Форумџика на годината

Што би направиле ако дознаете дека дечкото ве изневерил..?

Дискусија во 'Сингл' започната од Candygirl11, 20 јули 2011.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    23.934
    Пол:
    Женски
    Сега си велам дека нема ништо да направам само ќе си заминам...И ќе излезам до друг за да ми биди мене полесно :lol: Ама не знаеш како ќе реагираш тогаш, неможеш ни да си замислиш :worried: така да не знам точно што би направила :?:
     
  2. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Па прво што би направила е би му раскинала, нема да го кастрирам и такви некои работи :lol: ама би го колнела цел живот ,главичката на пријателчето негово да му отече и да му излезат еден куп меури,да неможе да моча,а додека си ги закопчува фармерките да си ги фати тестисите со патентот и да му отечат како лубеница..ааа и секое влакненце таму долу со чупалица да му го извадат..ете толку,милосрдна сум јас :)
     
  3. Daddy.girl

    Daddy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    81
    точно, и јас истото го викав, демек-ех, само ке го поздравам и ке заминам, демек не ми е гајле.. ама недај боже да дознаеш. немаш појма која нервоза ти иде во тој момент. да го убиеш малце ке ти биде! така да, секоја која нема осетено, а вика дека би останала ладнокрвна, нека не биде толку сигурна. во тие моменти можеш да си се, само ладнокрвна не! од разочарувањето!
    :*
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Ќе најдам подобар од него и ќе му вратам . Да види како е :)
     
  5. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    дознав дека ме изневерил пред околу 1 час. Тој беше со другата и не ми се јавуваше. Се јавив кај мајка му. поштено се одјавив од кај неа (кутра жена почна да плаче, не е она крива што син и е идиот). Потоа почекав да ми се јави, да заврши со неа. Му кажав дека е готово со нас, и му посакав среќа. Му кажав дека го сакам. И јас те сакам најмногу - рече. иронично се насмевнам и спуштив слушалка. Упорно звони, ме бара. Не му се јавувам. Но знам дека ке ме памети како најдобра во неговиот живот (никоја не го сакала како јас и не би му ги простила работите што ми ги правеше мене ), така он рече со плачење. ама никогаш веке нема да ме има.
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    Никако, ама никако не му попуштај ако цимоли ;)
     
  7. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ќе го камшикувам :devil: !

    [​IMG]
     
    На Tannaa13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Way to go girlfriend that's the spirit 8)
    Онтопик:зависи за каква врска се работи ако ми било сеедно и се што се случувало меѓу нас било сведено главно на забава не би мрднала со прст само би му раскинала,а ако сум го сакала,почитувала сме имале односи итн..тогаш не му кажувам дека дознав и ќе го измачувам :devil: :x и на крај ќе платам некој типаци да го претепаат :x
     
  9. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Дефинитивно најдобра одмазда е ова.. Нема потреба од вракање со изневерување со друг и слично..
    Самото тоа што знае дека го изгубил најдброто и дека нема никогаш повторно да го има ќе го јаде одвнатре!
    И секако дека е тешко за изневерениот , ама тоа е. Времето лечи се...
    Јас не знам како би реагирала.. Познавајќи се себеси ке избувнам премногу.. можеби не пред него, ама тешко на другарките мои коишто ќе морaат да ме трпат. :D
    А ништо чудно и да почнам да го тепам, обично кога сум изнервирана мавам и фрлам со сите можни предмети што ми се при рака. :)
    Сега велам дека не би се смирила бидејќи знам дека и да простам нема да заборавам и дека на секоја следна караница ќе го спомнувам изневерувањето , ама нели никогаш не вели никогаш. Не знам што се би можело да се случи.
     
