Ела ми, мило, ела ми, ела ми сега при мене. Ја ке ти хубос пофалам, и ке ти крилја помазнам! Земајќи ја предвид мојата (не)доверба во машкиот род, сегашниот однос со татко ми и просечното ниво на егоизам собран во карактерот ми, веднаш би продолжила понатаму. Од него зависи само дали психички ќе го унередам, или ќе гаиме привид на лажно пријателство понатаму.
би му раскинала и ништо друго, до пред некое време мислев дека би го осакатила ако ме изневери, но затоа што јас сега го изневерувам не би му направила ништо освен да му раскинам
Би му раскинала, и тоа онака смирено, културно, фино... За да свати дека згрешил и да ме памети за цел живот!
а не ми се јасни па девојките што знаат дека дечкото ги изневерува а неправат ништо??? а тоа бе?! на пример јас сум во таква ситуација , си имам мувач знам дека има девојка и све остало , и таа знае за мене и ме познава која сум и не знам кај и е паметот . Не ми судите мене дека се плеткам со него , тој повеке е со мене отколку со неа , имаат врска во далечина .
Што можам да направам? Сигурно нема да се однесувам ко некоја будала и физички да го напаѓам него или девојката со која ме изневерил (не е во неа проблемот). Ќе раскинам и готово. Нема да го видам повеќе во животот.
Не верувам дека ќе се случи, али никад се не зна. Што би направила? Еден сатар у глава и чао пријатно.
Само оној што го поминал тоа знае колку не е лесно да раскинеш иако предходно си викаш клоца насилство танана. Се зависи до кој степен ти значи дечкото. Првиот дечко за кој веќе и немав чувства кога ми призна дека ме изневерил само му се изнасмеав, дури не беше нормално колку не ми трепна око. После години дечко со кој бев 3 години во врска и свежо раскинати се сплтекува со некоја дроља и јас дознавам. Иако технички раскинати (ама во фаза на смирување) бевме, не можам со зборови да опишам колку болеше. И плачев и припаѓав и се трескав од земја, и пцуев и никогаш веќе неќам да те видам и сите тие причи ама не можев да си го замислам животот без него. Простив се смиривме, 3 месеци животот му го направив пекол, го малтретирав со моите хистерии и неврози, уште полошо се мачев себе си со сета таа надоверба, проверување телефони, мислење дали сега ме вара или не. И кога веќе не можев сама себе си да се поднесам, раскинав. Господ гледал па си фатив дечко, 3 месеци одевме таман колку да ми помине болката и срамот дека сум била изневерена. Кога типот ме виде рака за рака со друг се деси чудо. Направи све за да ме врати назад. И после со оладена глава повторно се смиривме и уште сме заедно. Еве 8 година. Не викам дека сум заборавила зашто не сум, зашто и сега кога ја читав темата ми доаѓаше да му се јавам да го испцујам и да скршам нешто, кога и да ми текне на тој мачен период ми се стега стомакот и одма ми се раѓа недоверба која до ден денешен не се регенерираше 100%. Сега се надевам дека сме повозрасни и сме сфатиле дека битните работи треба да се негуваат и да не се ризикува за една вечер да се изгубат години среќа. Ако пак ме изневери, тоа би било крај. Па макар и у брак.
Hit 'n run! Spoiler Тоа би ми било мотивација да земам возачка дозвола. Моите би биле тоолку горди на мене.
ах само тоа да не се случи незнам што би направила во таа ситуација но сигурно ќе му се исплукам во лице,но неверувам дека тој тоа би го направил инаку ќе има ќиллллллл
Јас ко дознав дека еден дечко ме изневерил зедов ножици и му ја исеков глата на едно мече шо ми го имаше даено Да дознам дека сегашнив дечко ме изневервит?Аххххх биче крви по плажи....
Ќе му вратам десетократно, а после ќе си продолжам со животот (без него секако) како ништо да не било..
прво би барала објаснување а кога ке го добијам ке му раскинам затоа што ниту едно објаснување и извинување не е доволно добро за да се оопрости таква грешка
Од коа ќе го преживееш првиот пат не е де ама дур го преживуваш е богами биг дил. Сите си го знаеме. Треба да ја прележи прво таа сипаница и после ви ар чилин’ До тогаш, Мистик рив’р.