Што би направиле ако дечкото ве изневери со нашата другарка? Nova sum na forumov, ali bas me zainteresira temava, zatoa sto i jas go imav istiov problem pred dev god, so taa razlika sto ne mi bese drugarka tuku prva bratuceda, togas gi otpisav i jas ali eve sega pak ziveam so nea ali ne e toa toa. Moj sovet nikogas da ne i mi prostis, znam kolku bole i kolku e tesko ((
Што би направиле ако дечкото ве изневери со нашата другарка? Под најитно ,значи најнајнајитно ,неодложно да им раскинеш и на двајцата! Зарем сериозно размислуваш да им простиш? Немој ,моме ,барај си нов дечко и нова другарка! (од мое искуство ,подобро другар ,барем ќе бидеш делумно начисто дека дечко ти нема да те изневери со него ) Поздрав,мила!
сметам дека со тоа само се понижуваш себе си. Варањето на некој кој го сакаш е ниско и подло. Затоа подобро би се тргнала и би раскинала него да се понижувам
Оу да да, го дочекав и тоа. Ги фатив на дело, си се поздравив со цурата и ’’дискретно’’ (нормално и он да слушне) и реков нешто у стилот дека ако го бидувало толку и бил саглам човек немало да му ја удрам корпата, и додадов уште некој збор така од мојот фин речник.(да свати и да изгледа дека ми е бивш) Не се секавам што точно изговорив во тој момент, ама со фактот дека останав ладна и се испонашав толку фино, тој ден денес неможе да се помири. И ептен ми направи ќеиф тоа што ме прашуваше дали воопшто сум чувствувала јас нешто за него. Инаку сега ми е сопруг, а ова се случи пред некои 6-7 год, јас бев 1ва година средно мислам, тој ми беше прв дечко.
Ќе го начекам во некое ќор-сокаче, па бап вреќа на глава и ќе го направам мелено месо со безбол-палка, па ќе го уфрлам во багажникот во кола и ќе возам 120 на саат по кривини едно добри два саати, па ќе го донесам дома, ќе го рашишам со градинарски ножици и ќе му извадам два-три предни заба со вжештена клешта, ќе го врзам со лисици за кревет и ќе го камшикувам во ритам додека во позадина вриска бесен турбо фолк, дофрлувајќи му хипнотизирачки кобра погледи со закрвавени очи од бес и ќе му шепнам дека имам Томахавк ракета која ќе го следи ако пак се обиде да се дрзне да ме изневери. Страв чува врска, па и лозје, има и од сенката моја да трепери и за крај ќе му направам кајгана од тестиси со клоца, . Сега сериозно или ќе го напуштам или ќе му простам, трето нема.
Ако ми го направи тоа со моја другарка, од него ќе се тргнам начисто, секакви контакти ќе прекинам... А со неа ќе се позанимавам уште малку... Друг пат да не и текне на другарки да им прави такви гомнариии зад грб....
Ќе му манам два-три бокса, тој мене ќе ме изневерувал Се шалам, па ако ме има покрај мене ќе има потреба да ме изневери? Пак се шалам, зависи од дечкото секако и од мене и каков тип на дечко е и пак од мене како ќе се однесувам во врската. Да знаете ако се однесувате премногу љубоморно и секогаш го притискате и го задушувате може брзо да му здосадите па и да се случи да ве изневери. Ако би ме изневерил секако дека нема да му простам, довербата во него ќе ја изгубам потполно и ќе раскинам, а за понатака не знам, зависи со која ме изневерил и од ситуацијата џаст кидинг.
hm.... вака имам размислуваноо.. ии доколку ги начекам пред моии очи искрејно таа другата салам би ја истепала...доколку не знаелаа декаа има женскаа ок.. ама ако го правела тоаа знаејќи дека има другаа.. ќе ја акнам од земја... а негоо.. чао baby готово.. не знам зошто ама секогаш ја обвинувам таа другата како што кажав ако знаелаа... ааа ми се има случено да ме изневери и ништо ова што си го рамислував не се случи.. ме изневерувашее и тоаа со еднаа од друг градд знаевв цело времеее и ќутевв едноставно си премолчивв декка го сакав и не сакав да го изгубам... потоаа се смири со неговата бившаа а мене не ми раскина на никој начин... едноставно се направија во врска на фб ии ставија слики заедно.. сега пак се скараја и ми се пушта пак... ама доволно беше.. сега навистина е крај..
Ќе му вратам тродупло, па уште ако ме изневери со некоја очајна риба... ќе го бркнам најдобриот фраер шо ќе го видам
Што би направиле ако дечкото ве изневери со нашата другарка? Дечко ти да те сакал немало да те извара ни под никој разлог! А другарка ти да ти била другарка, немала да се закачи со твојот дечко! Така да, ни двајцата не ти требаат во твојот живот!
такви лицемерни створења не се потребни во мојот живот така да едноставно би се тргнала и од двајцата, без збор, нема тука еден виновен или едниот е повиновен од другиот, и двајцата се виновни вистинската другарка не би требало ниту да помисли на такво нешто а дечкото ака те сака не би требало ни да ја погледне на тој начин другарка ти така да чао пријатно животот оди понатаму
Ако е за еднаш ке простам ама втор пат не. Ќе се трудам да ме засака многу најмногу на цел свет ке му кажам оти сум му опростила, дека го сакам најмногу. И кога ептен ке се залета по мене пред сите ке дојдам со нов дечко, и тоа некој што не му е близок пријател ама го познава.
Ако сум со некој во долга врска,со кој имам премногу поминато може и да простам.Крај краева има разлика од варање до варање. Е ако извара по втор пат...Најдобрата одмазда е ignore Само му викаш чао пријатно и следен пат на улица не се познавате.
Прво би м усе одмаздила на ист начин би го испреколнала и би му раскинала па ако треба и до небо да го сакам !
Се подразбира ќотек хахахаха се зезам бе не е никој толку достоен да трошам енергија фино лепо брејк ап па нека крши сам глава зашо ја да одговарам за него