  10. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски

    никако немој да му простуваш а немој ни да му одговараш на повици воопшто!!!
    Без разлика дали плаче или не,тој доколку мисли така како што кажува ВООПШТО НЕ БИ НАПРАВИЛ ТАКВО ДЕЛО!!!!
    Така што нека не те лажат неговите солзи-за такво гнасно дело и за набивање рогови зад грб следи-АУТ
    :x :x :x :fubar: :fubar: :fubar:
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Чим дотаму стигнала работата,да не сме можеле ништо да приметиме и превземеме,секој по свој пат,најпаметно.Додатни измачувања,смирувања,разговори Не! Никогаш не се враќам на старата приказна,бидејки го знам крајот однапред,како и прочитаната книга,веке по втор пат ти здосадува,ги знаеш нештата кои следат.И секогаш велам,ако се случило,имало причина,и ако еднаш било,нема зашто да не биде пак повторено.
    Од лично искуство зборам.Јас на единствениот дечко кој сум го имала,не му верував,оправдано.Во телефонот(кој не го чепкав воопшто,не сум тој тип)дознав дека има 200 пораки од разни девојки,дознав,ги избриша,недовербата и нервозата растеше.Дома му најдов девојка во рамка(се гледаше дека беше поклон,бидејки само што беше поминат 14ти фев.) негираше,другарка му ја подарила.Ми објаснуваше,неверував,но прифатив.После 5-6 дена му раскинав,најмирно.Наредните 3 години,се гледавме чат пат,јас веке бев девојка,небев малото наивно девојче со шишки и топуци,бараше да се смириме,со ветувања дека е сменет,ама џабе.Прво бидејки си ветив дека иако се гледам,средбите се разграничени другарски муабети од чуства,второ,бидејки он ми беше жив пример дека човек не се мења.Еднаш неверен и лажго,таков засекогаш,посилно е од него.
     
    На artemis му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47


    Глава горе девојко и гледај напред.Никаква љубов не го оправдува неговото дело.Ако те сакал немало ова да го направи.
    Девојки од никогаш не сум ги разбирала тие момци што изневеруваат,малтретираат,болно љубоморни се а викаат те сакам бе ..... тууууууу па каква е таа љубов?
     
  13. Daddy.girl

    Daddy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    81
    Најдобронамерен совет- НИКАКО не му попуштај сега! нека те бара. Не му плачи, не му викај дека незнае што изгубил, дека си била најдобра, бла бла.. он си го знае тоа! само биди тивка, нека пукне он, да се чуди зошто не те боли толку!!! биди цврста пред него! јас плачев, викав, тепав... и на крај попуштив- и пак по старо, истото ми се деси. ти не попуштај. ако некогаш решиш да се смириш, нека биде по некое време тоа. нека сфати дека тоа му е единствената шанса. само не попуштај денеска , утре... известувај не , баш ме интересира нивниот мозок-кикиритка! машки, леллееее, се откажав од љубов јас, дефинитивно!!! идиоти!!!!! САМО НАПРЕД ДЕВОЈКО!! :*
     
  14. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Каролина катастрофа. Ми се десило. Не попуштај, пак ке направи. И јас сум го слушнала на телефон. А бе во очи ме мафташе. Знам дека си изгубена, знам дека размислуваш како ке ти биде без него, знам дека те фаќа паника од осаменост, си викаш па другите се полоши, он бар ме сака. Јас така си викав. Те сака? Зарем се прави нешто вакво на некој што го сакаш. Не попуштај, душо. Нема да престане, ќе продолзи по старо. А ако те нема, може ќе биде со таа, ама ќе те нема тебе. Е тогаш може и ќе види и осети што загубил. А ако останеш, пак ќе тера по старо.
     
    На Srekicka и Daddy.girl им се допаѓа ова.
  15. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    Браво девојче! мило ми е дека самопочитта сепак е побитна од било кој.
    Но,си ја направила полесната работа,потешкото допрва следи и се надевам ке успееш да останеш волку силна како што си му ставила крај.
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Благодарам девојки. Многу ми значи ова. И мајка ми ми го велеше истово. Ме боли премногу, две години бевме заедно. Се делевме, се правевме заедно и одеднаш се појавува некоја девојка од друга држава и ми го урива целиот свет. Можеби не е таа крива (прва го бакнала иако знаеше дека има девојка), можеби тој и дал повод, не се лутам на неа. не ме изневери таа, тој го стори тоа.

