Што би направиле за време на зомби апокалипса?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Jane Doe., 23 јануари 2023.

  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
    Ти немаш гледано зомби филмови претпоставувам?:D
    Oва ќе функционира едино ако си веќе на планина кога зомби апокалипсата започне.
     
    На Jane Doe. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iv531

    Iv531 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Ќе купам се живо и диво во Тинекс и ќе се заклучам дома :x
     
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    22.436
    Пол:
    Машки
    Во такви времиња, че гледам да ги спасам личностите што ми се драги и мислам дека можи да живееме во заедница, оти во такви тешки времиња и бегање од зомбиња, поголеми чудовишта се луѓето. Идеален момент за да излезат од нив ѕверството, а сметајте дека че има орди, групи и што уште не што ќе заробуваат луѓе, силуваат малтретираат итн.

    Значи прва работа што би ми било да се собериме повеќе луѓе, да собираме храна оружје, превозно средство и добро заштитено место каде би живееле.
     
    На Iv531 и Jane Doe. им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.086
    Допаѓања:
    9.920
    Пол:
    Женски
    Ќе ограбувам низ град за коа ќе дојдат подобри времиња. Thug life.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.535
    Допаѓања:
    28.432
    Пол:
    Женски
    Ќе гледам да награбам колку можам повеќе јадење, пиење, оружје, муниција, алати, пари и злато ( за добри дане) и ќе барам некоја добра зграда со добра врата доле шо ќе неможат да ја пробијат а и вратата од станот да ми биде од тие блендираните.

    А и цигари и алкохол заборавив да пишам.

    И ќе си свиркам одгоре низ балкон. Може и снајпериста ќе изигравам.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Врчак

    Врчак Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    И јас исто така ја имам гледано серијата The Walking Dead :):D а што би направил јас да има такво нешто овде, па би ги собрал најблиските би зеле храна и други неопходни работи и би заминале не некој остров дали Албанија Бугарија Грција каде што е најблиску и би седеле таму додека не заврши апокалипсата ]:) зошто зомбите не знаат да пливаат ( барем во серијата ) па мислам дека би биле најбезбедни на остров и само би го напуштале островот со брод повремено само да се снабдиме повторно со продукти :mm: