Другарка презема екстремна постапка по ова прашање. Откако го дозна името на девојката со која ја изневерува, отиде, почна да флертува со типката за на крајот да ја легне и му ја земе. На крај јадниов остана без ништо. Не дека треба oд инат да се полезбејчувате, туку веќе кога сме кај креативни неверства си реков да споделам еден интересен расплет.
Да бе, ќе го убивате, ќе го плукате, ќе го каменуваете... како па некој е создаден баш да не ве повреди вас. Или е кретен или сами сте си криви. Не сте центар на светот, како да ви објаснам.
Прво ќе го прашам дали е точно, за да не испадне не ми ни праша ми раскина и ми лупне некој доказ и да си каснам од газот тогаш, затоа што сигурно нема да ми се врати, уште ако го нападнам, ептен треба да е папучар џст џоукинг
begam od temava no da ve prasam za mislenje..imam 16 god ii se uste nemam i decko ni se imam "smuvano" a site moii drugarki veke smenile po dva-trojca
Живеј го животот како што сакаш, не се замарај со други. Не се сите исти. Некои сакаат да сменат повеќе, некои не...две сестри не се исти и имаат сосема различни мислења, а не пак другарки. Ете твоите другарки така сакаат и така нека прават, а ти не се замарај и терај ко што сакаш...пошто ништо не е ни чудно, ни смешно. Кога ќе сакаш, кога ќе ти се пружи прилика тогаш ќе си фатиш дечко. Не се преоптеретувај со глупости. Инаку стрикно за темата мој став е дека не би простила неверство. Ќе му дадам шанса да ми каже, да се изјасни ако сака ама нема шасни да му простам, зашто секој е свесен и секој може да се контролира. Ако изневерил еднаш, ќе изневери пак...а ако доволно ме сака тогаш нема тој самиот да си дозволи да ме изневери.
Eве ќе ви се придружам на темава, по 1 годишна врска дечкото ме изневери и ми призна, секако дека раскинавме но во овие денови не знам што е правилно дали да останам во контакт со него како двајца кои се познаваат и немаат ништо или да се оддалечам на секој можен начин..
ако останеш во контакт ке ти се појави желба да бидеш со него , и малку он ке ти каже дека се кае и ке му опростиш и ке продолжиш со него , доколку не го сакаш тоа прекини секаква комуникација ! Јас ке кажам само едно кој не простува не добива ништо , ниту сум била изневерена ниту оставена но доколку некој севистински се кае би му опростила . Луѓе сме грешиме
Може ќе му простам како човек дека згрешил, ама самата на себе не можам да си дозволам во никој случај да бидам пак со него после се. Барем сега на здрав разум додека не сум дошла во таква ситуација,така размислувам. Сепак мислам дека ќе останеме како двајца кои само се познаваат, тој сака да се забавува со други да живее таков живот ама не сака да се оддалечи и целосно да ме изгуби мене. Другарчиња
Не вреди да си ги валкате рацете со човек што нема самодоверба и карактер, што културата за него е само придавка без никакво значење.
Па досега ме немаат изневерено...поточно не сум дознала може и ме изневериле а ако дознаам за такво нешто би прекинала секаков контакт со таа личност. Не е достоен за мене и не ме почитува.
Би го задавила копилето -.- Ама како што има напишано @vitamina не сакам да си ги валкам рацете со некој кој нема самодоверба и карактер....Инаку и со таа што ме изневерил би ја задавила.Маж,дечко,било што не сакам некој да ме прави будала -.- Не се двоумеам,веднаш му раскинувам,мислам добро штом бил со друга многу ќе му биде гајле,јас не би опростила изневерување -.-
би го прашала зошто? само тоа да ми каже и готово.... крај ставам. а можда би се преправала дека не знам ( ако друг ми каже) и би го изневерила јас (може помалку ќе ме боли така)
Леле зошто мора одма копиле, давење и тн. Може и не е тој крив. Можеби треба таа другата да ја задавиш. Прво дознај што е работата, како дошло до таа ситуација, ако е тој виновен, тогаш прави му што сакаш. Ако толку си нервозна, одмазди му се на друг начин, а не со пцуење, тепање и давење. Може таа му се пуштала прва и му вршела притисок. Видела некоја корист од него, пари дека има на пример , или нешто друго и му скокнала во скут.
Досега 2 пати ме имаат изневерено.На првиот му простив и после неколку дена му раскинав за тоа што неможев да живеам со таа помисла.На вториот му го вратив истото бевме на излегување и двајцата во ист кафич дознал уште истата вечер дека сум го направила тоа најверојатно некој ме видел а и не ме интересира што како само после тоа на ФБ му пратив линк од девојката со која ме изневерил неколку пати и толку крај на приказната
Ќе си кажеме фино - лепо, едно чао - пријатно! Чисто од култура. Нема што да се комплицира и простува, ако простиш ќе те јаде и доверба после тоа многу тешко да не кажам ич.