Ќе уживам. Ќе пеам, ќе се смеам, ќе истражувам, ќе најдам нови луѓе таму, ќе се запознаам со нив. Ќе "свирам гитара" без некој да ме прекине кога и да сакам
Mene filmot mi e planinska kuka bidejki mrazam plazi i pesok.E sega si zamisluvam kamin,casa vino i kniga.E kolku ke prociram od knigata e znak prasalnik ako mi udre vinoto vo glava.
Што би правела на пуст остров Ајјј како би се одморила... за таму сум Телевизија нема да ми недостасува... собрано во последниве 10 години ни пет дена немам седено пред ТВ Храна... ни тоа нема да ми фали. Ке шетам по островот, ке истражувам и пронаогам, не сум многу стрвна. Само нека има салати и овошје, доволно ке ми биде Облека... маици, шорцеви, шешир и папучи. Здосадено ми е од дотерувања и местење коса, иии без огледало молам Куќа... едно мало дрвено колибче со кревет, јастук, кебе и плинско за да си варам супи и кафе. Ке се бањам во морето... а од солта ке се плакнам во бистрото поточе, уживанции Иии... еден куп непрочитани книги! Плууус телефон со батерија фул полна нон-стоп и поврзан на интернет... морам да бидам информирана деее Последново... тешко на пуст остров Сума сумарум... поминало времето кога луѓето опстанувале на пуст остров. Сегашноста не учи дека тоа е само сон кој би си го дозволиле само на 2-3 дена. Толку од пустиот остров
Нема да пишувам на фемина бидејќи нема интернет,а ќе немам ни телефон. Додуше ќе немам ништо од технологија,па така да ќе си уживам.
Ќе одмарам еднаш у животов као шо треба.Ќе глумам survivor ќе мора и риба да пројадам така скроз, кокос малце, малце сунчање, малце бегање од диви животни и отровни змии, може некоја и ќе припитомам, па ќе лови за мене
Ќе уживам, без луѓе, без злоба, алчност, завидливост, примитивни мозоци, испрани умови и неписмени. Не се плашам од самотијата. Без луѓе макар и риба да ловам за да се хранам
Ќе си направам скара на плажа во песокот, ќе печам риби по цел ден, ќе уживам во ѕвезденото небо секоја ноќ, и ќе чекам некој брод да ме собере зашто дома си е дома