Ако еднаш те изневерил биди сигурна дека тоа ќе го направи повторно ! Инаку веднаш би ја прекинала врската...
ЕЕЕЕјјјјј, какво простување.... немој девојче! Како еден маж да е на светот, па да се мислиш. Фрли им пепел и на другарка ти и на дечко ти.
Meне ми се случи ова да ви кажам мој бифши да замини со моја најдобра другарка . Значи ние се скаравме со дечково и по еден месец тој со другарка ми . После 4 месеци се скараа и тие и таа дојде пак кај мене . Јас и простив бидејќи во животот многу лоши работи и се имаат случено ..нема татко , куќата во пожар и изгоре пред 3 години и сл . И простив но не заборавив.Сега се е во ред меѓу нас имаме коректен однос но на моменти се прашувам дали постапив правилно што и простив ..??
Види, нејќам да ти мешам баби и жаби, ама тоа што имала лоша среќа, ако може така да кажам, не и дава на право тоа да прави, незнам... Едно е да немаш татко и да си претрпела материјална загуба пред 3 години, а друго е да крадеш ддечко на другарка.
Само ти си знаеш каков однос сте имале пред тоа со твојата другарка. Било нефер од неа тоа што го направила, но сите прават грешки. Сметам дека секој заслужува втора шанса, па и со оглед на фактот дека ти била најверна другарка. Јас би и дала втора шанса, но би и дала до знаење дека тоа навистина ми сметало и дека не смее да се повтори во никој случај. Ти твоето си го направила и според мене си реагирала како голем човек, сега времето ќе покаже.
Истото,само би додала неколку прашања..Што те натера на таков чекор,што остана што не ти пружив? Ќе се заблагодарам што ми вратил на таков начин,ќе му посакам среќа во животот да не го најде и ќе му го свртам грбот.Ќе си го продолжам животот со некој кој ќе ме цени,знаејќи дека кармата ќе го удри таму каде што ќе го здоболи најмногу. Не посакувам на никого вакво нешто,ниту мене не дај боже да ме снајде,неверството не е само момент на слабост и себедокажување,тоа е многу повеќе од предавство на се што сте граделе.
ке си продолжам со животот без него ... повеке ми е вреден животот и да гледам да излезам на вистинскиот пат одколку да му се одмаздувам него или да му се вратам и пак и пак да ја повторува истата грешка со еден збор cao amore ))))
Да бидам искрена многу ќе ме интересира која е цурата.. секако не би простила... али ако е некоја шо не ми е на ниво, ќе го жалам
Што би направиле ако дечкото ве изневери со нашата другарка? Зар уште прашуваш мислам дека ни двајцата не те заслужуваат едноставно отпиши ги
Што би направиле ако дечкото ве изневери со нашата другарка? Според мене таа не е другарка а тој не те сакал а ако еднас го направиле ке го направат и повторно со сигурност! јас имам една пријателка на нејзината најверна другарка еееј од бебиња беа заедно па и го презема дечкото без трунка совест и таа афера траела долго.Откази се и од двајцата ај од дечкото и не размислувај а другарка ти ке ја унистис со индиферентност игнор и нека ја тепа совест,не ти требаат такви лугје бе во зивотот сто ти не вредис?зар ке дозволис некој будала да прави од тебе?греота,мавни ги таму ајт и да не се гризис за нисто тебе никој нема да те осудува и да те исмејува,како бе такви лугје има хипокрити пред тебе едно зад тебе гроб... другарка сто мозе да ти направи никој друг немозе,со срека опоравувањето и нема сто да се двоумис
Што би направиле ако дечкото ве изневери со нашата другарка? Да им простиш????? Таква "другарка" и дечко сакаш во животот??? Зарем немаш ни малку гордост во себе??? Те молам,не ни помислувај на простување. Што треба утре да очекуваш од нив??? Едноставно како и да не постоеле, избриши ги...веднаш. За мене и двајцата се изопачени. Значи додека ти си и се доверувала на твојата "најдобра другарка", таа имала изопачени намери за твојот дечко. А тој пак, со неа нашол??? Знаеш какво понижење ти приредил??? Главата горе, преболи ги и избриши ги од твојот живот. Позз
Што би направиле ако дечкото ве изневери со нашата другарка? Зарем ти тоа ја нарекуваш другарка ??!.. Или пак него дечко ?!.. И покрај се се мислиш што да правиш ?! Од тебе нека им е простено, од Господ повеќе Се се врти се се враќа, а ако помислуваш она да ти остане другарка и он дечко, и покрај се, ти си таа што греши. Поздрав
Што би направиле ако дечкото ве изневери со нашата другарка? не ни треба да бараш одгоров после оваа...одма стави ги во листа на отпишаните...абе какво простување ниту оваа ти е била другарка ниту овој нормален дечко кога ти го свирнеле на тој начин...нема поголемо понижување од тоа девојко глава горе и немој случајно да се двоумиш-ИМАЈ ДОСТОИНСТВО!
Што би направиле ако дечкото ве изневери со нашата другарка? Ги бришам и двајцата од листата на Живите !!!