Жена нема рамна да му биде . Има да пере , пегла , деца да гледа , ручек да прави , да чисти , плус да ме масира и да прави што и да посакам , ако едно не ми е по ќеиф ќе му го исечам со туп нож ( Господ да го види ) и у уста ќе му го набутам ! Ем нема да може веќе да изневери , ем срам по градот ќе го јаде ( бидејќи жена не му е рамна у домашните обврски )
Првин би разговарала со него зошто го направил тоа, ако гледам дека се кае би останала со него, со голема претпазливост, но ако го направил тоа бидејќи така му се присакало на душичката, има да ме запамти по најлошото што му се случило во животот.
да бидам искреена, најверојатно ќе простам ако е само телесно неверство ако бил со неа само за телесно задоволство. Но да знам дека кон таа со која што ме изневерил има подлабоки чуства ќе заминам без збор... Секако нема да толерирам ако изневерувањето се повторува.
Покажуваше знаци како да ме изневерува, па и така се однесуваше. Никогаш не дознав дали ме изневери. Кога би знаела би му раскинала со навредливи зборови директно очи во очи.
Би му раскинала. И да го направил тоа еднаш само и до крајот на животот никогаш да не го повтори, нема да му верувам. Постојано ќе ми биде се сумливо, ќе се преиспитувам, ќе почнам да љубоморам... А таква врска ич не ми треба. Кога би била во долг брак со деца- можеби би дала втора шанса иако познавајќи се себеси за ваква работа нема да можам, ама ајде ќе речам можеби би размислила. Ама сега во раните 20ти да останам со некој што ме вара и не ме почитува, а можам можеби утре да си најдам некој што би ме гледал како принцеза- ноу тенкју. Плус како што јас сум способна да се воздржам од било што со други мажи- сигурна сум дека доколку сака и тој може. Јас не сум умрена и мене ми се привлечни други мажи па не ми текнало да одам да се онаквам со нив дури сум во врска. Како јас него- така тој мене.
Јас свршувачка раскинав поради невера и се иселив од кај него. Нека цвичи меѓу перници сега сам. Ако имало доволно љубов и посветеност немало да дојди до тоа, јасно како ден. Прошка? Зошто? За да живеам во параноја после цело време? Thanks, but I'll pass.
Кога чашата ќе се скрши, не можеш да ја залепиш. Бев во долга врска, бев изневерена, тоа го открив фала Богу на мојата интуиција, потоа ми призна, прашав само зошто, изговорот беше за да заборавел на мене колку му недостасувам на оваа глупост ставив веднаш крај !
Ќе му раскинам веднаш или ќе почекам кратко колку да му спремам некоја фина одмазда која ќе ја запомни засекогаш . Ако не му е фино со мене нема што да ме изневерува, нека фаќа магла на кај сака, никој никого не држи со сила.
Нема прошка.Која е поентата тогаш на муабетите од типот сродни души,друга половина..ова она.Ја знам дека двајца што искрено се сакаат не се изневеруваат и точка.
@♡BuBaLe♡ Одмазата и огорченоста секогаш на крај, највеќе го стигнуваат повредениот. Не сакам да се мешам, нити да солам памет, но зошто бре Буби си одлучила животот на едно ѓубре да си го посветиш, наместо да продолжиш, мудро да постапиш и да дозволиш некој друг што вистински ќе те сака и ќе те почитува, да ти ја покаже убавината на животот. Тој ништо не плаќа верувам, туку ти си таа што во тебе страда повторно.
Се знае,тоа ќе биде крајот! Не дека ме боли што правел со друга,него самиот чин на понижување и непочитување кон мене. Премногу сум горделива за да продолжам врска/брак после неверство. Сигурно нема на љубовницата да и ги откорнам косите и да праам драми,нити пак да драматизирам пред него. Чисто му кажажувам кај му е местото и крај! Инако до сега се немам најдено во сутуација да бидам изневерена,нити сум изневерила,се надевам дека ќе остане така и во иднина.
Не сум била изневерена и не знам какво е чувството, ама претпоставувам дека отворено би го изневерила со некој друг што ме привлекува (ако има другар што ме привлекува, уште подобро). Отпосле би раскинала.