Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би направиле да можете да го вратите времето назад?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од elenastoimanova, 25 февруари 2011.

  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Па .... бидејќи не може да се врати, ќе остане само пуста желба :D

    Сите работи кои се случиле на некој начин влијаеле на мене, ме направиле или подобра или полоша личност, зависи.

    Би се запишала средно економско и наместо математика би полагала англиски за матура. Тие две работи во цел живот. Друго ништо не би менувала.
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Не би сакала да го вратам времето назад. Се‘ што се случило, се случило со причина, па не би менувала ништо.
    Можеби само би го вратила за да проживеам бар уште еднаш некои драги и убави моменти.
     
    На Martka и Serafima им се допаѓа ова.
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Би запишала медицина. Само тоа.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 5star

    5star Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    можеби, уствари сигурно, во некои ситуации не би била толку горда и тврдоглава!!!
     
  5. plavicka

    plavicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Би се запишала во друго средно школо и многу би се посветила на учењето, само поради тоа...
     
  6. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Би престанала да си наметнувам толку ограничувања. Тие се само во нашата глава. Се е остварливо. Сега, малку по малку, се учам да не размислувам толку песимистички. Сум се откажала од многу луѓе, на некој зашто сум сметала дека не му одговарам физички, на друг интелектуално, а кога ќе видам со каква завршиле... Навистина самодовербата е клуч за се. Најголема ненаучена лекција е што не знам да се ценам доволно. Не можам да се вратам назад за да ги сменам тие работи, ама врз база на тие грешки, можам да се потрудам во иднина да не ги повторувам и да поработам на тие работи кои ми пречат кај себе.
     
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Немаше да бидам толку глупава да мислам дека сите се искрени и наивни како мене.Ќе гледав малку пообјективно и пореално на работите,ќе сватев какви всушност се луѓето.Ќе ја сватев подлоста и лошотијата прикриена под една добра,навидум многу добра маска.
    Никогаш немаше да си ги кажам најинтимните работи,верувајќи и слепо на личност која не го заслужува ни моето `здраво`.

    Ама тоа е,човек учи од грешките додека е жив.
    А јас ја научив лекцијата која никогаш нема да ја заборавам.
     
  8. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Би се запишала во средно Уметничко, не Економско (знам многу се различни ама :worried: ). Би била поопуштена (како сега), би била повеќе себична, би го оттргнала срамот (многу работи имам изгубено заради ова), би била повеќе самостојна, не би дала другите да ме водат како сакаат, не би им верувала на сите, не би попуштала на некои работи кај што сум можела да истерам по свое, помалку би се грижела за глупости, би ги почитувала повеќе родителите, би се запознавала со повеќе луѓе (што заради срамот не се случило), не би кажувала некои интимни работи. Иии ова ми текнува, доста многу работи има, но не се каам, само си мислам што би било поубаво, ама помала сум била не сум мислела со своја глава, нормално е тоа. Сега се од ова поправам, иако повеќе имам поправено (освен школото |( ). :)
     
  9. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Да можам да го вратам времето, а да ги знам работите што ги знам денес
    1. Би ги вратила баба ми и Татко ми (1 година и 8 месеци)
    2. Би запишала друг факултет (5 години)
    3. Карактерот-не би била толку добра особа (23 години)
    Има и уште еден мал милион работи али ајде колку-толку не ми се важни

    И со се ова би живеела некако (впрочем како и досега) само да можам да го вратам времето 2 месеци наназд и да го направам она вистинското лично за мене и за мојот живот, а тоа е не би се вратила од Америка :( :(
     
  10. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    интересна тема ,но за жал не можи да се враќа времето,всушност кога ке размислам подобро,се се случува со причина,наше е како ке реагираме на она што се случува,секоја работа е за добро, не учи на нешто,се разбира додека учиме на грешките,не само на своите грешки да учиме и на туѓите грешки,знаете ако не ми се случеа некои работи ,уште слепо ке им верував на многу луѓе,сега тоа го нема затоа ги избирам луѓето кои се покрај мене
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Би цитирала еден дел од една песна на Тоше
    ... even if we turned the time around
    we'd make mistakes some way some how
    and end up where we are right now...

    http://www.youtube.com/watch?v=pbPw906ElhY
    Што и да променам, нешто друго ќе згрешам и ќе се најдам повторно таму каде што сум, така што не размислувам. :)
     
    На Lady-Cha му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Кога би го вратила времето и би постапила поинаку, не би била тоа што денес сум.
    Ако не правиме грешки не би ги знаеле вредностите на животот, не би имале искуство.
    Никој не се родил учен.
    Можеби за некои постапки се каам, можеби и не.
    Тоа сум јас, каква-таква, горда сум на досега постигнатото и секако, не застанувам тука.
     
    На rebellious.glory му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    би нашла начин да му се заблагодарам денес на младиот господин кој излезе многу фер и ми ги врати 1000 денари. Се запрашав дали е возможно да има уште поштени луѓе?
     
  14. slim

    slim Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Само 8 години на назад не би одела никогас на базен,ама бас никогас.И би слусала постари и поискусни
    САМО ТОЛКУ
     
  15. Xtinna12

    Xtinna12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    6
    Кога би можеле да го вратите времето...

    Многу пати сум рекла ехх да можам да го вратам времето се би било поинаку.... :( :?:
     
  16. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Кога би можеле да го вратите времето...

    Кога би можела би го вратила времето назади не би била така наивна како тогаш,немаше да направам некои работи како што ми викаа ако не тоа така нема веќе ништо,и да им верувам на сите,да си ги потрошам парите на безвредни луѓе,кои не знаат да ценат и почитуваат и покрај се што направив за нив...ах да можам да го вратам времето,ама не не може да се врати... :( :( :(
     
  17. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Ќе вежбав почесто, немаше да им верувам на тие што им верував, ќе работев потешко да се променам во попозитивна личнот и понезависна од друштво.
    Немаше да се отпишам од ракомет.
     
  18. s.a.n.y.a

    s.a.n.y.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    16
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    ништо не би променила,само би сакала да можам да го вратам, ...за да ги доживеам истите работи .. уште еднаш ...
     
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    Не би променила ништо. Ни една своја грешка не би ја поправила, зашто таа грешка ми дала поука за иднината и за она што сум сега :) .


    А она што од срце што би сакала да направам е да можев да ги посоветувам моите најблиски за да не го направат тој најголем грев. Да можев малку да им помогнам со еден совет, за денес да беа живи, здрави и покрај нас :( . Ама нажалост не се, совесно си го одзедоа она што го имаа, животот ;( ;( .
     
  20. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Што би направиле да можете да го вратете времето назад?

    немаше да бидам толку наивна, немаше да верувам на одредени личности и има една посебна личност што би го отерала во 3 лепи :D