Баш ова сонував ноќеска? И знаете што направив во сонот? Повратив пред него и му реков дека ми се гади од неговото присуство. И дека никогаш повеќе не сакав да го видам, слушнам за него и слично. Претпоставувам нешто слично би било и на јаве...
Со првиот дечко ми се деси ова. Бев различна од сите негови бивши затоа што не му се давав лесно и иако не бев искусна со мувањето и слично, емоционално бев и сум мнооогу позрела од него и знам како се управува (читајте манипулира ако повеќе ви одговара ) со его и чувства, али во цела таа топло-ладна комуникација - утнав затоа што не знаев дека кога си на тенок мраз треба да се смени тактика за да си ја зачуваш врската! (било да е од отворена природа или со обврски)... И така се умеша неговата бивша со која имал некое минато, таа во дадената ситуација го искористи моето понашање на кучка и тоа што бев ептен крута и лоша со него, па така да му даде тоа што го немаше од мене и со тек на време приметив дека понашањето му заличува на моето.. Дури се свестив, он веќе почнал нешто со неа и не му оставив многу простор за моабети и игрички - во порака му напишав 2 кратки реченици, си сменив статус на фб во сингл и продолжив даље. Звучи доста просто, меѓутоа и до ден денес не е расчистено што и како точно се случи, нити имам здраво со него, едноставно го сфатив како една лекција во мојот живот што МОРАВ да ја поминам и воопшто не жалам за НИШТО од тоа што сум направила!!! Не го сакав, ми беше мил и за жал сеуште ми е затоа што ми беше прв АМА од тогаш, многу работи се сменија за година дена и сега да излезе некоја околност да ми се најде на патот, једино би поставила некоја неутрална основа за комуникација а во НИЕДЕН случај не би почнала по старо!!! Совет за сите оние кои ја читаат темава, кои биле изневерени или се сомневаат во тоа - СТАВЕТЕ СЕ ВИЕ И ВАШЕТО ЕГО И ДИГНИТЕТ НА ПРВО МЕСТО!!!! Ситуацијата ви дава 2 сценарија во зависност од тоа што осеќате спрема типот : - размислувате за целата врска, колку сте биле поврзани со него, кои се позитивни а кои негативни страни во таа врска и ЗОШТО тој се одлучил да посегне настрана! колку и да е болно и понижувачко, прељубата е постапка за која имаат удел и 2те страни колку и да звучи неверојатно. Тој не би барал нешто со друга девојка доколку тоа го има со вас, било да се работи за конфликт кој не е надминат или едноставно - монотонија во врската. Тоа НЕ значи дека требе себеси да се обвинувате меѓутоа во 1вава опција, доколку мислите дека е вредна таа врска да се спасува и реконструира , треба да се поработи на причините зошто тоа се десило. - Опција 2 - сфаќаш дека со ништо немаш допринесено за таков испад од негова страна, па фино лепо му ја удираш клоцата, прекинуваш СЕКАКОВ контакт со него и го бришеш од живите организми на планетава ИЛИ му враќаш мило за драго и последователно го правиш 1от дел од оваа опција (ако ти значел нешто и ако сакаш да си се излечиш самата од болка и револт со revenge). Во секој случај, целиот процес бара време и пред ce доволна доза на самосвесност, објективност и секако самољубие. Мене повеќе ме болеше емоционалнато неверсто отколку физичкото, али една работа со сигурност ја тврдам - излегов ПОСИЛНА и ПОМУДРА од целата ситуација и можам само да му кажам Фала затоа што ми бил доста јака лекција во животот .
знаете сто ми текна....една моја другарка на вакво прасајне ми реце ке му го исецам и ке го фрлам на куцинјата леле беееееее јас и реков внимавај да не ти се згади па да видата како е хахахах
Никогаш не би простила неверство . Ама буквално никогаш..не постои таква сила ни таква љубов што би ме натерала да си ја погазам гордоста и искрено не ги сфаќам девојките кои опростуваат неверство..секој си има право на свој избор но според мене само луѓе со слаб карактер можат да простат такво нешто и луѓе кои не се сакаат доволно самите себеси па дозволуваат друг да ги гази и да се поигрува со нив .