    Сега ми пишува пораки дека се кае, дека се ке се смени, немал ништо со неа (а денес се 7 часа заедно сами + читав нивни разговори, колку многу си се ‘‘сакаат‘‘ а се познаваат само една недела), вели дека не се бакнале, воопшто не ме интересира. ми праќа другари, роднини и мои и негови за да видам како сум и да молат да се вратам. а јас не покажувам никаква емоција пред нив, не сакам да знае дека плачам, се смеев пред нив а во себе умирав. Го избришав од фејс и од се што имав. тој ке продолжи со неа (мислам). се плашам од денот кога ке ги видам заедно...
    се надевам дека и тогаш ке можам со крената глава да ги одминам и да не им придадам важност како и денес... иако боли премногу..
     
  17. Daddy.girl

    Daddy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    81
    знам дека боли, ама не попуштај! емоционалното неверство дури и повеќе боли, ама чисто сумљам дека немале ништо! а она ако не е од тука, ке замине.. он пак по тебе ќе трча. не попуштај! немој одма! немој! некогаш ке ти биде смешно може ова, ама издржи. а ако продолжи со неа- причина повеќе пред нив да се појавиш насмеана и со крената глава! него најмногу ќе го боли кога не знае што се случува во тебе, дали ти е најтешко или не! не му покажувај! ќе видиш! :*
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    знам дека боли но издржи издржи
    све е јасно и кажано да те сакаше немаше тоа да го направи можеби ќе те боли еден ден ако ги видиш заедно но зарем сега повеќе не те болеше разговорот нивни што го прочита?болеше
    понатаму барем ќе поминеш со крената глава силна и своја ќе те запамти тоа сигурно идиоти како него касно сваќаат што губат многу касно
    подршка и од мене не попуштај
     
  19. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Главата горе и труди се да не ти е ни под точка разно. Ти зборувам од искуство.
    Ке ти помине побргу одколку што мислиш, но само ако ти сама сакаш да е така.
    Јас со мојон бев скоро една деценија, ме изневери, јас дознав, па се колнеше во сите од фамилијата дека нема ништо со неа и после многу месеци конечно призна. Последниот пат кога се видовме, се направи голем ФРАЕР... дека ке ја женел, така ке било, онака ке било... еве го скоро 4 месеци е во МК, таа остана во странство, ништо од неговите фалби, само му ги собра парите и му ја удри клоцата.

    За разлика од него, јас на почетокот многу страдав додека да се соочам со фактот дека бил ѓубре што не ме залсужува. Кога помина малку шокот, сватив дека не вредел ни за една моја солза (додуша, само еднаш заплакав)
    Веќе долго време сум си супер, уживам во сингл животот, еве почнаа еден куп машки да ми делат комплименти и да ми се удвараат и сваќам дека ПОДОБАР КЕ НАЈДАМ, ПОЛОШ ОД НЕГО, ТЕШКО :rofl:

    Издржи две недели без него, после ке си велиш самата... како сум можела да бидам со него.
    Прво на списокот нека ти биде... мисли на лошите работи што си ги преживеала од негоо... биди злопамтило... тоа највеќе помага (барем мене ми помогна)
     
    На Tannaa13, agirl17 и Daddy.girl им се допаѓа ова.
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Животна желба ми е следново :
    Кога ќе дознаам дека ме изневерил нема да избувнам , најнормална ќе бидам . Вицот на крај ќе му го кажам ;) . Ќе го однесам на некое отворено место , пример парк некој .
    Ќе го соблечам гол , а тоа ќе го постигнам со некоја претходна акција со цел да размислува со главата во гаќи.
    Како мој поклон за неговото неверство ќе биде заврзан за клупата со лисици :rock:
    Парталите негови во рака и магла фаќам :D Пред тоа нормално мала фотосесија , за секој случај :rofl: