Да му простам сигурно не да го навредувам нема, не се спуштам на тоа ниво си знам јас што да направам во тој случај , него повеќе ќе го боли тоа, отколку мене неверството и не, не станува збор за тепање
Ако ме изневерил, нека му служи на чест. Што би направила? Ќе се правам дека не знам, ќе го поканам на романтична вечера на место каде одат многу луѓе, вино, едно друго, дрн дрн... Ќе му продавам слатки зборови за тоа како тој е сладок, внимателен, нежен... но ќе му речам дека сакам да раскинам со него. И тоа не заради што ме изневерил, туку затоа што јас не сум доволно способна да ја примам сета љубов негова, та кутриот мора по други жени да ја дава. Во мене е проблемот, не во него. И ќе станам, ќе му се наведнам со моето секси деколте, ќе го бакнам страсно и ќе си заминам... Пред излегување од ресторанот, ќе се завртам и ќе му речам дека ги спаковав неговите работи и дека наредниот ден може да дојде и да си ги земе. Фала, чао, спуштај завеса
не знам што би направила ама знам сегурно не би му простила. Ниту пак би го изневерила како што некој има напишано за инат ке го изневереле. Ниту ќе го навредувам и да му кажувам лоши работи или да го прашувам да ги барам причините за неверството. Нема шо да се замарам одлучил да ме изневери го направил тоа и тоае последиците нека си ги трпи. Колку и да го сакам веднаш можам да престанам да го сакам
...епа ќе направам да жали за тоа, нормално ќе смислам убава одмазда и ќе ја сервирам ладна, нели е подобра?...и на крај кратко и јасно ќе ми речам: ДО...НИКОГАШ
Ништо не му направив. Се насмеав само. Тој беше нервозниот пошто сум дознала , пошто и така ќе завршело се, па као зашто со лошо да се разделиме . Јас, само едноставно си заминав. Се осетив ко цел тон товар да ми се симна од грбот истиот момент кога самата си открив она што барав да откријам, бидејќи тој детаљ ми требаше де за да се ослободам од таа врска. Па, си решив еден проблем со тоа. Од тогаш не се видовме, во смисла и јас него и тој мене на исто место... јас го гледав тука-таму, но не осетив буквално ништо за него. Тој единствен пат ме виде на денот на кој требаше да правиме * години од нашата врска... и бев со жутоклунецов. Така што.. јас не му вратив со ништо, ама универзумот решил дека треба да му испорача некоја сметка, или што и да му беше филмот на оној што ги мести коцките со тој момент. Мене секако не ми значеше ништо фактот. Нему очигледно премногу. Но, јас сум каде што сакам да бидам, не знам за него. За мене тие спомени се претерано далечни иако пред една година, нешто повеќе од година се случуваа. Сепак, одамна беше мртво. Информацијата што сама си ја ископав беше само поводот да се каже фајрон.
Не знам, веројатно ќе му вратам во иста мера, а во зависност од тоа со кого ме изневерил можно е и раскинување.
ништо посебно чао и пријатно, според мене никој не е вреден за да се понижувам ниту да прљам раце. само едно чао и тоа е се крај и завршена е приказната со таа личност.
Што би направиле кога дечкото ве изневерил со другарака ви? Мојот дечко ме има изневерено со ммојата најдобра другарка...Дали да му просттам или не....:/
Што би направиле кога дечкото ве изневерил со другарака ви? како прво таа не ти е најдобра другарка штом била со твојот дечко.а како второ тој и не заслужува да ти биде дечко затоа што бил со твоја како што велиш најдобра другарка.повеќе од излишно е да ти кажам дека НЕ треба да му простиш ни него ни на твојата се надевам бивша другарка.подалеку од нив и нова страница без нив двајца.едноставно избриши ги од твојот живот.
Што би направиле кога дечкото ве изневерил со другарака ви? Боже, какво простување. Отараси се и од двајцата.Ти кажувам од искуство,многу добро...
Што би направиле кога дечкото ве изневерил со другарака ви? Да му простиш??? Зар помислуваш на такво нешто??? Веднаш да го отпишеш од твојот живот и него и твојата "другарка". Сакаш утре пак да ти набие рогови??? Кога се осмелил да те изневери со твоја толку блиска личност, па што треба утре да очекуваш од него??? Бегај од двајцата, такви изопачени особи не ти требаат во животот. ГРОЗНО
Што би направиле кога дечкото ве изневерил со другарака ви? Мене дечко ми така да ми направи ќе не сакам уште еднаш пред мене да го видам а не уште да му простам.ај те изневерил- и тоа ич не го оправдувам ама со најдобрата "другарка" тоа е нешто најподло што може дечкото и другарката да ти го направат. те советувам што подалеку од нив, да имале барем малку совест- ма ни тоа немаат, луѓе без срце. тој не те заслужува.There are plenty of fish in the sea! не се разочарувај, биди радосна што си открила какви луѓе до тебе имаш-лицемерни.
Што би направиле кога дечкото ве изневерил со другарака ви? Тие те направиле будала а ти прашуваш дали да му простиш абе какво простување избриши ги од твојот живот и тој и таа твоја "најдобра другарка"
Јас би се тргнала и од двајцата. Ниту е тој вреден да ти биде дечко, ниту е таа вистинска другарка. Абе не вистинска, никаква другарка не е таа. Подалеку и до двајцата. Не ти требаат такви личности во животот.
Со оглед на твоите години (ако е вистина), мислам дека не треба воопшто ни да го поставуваш прашањето. Па добро бре девојче, каква е таа ,,најдобра другарка,, дали воопшто го знаеш значењето на тој збор? Дечковци можеш да имаш многу(со оглед сепак ке кажам на годините), ама најдобра дугарка е онаа што е тука за тебе во радост и тага, добро и лошо, а некоја која зад грб ке ти работи. Ако навистина бараш одговор на форумов, мојот совет ти е категорично НЕ.
mene ne mi se dopagja komentarot za devojkata sto te varal on, on si e kriv sigurno taa ne go naterala da se "smuvaat"
нема тука кој е крив кој е прав, криви се и двајцата кои ја изневериле личноста која би требало да им значи нешто, на едниот девојка му била а на неа пак и била другарка. А крива е и таа што го поставува прашањето затоа што не ги проценила луѓето на кои им допуштила да и бидат во нејзина непосредна околина.Но, од грешките се учи, нели....... Бирајте ги пријателите и партнерите, и најбитно е , не го употребувајте зборот ,најдобра, другарка за некоја која не е вредна ни да се дискутира