Ми ја погодивте мнооогу слабата точка - сончањето. Не се сомневам дека би се печела како рак, од изгрејсонце со зајдисонце Можеби повремено би ми се јавила желба да се брцнам во вода, но искрено не уживам мн мн во пливањето. Радо би си правела кули од песок.....се само за да останам на плажа хахаха
Има да си приуштам невиден психички одмор...Ќе спијам колку сакам, ќе јадам колку сакам, ќе се сончам, ќе пливам, ќе читам книгички, ќе се шетам гола (доколку сум сама таму) и нервите ќе си ги одморам, зашто веќе ми се истанчија од бескрупулозни луѓе...
Би земала тон книги со себе, па ќе си читкам да ме трае за цел живот. Би уживала во порелаксираниот начин на живеење. Би бегала од сонце. Но на почетокот...Потоа би барала начин да избегам од него, брзо ми се досадуваат работи. И многу убаво не е на арно.
Oнака како што сум сега напната, ненаспиена и нервозна..triple N. би си зела добра залиха алкохол за разни коктели и би уживала.
Ехх што не би правела б се сунчала би си играла би се бајнела јухуу полно работи ама другарче да имам бидејки многу зборувам ке полудам ако сум сама
Некој секси дечко до мене, само малку храна и мноооогу презервативи. Во вода , на дрво , на плажа .. можеби би имала време и за мало релаксирачко пливање.
Еее тоа ќе беше живот... Палми, океан, сонце... Би собрала школки, би си изградила куќа, се сама... без да ме изнервира некој, или да ме избрза... Потоа само би лежела, би се сончала, би пливала, би пеелаа !! (барем таму никој не може да ме чуе и да ме исмее) -.- Би требала да се навикнам на морски плодови, е тоа ќе беше предизвик за мене, затоашто мразам морска храна. Ама после едно време пак би се обидела да се вратам дома...
Е да бе! Комарци касаат, ракчиња штипат, секакви инсекти те напаѓаат, змии демнеат, јадење немаш, јадеш кокос и папаја вечно се додека не те спасат, едвај да научиш да уловиш риба, идеш да се бањаш - ајкули ти лаат немаш со кој муабет да си напраиш, ти преостанува вечно мастурбирање, се молиш да ти се погоди барем баскет топка да можеш да си ја викаш Вилсон. Се на се - би полудела! Нејќум пуст остров, сакам цивилизирано откачено парче од земјата, да знам, дека кога и да е можам да си отидам и да се вратам. Пустелии не обичам
Ќе си го земам дечко ми и ќе уживаме,ќе се капиме ,ќе се сончаме,ќе се галиме па тој ќе ми лови риби јас ќе ги проготвувам и така можи да си останиме таму цел живот без никој да не не замара и да ни досадува абе убајни
е сама ќе одам ма каков дечко со мене,сакам глава да одморам би си уживала,би се одморила,би шетала,може навечер малку страв би ми било ама добро,ќе се бањам, и тоа е вака што ми доаѓа на памет,коа ќе се вратам ќе ви кажам точно што сум правела
У првите неколку секунди, штом се истоварам на плажата одигрувам еден танц со гол задник во стилот на „чикен денс“. Коа ќе се уморам од вртењето, пошто ќе осетам во слабините пецкање ќе се оптегнам на песокот и ќе зјапам во некоја си точка во хоризонтот и ќе размислувам, колку само ова е тоа-тоа, ама баш она што ми требало и како побогу не ми текнало до сега. Хел је! Ќе климам со глава ко да си правам муабет со оној горе и ќе мижуркам на сонцето ќе се печам некој си пола саат, максимум два, освен ако не заспијам што мене може да ми се деси, да се надеваме нема.. пошто опасно по кожата ќе е! Си имам јас доста за размислување, така што и сама кога сум не сум баш сама-сама неколку души сме си. По сатисфакцијава и мирот што ќе ме држи во првиов час од престојот на ноу мен лендот ќе ме фркне адреналин и ќе тргнам во извидување на ситуацијата на островот... чисто да видам што таму се дешава без јас да знам. Се ќе ми изгледа, дивота живота, рај са неба и ќе свиркам и пеам.. ќе си зборам сама со себе на глас и ќе се смеам за секој бумбар, гуштер, змивче што ќе видам... ќе насоберам секакви листови и цветичи, гранчиња се што ќе можам да држам во рака, душкам и пафтам наоколу. Од коа ќе се уморам ќе ме напушти тоа чувство на пиратот во потрага по скриеното богатство и ќе се мислам од каде ли по ѓаволите дојдов до тука и ќе гледам да се врата на исто место. Ова ќе е момент на обратна еуфорија, поточно фобија од неограниченото пространство од листичи, гранчиња што ќе ми личат на раце.. најнеприметливото шушкање ќе ми е ко брефтање на некој ѕвер... па ништо чудно трчајќи да си го барам патот назад. Кога ќе стасам на плажата ќе сум во стилот, колку сум само јас нетокму, тотално откачен човек и ќе се смеам ко будала. Ќе се мислам да барам нешто за јадење да не барам.. па и не сум толку гладна можам да издржам до утре ок сум. А, не дека ќе биде прашање дал сум гладна или не, туку што ми фуфка пак да шетам околу за да најдам нешто за јадење. Вечерта ќе ми е лит’л скери и ќе трепкам.. око нема да склопам. Утрото ќе сум ќенкава и ќе му се лутам на морето, на небото, на себе што сум била толку будала да дојдам тука... ќе почнам да мислам како тоа немам шампон, пошто секој ден морам да ја мијам косата па ќе ја душкам како демек ми смрди, паста како немам.. ќе ми смета песокот, пошто в газ и уши ми се набуткал дури... ќе се избањам ај шо ќе се избањам во водичката.. и доаѓа момент кога се суши кожа, пржи што од сонце што од сол па ќе поминам саати набљудувајќи ја, како се менува. Кога ќе се изнервирам до тој степен да не ми е гајле и речам, ма што биде нека биде, ќе станам и па ќе почнам да шетам .. у потрага по богатството... т.е храна. Ако најдам ќе е ок, само ќе се мислам колку е ок да го јадам тоа, колку не е, а ќе ме боли ли стомак, а ова а она.. битно ќе соберам и ќе седам некое време гледајќи се со кокосот, бананата или што знам што дур не осетам стварно стварно глад да ми се прилошува. Тогаш ќе изедам се на брзинка. До вечерта веќе ќе пцујам се по список... ако во наредниот ден или во текот на ноќта не ме спаси некој, многу веројатно да умрам од преголема нервоза уфилмување и преувеличување.. ќе се предозирам всушност со песокот, водата, убавината... пустиот остров де.