...Ќе направам вуду обред во кој ќе се осигурам дека неговото помагало за вршење неверство ќе стане мало, жгуљаво и онеспособено за навек. Ќе го попрскам со измет од некоја бесна крава , ќе кажам молитва за неговата потенција да замине во вечна памја и ќе спремам кореографска точка на ова: http://www.youtube.com/watch?v=iGJgyuAu6eo ... и ќе викнам да спее некој поп и да го напрска со светена вода, поштена сум си јас, нека се избави човекот од гревовите И пред да идам ќе го цмокнам ....додека му забивам некоја долга, тенка 12 цм штикла во местото од кое никад нема да излезе материјал за потенцијален наследник морон Среќна Нова година душо
можда ке бидам офф али морам да го пишам ова... сите сеа зборите овака, така ке му направам ова, она ке му кажам а уствари кога ке се најдете у таква ситуација само си наведнувате глава, се затварате у соба и рикате ко таа е реалноста многу познавам такви хероини и мачо мажјаци што се јачале а одпослем ко дунди некои само позади грб плукаат по бившите. затоа немојте за вакви однапред смислени сценарија, коа ке ви дое мувата на капата тогаш мислете му ја зашо битен е моментот, ипак за емоции се работи
Во право си ама да се јаки нели емоциите нема да дојде до неверството . Јас ќе му направам се тоа што му мислам па ќе рикам без никој да знае . Ако сум фраерка нема позади грб да зборам . Не дај боже да се најдам во таква ситуација , само ќе се молам да не потклекнам и да простам , за одмазда мање више
мислев на емоциите од извараната страна да не ти давам примери сеа мислам ке ме разбереш, затоа не брзај размисли поубаво ке видиш дека сум у право многу рекле ке го удрам по муда, ке ја прекршам итн а на крајот преминале преку неверството или раскинале па само останале со омразата и солзите дај сеа да не се повторувам
Абе Блу, гуглни си МЕТАФОРА. Сигурно дека нема да го острам големиот касапски нож додека гледам некоја серија со проткаен монолог на осамена, изневерена , скршена жена и притоа мислам како му го вадам гркланчето со истиот. Освен ироничната насмевка, едно милозвучно ФАК ЈУ најверојатно нема да слушне ништо повеќе од мене, а ни да види. Што има да правам, да мислам, да ковам завери поради некој што сј*бал се, поради неколку милилитри сперма ? Кој го врти... Тоа е јасно и едноставно и нема потреба од било каква понатамошна дискусија.
Со кои крвави,чудни сценарија ко филм коа би се здружиле Хичкок и Квентин Тарантино се сретнав на темава!
Некој ќе се сложи, некој не, ама пола па и повеќе од девојките тука не само што ќе му прозборат на дечкото потоа, туку и ќе му простат.
можеби но потоа секогаш иде до некаков пресврт а и по простувањето врската нема да биде иста како што беше секогаш ќе има сомнеж и запирки секогаш не би простила сигурна сум од проста причина што самата помисла ќе ме печи и боли одново и одново така раната никогаш нема да зарасни покрај него всушност би ми се гадело од него тоа сум јас многу чуствително суштество посебно на оваа тема
Абе јас поише ќе сфатам да прости,пошто увек има простор за компромис,отколку некои црни сценарија кои само посакуваат да се десат или ги пишуваат чисто за да биде интересно на темава. Ама како и да е,јас не знам као би реагирала,веројатно егото ќе ме заболи до срж,но гордо ќе си голтнам и ќе си продолжам,а тие осветољубиви приказни ги оставам за оние похрабрите,да не речам понесозреаните да ги реализираат. Да се допунам.Зависи од ситуацијата за опростување или не.Јас увек имам разбирање,но и добар њух,ама увек ќе се прашам себе дали јас некако сум допринела за тоа и што и како сме очекувале еден од друг.
Ќе го оставам и очите нема да сакам да му ги видам. Никогаш. Секое продолжување со заедничкиот живот понатаму би било само мачење.
Ќе му купам дилдо и ќе му речам да се е*е. А за простување? Аааа тоа малку потешко.Да ми се колне некој дека ме сака, да ми симнува ѕвезди, и после да дознаам дека отишол со друга некоја чисто од бес? Пффф...
Ќе ја разгледам убаво ситуацијата за да видам како и зошто дошло до неверството. Абре што знам, зависи од дечкото, од околностите, од ситуацијата, не е баш така едноставно - шлап, и ајде, готово, чао пријатно. Зависи од многу фактори, а грешки се случуваат, луѓе сме. Некои заслужуваат втора шанса, НО - Она што се случило еднаш, не мора да значи дека ќе се случи и вторпат. Тоа што се случило два пати, со сигурност ќе се случи и третпат.
Ама работата е во сомнежот. Никогаш повеќе јас не би имала мир доколку се случи такво нешто. Животот пекол ќе ни стане, па зашто, па како, па кај беше, што правеше и крајот неминовно ќе дојде. А за да си ги скратам тие маки, и на мене и на него, веднаш би си заминала.
^ Тоа е точно, но пак ќе кажам, зависи од човекот, од односот кој сте го имале, колку е подготвен да работи на тоа повторно да ја врати твојата доверба... простичко е, некои заслужуваат втора шанса, некои никаква шанса.