине ете што било.
Колку и да е клише и да имаш желба да му се одмаздиш нема нешто што боли повеќе од тоа да си продужиш без него ко ништо да не било. Смирено кажи му знам што се случи, ми смета, не сум лута ама јас и ти нема да сме веќе заедно бидејќи нема зошто да бидам со некој што не ме почитува и тоа е тоа. И фати си нов дечко сто пати боље од него. А за потрошените години не збори така имало и убави моменти, макар што он сјебал на крај. Од искуство ти кажувам одмазди и такви глупости се само трошење време и билдање на егото негово. И исто ти кажувам дека за многу брзо он ќе биде тој што ќе дојде да се извинува, дека погрешил, не размислил бла бла бла, едноставно така им функционира нив мозокот. Тогаш ти ќе си го набилдаш егото и ќе си се шеташ со новиот дечко.
Многу ми дојде смешно кога го прочитав постов пошто и јас бев таква на таа возраст. Многу боли кога сакаш, а некој ќе те изигра така. Ептен се смеам што толку трагично сум ги сфаќала работите. Ќе видиш за некоја година воопшто нема да се замараш. Имам другарка 4 години беше во врска, првпат односи со него сето тоа, дечкото реално не и беше ни до колена во секој аспект. Кога дозна, ниту не замараше, ниту него му креваше на повици, од секаде го избриша/блокира и толку беше. Не сакаше никој да и го спомнува, едноставно како да не постоел. Кога ја прашав дали се' уште го сака пошто толку време биле заедно, сите знаевме дека не е за неа, но она премногу го сакаше, она само одговори дека не може да има чувства за некој кој немал чувства и ја повредил неа. После пола година журкање си фати нов дечко, и ете ги сега речиси 3 години заедно. Кај мене пак, дечкото со кој имав првпат односи се смири со бившата после многу кратко време откако се испокаравме. Ме болеше многу затоа што триста глупости истрпев заради тоа. И се прашуваш колку си му значел на некого, за после недела дена да се смири со бивша? Воопшто. Ќе боли период, само кога и да здоболи присети се што ти направил и чувствата ќе згаснат. Не можеш да се одмаздиш на некој што нема чувства за тебе и ти направил такво нешто, пошто тебе пример ќе те боли ако те повреди некој што го сакаш, а не некој што не го сакаш? Така што секоја енергија насочена кон него - негативно насочена енергија. Секоја енергија насочена кон себеси, нов лист, журкање уживање на периодот сингл дур си најдеш дечко што вреди - позитивно насочена енергија. Јас никогаш не помислив дека ќе најдам личност што може да заплаче гледајќи ме само како се нервирам околу мои проблеми. Ама се' ќе си дојде на место со тек на време, само по себе. Љубовта се заслужува, а тој воопшто не заслужил ни да го сакаш, уште помалку да патиш по него. Така да уживкај си, ништо вредно не си изгубила. На тие две години сеќавај се како на една убава лекција за понатаму.
До сега не сум се нашла во таква ситуација, ама се сеќавам порано кога имав различен поглд на животот од сега.... Мислев дека тоа е крајно нешто, би побудалела и слично. Ама ете растеме, сега исто гледам на тоа како неубав чин, но не осудувам ... не знам можеби и јас ќе се најдам во таква ситуација,. Сите сме имале примери каде едниот изневерил, а не сме го сметале за злосторник. Знаејќи каква им била ситуацијата на изневерувачот и изневерениот Зборувам за ретки слулчаеви а не за редоследно повторување на истото, интензивно и без обзир.
За мене изневерување е кога си со еден а мислиш на друг. Сексот не е никакво изневерување, туку само утеха, ако нешто ви се расклимало во врската, па издувен вентил бараш во некој случаен. Сексот со друга особа кога врската е во пропаст е дури и оноа кое ќе ја спаси истата.